Савана ако може да ми го кажеш значењето на мојот сон.И јас сонував заб (четворката)но вака.Како сум јадела нешто и ми се расклатил,но не ми паднал.Само ми се расклатил и јас сум држела мраз на местото не знам зошто,демек да се стесни местото,да се ублажи болката којзнае малце ме фаќа страв не знам што значи ова . Ако извадиш знам дека е кавга а ако ти падне смрт или тешка болест. Исто и јас знам дека 1 се родителите 2 се браќата ама 4 не знам кој е? Дали е роднина или пак дечко/блисок пријател..Имам дечко па ме фати страв
Јас Прво во петок вечер сонував како сме излезени со мојта најдобра другарка и одиме по улица и одеднаш се појавува дечко и со уште 2јца другари и ми викат сега ти ќе си одиш дома таа ќе биде со него неможе со тебе. И јас почнувам да се лутам и и велам на нејзе да им каже дека останува со мене, но таа тргнува со него, а јас уште во 11 треба да се вратам дома, се налутувам и се караме многу. А во сабота вечер сонував како бакнувам едно момче кои е и момче на една моја другарка. Тој така кога си седам ме бакнува, а јас му ударувам шамар но ми се допаѓа бакнежоти и се потсмевнувам. Инаку не ми е симпатично тоа момче, но забавно ми е како другар. Не гледаат и многу други мислам, но јас им велат нешто као демек случајно беше и тие и кажуваат на неа но не сум сигурна како таа изреагира.
Го сонував еден мој бивши со кој се разделивме пред многу време.Како на некоја прослава јас идам кај чичко ми и го гледам и него таму,а знам дека не се познаваат.сум седнала до него и онака општ муабет,но јас сум му рекла дека ке идам до дома и ке се вратам да ме почека дека ке продолжиме да зборуваме.Одам јас до дома и облакам други штикли високи убави и одејки по патот пешки сум идела накај кафана ли незнам што е било ги губам и двете штикли али само штиклата ја нема а сандалата си стои.И сум се мислела дали да се вратам или не,но ако се вратев си велев дека нема да имам време за да стигнам.И кога сум стигнала него го немало веке за жал...Ке знае ли некој да ми каже што е тоа???
LilMissBossy не знам баш да ти го протолкувам сонов, но штом забот не паднал туку само се расклатил најверојатно некоја мала кавга, некоја грижа и сл.
Во последно време сонувам чудни соништа.....Сонував синоќа како сум излезена во град и сретнувам двајца крадци. Ги гледам и слушам кај ќе одат. И наслушувам дека ќе одат кај нас. Брзо вадам мобилен да и кажам на мајка ми, но бидејќи ми е на допир никако не можам да го погодам бројот. Со трчање одам дома но кражбата веќе е завршена и татко ми кажува дека украле 600 илјади евра. Јас плачам се нервирам, кубам коси многу сум нервозна и одеднаш се разбудив. Што би можело тоа да значи? Некоа несреќа, или пак можеби среќа ??
Мислам дека соновите се производ од нашите многу длабоки стравови и желби. Ние не сме свесни за тие стравови и желби но се многу длабоко врежани во нашиот мозок. Исто така може еден сон да биде последица од некоја случка која ни се случила предходниот ден, недела, месец, а може и случка која ни се случила години уназад. Сонот може да биде и последица и на некоја информација која сте ја слушнале, не сте ја „регистрирале“ но мозокот ја регистрирал. Така на пр, сте „слушнале“ дека сосетка е бремена, тоа не сте го „регистрирале“, мозокот го запамтил несовесно, и потоа вечерта ќе го сонувате тоа. Следниот ден ќе ви кажат дека е бремена и вие ќе се чудите дека сте „предвиделе во сонот“ за тоа. Додека човекот спие, мозокот „одмара“ т.е. ги препроверува сите информации кои ги примил, оние непотребните ги брише (ние не сме ни свесни за тоа), а потребните ги зачувува. Човекот може да издржи долго без вода и храна, но без сон - неможе. Чудно, соновите кои ни се чини дека траат цела вечност, мислиме дека цела ноќ сме сонувале еден сон, траат најкратко - помалку од една секунда. Се вели дека човекот сонува постојано додека спие, сонува и кога ќе задреме малку. Ни се има случено да кажеме „јас ништо не сонував ноќеска...“, но не е така. Во секоја секунда, додека човекот спие - сонува. Соновите се нижат еден по друг, така ако земеме дека просечно секој сон трае по една секунда, човек кој спиел 6 часа, сонувал 21.600 различни сонови, некогаш не запамтил ниеден, некогаш еден, а некогаш повеќе. Најчесто се запомнуваат оние сонови кои се сонуваат од 4 до 6 часот наутро (затоа се вели дека тогаш човекот најцврсто спие), исто се запомнуваат и соновите кои се сонуваат од 8 до 10 часот наутро. Многу ретко (скоро никогаш) ги помниме оние сонови кои сме ги сонувале веднаш откако сме потонале во сон... Сонот е имагинарна слика во движење, која не може да се фати, слушне, види преку друг технички апарат. Сонот настанува во мозокот на секоја индивидуа, никогаш не можеме да видиме што сонувал некој друг, ниту другите не можат да го видат и почувствуваат она што сме го сонувале ние. Се смета дека во иднина, со развојот на човековите познавања, човекот ќе може да го контролира својот сон, другите луѓе ќе можат да навлезат во соновите на друг човек, да координираат и управуваат со него.... Човечкиот мозок е една од најсовршените, а воедно и најтешко сфатливите „машини“ во светот. Затоа често се вели „никој не знае што му се мота во мозокот“, зошто навистина - никој не може да знае (без да им кажеме ние) што мислиме, чувствуваме, сонуваме. п.с. расположена бев за филозофирање и пишување.
Eпа вака ако има некој што може да ми го протолкува сонот нека пиши тука....сонував дека момчето кое што го сакам иначе вели дека сака друга...сонов беше вака....бевме друштво собрани и тој одеднаш дојде до мене и почна да ме гушка и бакнува како да не може без мене,после незнам како се нејдовме кај него пред куќа,и таму стоевме прегрнати ,него му се јави чичко му и му кажа да исклучи нешто дома .....и тој тргна со трчање јас за тоа време си заминав....кога почна да ме бара да вика по мене ....јас веќе бев во соседната уличка,таму го сретнав татко ми(мајка ми и татко ми се разведени и седам со мајка ми) почнав да му викам и проколнувам за сето зло што ни го нанесол,тогаш тој почна да ме тепа и јас се онесвестив или умрев незнам точно но устата ми беше отворена ....ако може некој да ми каже било што за сонов би му била благодарна.
I jas sonuvam , i zal mi e so sekogas moite sonovi se ostvaruvaa za zal samo loso sonuvam ida znaete deka sonot e poraka koja sto mora da ja protumacite!
дали ке ми помогни некој во врска со еден сон? сонував дека сум била бремена и дека сум отишла во wc и дека кога сум излегла не сум била поќе. сум отишла во спалната соба и сум го видела бебето каде што спие...... многу личеше на дечко ми само во очињата на мене личеше.... и после тоа тој дошол и кога го виде многу се радуваше....потоа сме отишле кај него да го видат бебето и неговите ми рекле е сега нема бегање дома седи си тука со нас со се бебенцето .... и јас сум останала и се разбудив......... ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ И КАЖЕТЕ МИ ШТО МОЖИ ДА ЗНАЧИ ОВА.... МЕ КОПКА ОД ВНАТРЕ НЕ МОЖАМ ДА УЧАМ .... НИШТО..... ТАМУ МИ Е МОЗОКОТ........
јас сонував дека ми ѕвони мобилниот и кога видов СЕСИЛИЈА ми врти ми се јавила да сме се видела требало да се сретнеме со уште една членка од форумот и тоа колку беше реално
Сонував како на голема долга маса со бел чаршав седат покојниот мој парадедо и мојата покојна баба и ме канат да седнам со нив јас се двоумев но потоа седнав а на масата немаше ништо беше празна освен белиот чаршав....станав исплашена што може да е ова?
Јас па сонував како момакот што ми се свиѓа починал, а јас сум ГО ТЕШЕЛА затоа што починал и двајцата сме се убивале од плачење. Свашта...
Веќе неколку дена по ред сонувам како ме следи повозрасен човек,може да ми биде татко.И како се труди да комуницира со мене,се чувствувам многу непријатно и цело време бегам или се трудам да го избегнувам.
Девојки пред некој ден ги сонував актерките од плачот на виолината како го тражат бебето и го најдоа во рерна и беше со изгореници ...ова многу ме исплаши потоа савтив дека всушност тоа бебе што го најдоа во рерна го сонувам многу често и е малку страшно дали некоја би занела што значи ова?
Сонував како ми тече ептееен многу крв од носот..како река некоја.. и јас сум застанала над масата, а на масата бела крпа и сум почнала да си мрдам главата, а крвта што течела по крпата се правела цик цак (од мрдењето на главата) и се преливала крвта..
Го сунував Ангелчето - нашето форумџиско. Сме се шетале низ Центар и наеднаш сум се нашла дома. Сум станала сабајлето, но сум се успала за во школо. Сум чекала да помине некое време, а во исто време и сум се брзала. Сум го гледала брат ми бил со некој другар и слушале музика.
Ооо мило мое, си ми избегала, срам да ти е. А јас пак, сонував како ми се јави Вики, viki4e наша, и ми рече нешто види во весниците ме има. И што да видам јас, Вики во еден весник на насловна, сликата што и е на профил на фб. И и пишав браво по порака. И отворивме работа на багето, и тоа колку..