sonuvav ljiljaci kako sum se plasela od niv i sum idela so bivsiot pak ama sum mu se nalutila zasto dosol kaj mene vo skolo -_-
Сонував како некое дете плаче и мајката го барала и викала дека некој и го украл детето. Било вечерно време и јас сум видела една жена со скинати алишта како шета низ нашата улица и сум мислела дека таа краде деца зашто се доближила до едно дете и сум почнала да викам на неа како не и срам да краде туги деца и сум замавнала да ја удрам.Жената упорно викала дека тоа е нејзиното дете, но јас не сум ја слушала и кога потоа сум видела дека мајката која мислела дека и е украдено детето се шета со детето сум ја сфатила мојата лоша реакција и сум и се извинила на жената. Па потоа некаде сме биле од работата на излет и јас нон стоп сум доцнела и сум ги испуштала колегите сум била чекор назад.
Сонувам прво 3 мачки мртви прво беа живи па после една секунда умреа.Па после сонував како мајка ми убила зајак т.е го маваше со камења и тоа умре. друг сон. Сонував како јас,мајка ми и сестра ми сме биле во некој си замок или сл. и имало некое си животно како змија што ги убивал сите и јас и мајка ми и сестра ми сме излегле од замокот и го баравме патот до Виена да одиме и одма го најдовме и веќе бевме во Виена ама после пак сме се враќале а патот беше долг од Виена до замокот сме оделе за автобус а на почетокот на сонот кога сонував дека сме оделе од замокот до Виена патот беше 5 чекор одење.Чудно. Чудни сонови што значат?
Сонував како јас и мајка ми сме биле во селото кај што 2год по ред одиме на одмор.Мајка ми сакала да аплицира за работа, но се криела од директорката таму(затоа што нешто и згрешила, само незнам што..)што била и мајка на мојот другар.Сум отишла до кај другарот и сум сум претставила со лажно има(не бев ништо "маскирана" незнам како не позна дека сум јас, ко на сон ) и цело време сум се криела да не ме види заедно со мајка ми..
нема значење несреќа, проблем, стрес страв од самотоја, неуспех ослободи се од старите навики, тука конкретно од бившиот
сонував како една моја блиска личност ја киднапирале,па јас сум викала полиција,и кога дошла полицијата кај нас пред врата,јас излегов и доле на улицата видов една змија...што може да значи?
сонував како во мојата соба наоѓам топчиња коса,прво мислев дека е од мојата а потоа наоѓав се повеќе и испадна дека не се од мојата коса
сонував како сни биле во еден маркет со братучеда моја (која е мажена ама мн проблеми има ) сни купувале за пеење некое (за умрени нели кога му се пее на гробот) во случајов за бабами...ама бевме како заглавени во маркетот јас се плашев пари дека немаме неколку пати се загинавме потоа неможевме да излзиме долго време излез баравме само вртевме окулу а сите не чекаја за да одиме вцрква..
незнам веќе по кој пат сонувам дека имам керка ,сум одела некаде ноќно време и сум му звонела на дечко ми да дојде да ме земе но тој ме одбил не дошол по мене ,ми велел нешто како у смисол дека не е негова керка сонував во една продавница имало намаление на производи со мајка ми сме отишле сме пазарувале,пазарувале,по 2 пакета сме зеле ,зејтин,сјај и не памтам друго што,има некое значење ова
сонував како сум отишла кај дечкоми во странствоо и многу се израдувал долго време е гушкавме не се пуштивме
Се шетав низ град со еден Албанец.Значи не го познавам,но на сонот бевме пријатели. Одеднаш видов купишта Албанци и тој избега накај нив.Сите почнаа да трчаат по мене,биле заљубени сите во мене. Јас трчав,бегав и одеднаш се скрив зад еден стуб.Сите поминаа,но еден ме виде.Дојде ддо мене ме пикна во ќошот.Јас не знаев како да се спасам,бидејки сакаше да ме баци,затоа го земав пенкалото што ми беше во рака и го убодев во вратот.Тој падна на земја,но не беше мртов. Одеднаш се најдов некаде седната,на маса и јадев торта.Со убав бел шлаг.Беше мн.вкусна.
Сонував како тато го каснала змија и починал.Многу ме вознемири сонов ако би можела некоја да го протолкува многу би ми значело.
Сонував како сум украла пари од мал дрвен ковчег Ни повеќе, ни помалку 9.000 денари! Наши пари Што значи, anyone?
можеби ти требаат пари нема врска со несреќа, туку баш напротив можеби имаш малку страв од слични ситуации, друго значење нема многу го сакаш 1. несреќа, кавга 2. нема значење препрека до целта желба за многу промени и на себе и на општеството блиска личност која си многу поврзана, а змијата не е убав знак
Ова и сама не знам дали е сон, полусон да речеме. Седев во автобус и пред мене на седиштето имаше едно бебе, мислам дека беше машко, многу беше убаво, до его беше мајка му, го гушнав на раката па после тоа дојде кај мене да го држа. После испадна дека до мене седи еден другар, а кога слеговме од автобус не му плативме карта на шоферот и јас се сопнав на скалите. И кога слеговме улицата беше празна немаше ниедна кола и тоа многу ми беше чудно во сонот.
сонував како ме запросува друг маж(дечко), ми дојде пред врата дома,а не беше мојот дечко.И прифатив.Што би можело да значи тоа?