Сонував дека сум имала гости, кои јас на сонот не ги видов и ми се јавија да ги најдам филџаните во кои пиеле кафе. Ама не ги најдов.
Другарка ми ме сонувала како кола паднало врз мене и сум умрела. Она многу плачела, но подоцна одела по улица и ме видела оживеана. Какво значење има сонот за мене ? Ова го сонував пред два дена, ама не сум пишала тука. Јас и најдобрите другарки сме биле во некој хотел. Потоа се појавил генерал Монро (од Револушн серијата ) и јас сум го познавала. Нашиот однос малку заличи како со Рејчел, мајката на Чарли во филмот. Јас сум направила некоја грешка и тој реков дека сега ќе го затвори целиот хотел луѓето да не можат да излезат од никаде и сите ќе ги убие. А тој имал таква моќ и сила. Јас сум почнала да го молам да не остави нас живи. Тој се согласил. Мене и другите другарки не заклучил во неговата соба во хотелот каде што неговата војска не смеела да пристапи и така ќе сме се спаселе затоа што војниците немале право да влегуваат во собата на генералот. Потоа ме однесе до таа соба. По некоа време, луѓето почнаа да се разбегуваат, да вриштат, да дознаваат каква судбина им се крои. Дознале и дека ние ќе сме се спаселе во таа соба недостапна за војската на генерал Монро. Луѓе почнаа да ни чукаат на вратата, да ги пуштиме да влезат за да се спасат. Но, нас Монро ни кажа дека ако некој пуштиме и нас ќе не убие. Покрај вратата имаше 100 клучеви и ние со сите заклучивме. Но, луѓето ја искршија вратата и се пикнаа во собата. Потоа дојде Монро и мене и другарките не пикна во една скришна дупка, а потоа на луѓето на сите им пушти некој гас и сите умреа. Ние излеговме од дупката и јас му се залагодаривна тоа чудовиште затоа што нас не остави живи.
сонував како ми се скршил пломбиран заб (катник) ме болел многу и бил малку крвав потоа сонував како сум возела кола без дозвола,немам положено,а полицајци ме посматрале како возам и на крај сонував како сум се шетала облечена во едно црнко кратко фустанче ,сум ги провоцирала машките сум била многу згодна,а со братучетка ми сме отишле во слаткара ја јадеме слатки и сите машки се вртеле по мене да не речам едноставно како Спојлер курва сум била во сонот
Неколку дена сонувам само мориња,езера,океани... имаше една карпа во средина,окулу карпата песок и океан(како остров нешто беше) имаше сообраќајки многу.Сообраќајките ѓи правеа едни животни како мајмуни и после ѓи земаа луѓето од колата и ќе носеа некаде. Влегувам во еден маркет ама многу беше тесно,имаше многу роба на сите страни.Таа што работеше ми вика јас ќе ти помогнам што ти треба,јас и кажав леб и она ми донесе
Со мајка ми чувавме бебенце.Значи немам појма,дали беше мое или на некој друг. Но многу го сакав и го држев во раце. Како што го држев тоа ти ја стави раката кај половината,т.е ме гушна. И велам на мама мамоо види ме гушка. Потоа како што го држев тоа почна да прави смешни фацички,сум се згазила од смеење,а воедно и се чудев како толку мало може да прави такви фаци. 2.Фатив нозете ги ставив во судоперот кај што се мијат садови.Една по една,водата беше млака,накај ладна.Но не ми беа валкани не знам зошто. 3.Исто и носев легенче со таква вода.
нема значење ниеден безизлезна ситуација, краток рок 1. несреќа 2. ризик 3. поголема женственост за тебе сонот значи радост, а вториот нема некое значење поради серијата, но малку стрес се гледа
Сонував како бившиот се жени. Невестата беше екстремно дебела и го видив ликот но не ја познавам а него не го видив. Беше чудна свадбата, невестата и неговите другари играаа оро пред неговата куќа а потоа се качија по скалите и заѕвонија на ѕвончето но никој не испадна. Додека го гледав настанот одстрана јас плачев зашто тој се жени.
сонував како со кумашинот сме глеале саати и тој одбрал златен саат и си го ставил на рака и избега по скалите и јас му се дерам одозгора абе смени го саатов имаш поубави а тој ми рече не овој си го сакам инаку сеа скоро правеше свадба што значи ова ?
сонував како сум гола и наеднаш се облакам, и сум правела веридба сватовите дошле а јас уште не облечена сум била, па моите роднини ми рекле брзо облакајсе дојдоа, а јас се облеков по тренерки а тие ми рекле како така по тренерки веридба да правиш, и почнаа да ме шминкаат, да ме дотеруваат
Сонував како зборувам со дечко ми на телефон.И си правиме муабет и тој одеднаш почна да ми пее некоја стара народна мак.песна.Јас му викам што ти е бре?-овој не престанува,пее ли пее. Само не можам да се сетам на песната.
Сонував како времето беше многу лошо, врнеше, грмеше и секаше. Дома бевме јас, мама, тато, брат ми и баба ми. И јас отидов на горниот спрат, во мојата соба, со страв, за да ги земам книгите да учам. Одеднаш снема струја. Иако немаше, јас убаво гледав, и ги зедов книгите. Кога слегував по скалите, како да знаев дека ќе умрам Слегов, а во ходникот беа мајка ми и татко ми. Татко ми ми рече нешто ( за на небо, не се сеќавам што ми рече ), а јас му одговорив „Ако таму е мојата симпатија, тогаш одам и јас“ ! Татко ми направи една премногу исплашена фаца, а јас паднав на сред ходник, и умрев Спојлер П.С немам симпатија, во сонот така сум рекла
1. мајками правеше леб бел внатре ко со дупче и јас сум викала кизнај колку работа има тебе ти текнало сега леб да месиш...и се разбудив (таткоми тогаш викна паднало мраз се е замрзнато ) 2.праеја трилече дома јас јадев ама не ми беше убаво многу ми се гадеше...
Сонував дека сум била поголема и дека сегашниот симпатија ми бил дечко .. Сме учеле во ист клас.. и во сонов сме имале англиски и сме сечеле сме лепеле нешто а наставничката ја немало.. И една од моите најдобри другарки сум ја фатила на часот кај што ме оговара,измислувала лоши работи за мене.. Јас сум ја слушнала и заедно со дечко ми сме ја напраиле подолу од лајно а на оваа не и беше гаље всушност та е многу себична во вистинскиот живот, и не знам зошто уште ја нарекувам НАЈДОБРА другарка Некој нека кажи дали има значење сонов..
и незнам веќе по кој пат сонувам дека имам ќерка која многу сака да цица ,дали е ова добро или лошо незнам??
Сонував дека ми било роденден и ми направиле голема забава на некој огромен стадион каде имало илјадници луѓе, и имало некоја бина каде на видео бим ми го честитале роденденот а јас сум седела некаде во публиката со моите најдобри другарки. И после тоа сме биле во некој ноќен клуб каде што исто сум правела забава за роденденот но со поблиското друштво. Што значи?
радост лошо него го сонуваш зашто го сакаш, другото нема значење нов почеток нема значење стрес, подоцна среќа стабилна врска