Јас сонував, дека сум во некој бутик и треба да си бирам чанти... имало секакви преубави, а јас будалата сум си одбрала само една И плус сум си купила едни преубави чизми сивки на штикла
Сонував војна пукав со пиштоли, ми се закануваја, прво имав едно мало пиштолче и ми снема куршуми и барав пушка голема, беше ноќ јас бегав, сакав да си одам дома беше ладно СТРАШНО
Си ја сонував свадбата, јас облеченава еден обичен бел фустан ( навистина беше многу обичен) дури и во сонот не ми се допаѓаш, а фризурата ми ја правеше сестра ми. знам дека не е убаво да си ја сонуваш свадбата, но сонот го сонував сабота спрема недела, а и плус празник беше, а знам дека на празник соновите се неважачки
По милионити пат во сон сонувам ДЕКА ЛЕТАМ! И веќе ми е испраксирано летањето, имам целосна контрола над него , можам да забрзувам/успорувам/ правам акробации. Мераци А чудно ми е бидејќи соновите се толку реални, веќе го знам и почетниот став за летање, а кога ќе се разбудам, пробувај, пробувај, нејќе да мрдне од земја Баге ај help me please!
Сонував змии.Многу грд сон.Ги имаше насекаде огромни и страшни дури имаше една дебела и долга со нозе.Мислев дека е некое друго суштество но било змија и тоа,се чудев каква е таа змија што има и нозе и раце и оди со помош на нив,и бегав но и не,незнам,само ми беше многу страв и се разбудив.
Сабајле ја сонував баба ми коа е одамна почината.Многу се израдував ама баба ми ја бараше мајка ми да ја гушнела.Мајка ми некако ко да и беше лута ама пак отиде се поздрави. Што зми значи сонов?
Една другарка ни кажуваше дека кога сонувала лошо често соновите и се остварувале.Почнала да ги раскажува на некој дома пред да се случат и така го спречувала нивното остварување..пробај
срце паѓањето во дупка на сон не е убаво освен ако не си излегла од неа постои шанса да се лизнеш при некоја вазна зивотна одлука
Леле ја сонував мојата свадба.Како дечко ми ми понудува брак,јас прифаќам па потоа се предомислувам па натам-навам со сите подготовки.Што значи тоа?
Сонував како од ушите и од носот ми течело крв ама јас сум се смеела на тоа. А не знам зошто почна да ми тече крв, само знам дека беше ептен језиво и кога станав имав чудно чувство во носот и ушите.
Сонував дека имало големо невреме со грмотевици и дожд, имало силен ветер и ме однел под автомобил, едвај се извадив од калта.????
^^^ И јас сонував грмотевици. Сме требале негде да одиме со другаркиве, и многу дувало и светкаше. Заборавив да кажам сме чекале автобус. И знам ноќе било.И како што ги чекав,кога се појавија почна да грми, ама онака, малку. Пред да се поздравам со едната мавнало гром, ама точно пред мене. Потоа цело време грмеше, пукаше.
Јас пак синоќа се преслекував. Облекував едни цветни хеланки. И за малце ќе влезеше еден и ќе ме видеше расоблечена, ама му реков да почека
и јас сонувам,така почесто..меѓутоа проблемот е во тоа што не ги паметам.Наутро кога ке се разбудам,она додека сум сонлива,си велам,ај Кејси запамети го,ама неуспешно и после како да и го кажам на другарка ми да ми каже што значи....
Ве молам кој знае да ми одговори-татко ми е починат а нонстоп го сонувам жив и ми вели-не јас не умрев,жив сум,тоа беше некој друг...ве молам нон стоп сонувам... :'(