1. сонував како сум пливала во океан, но беа два споени демек, а јас сум пливала прво во едниот па во другиот, во едниот беше топла водата, а во другиот ладна, и после тоа имаше големи бранови и сум гледала луѓе како сурфале на брановите, а јас се сончав . 2. како сме биле со дечко ми на одмор и сме шетале покрај обалата на морето и дечко ми ми рече сакаш да имаме секс, а јас му реков па срамота е овде луѓе има многу, ама сум се согласила и сме имале ама луѓето што поминуваа демек не не' забележале дека сме се .....
Мојата мајка ме сонувала. Седела во дневната и слушнала како некој е кара и дошла кај мене во собата и не видела со дечкото како се караме и се тепаме и почнала да не разделува....што би можело да значи ова????
сонував како сум бегала со една другарка од некој што сака да не фати и да ни ги исече прстите море како бегав трчајки во сонот мислам дека сега уште нозете ме болат и после незнам како се деси па јас него го бркав за да му ги сечам прстите и после почнавме да се тепаме, ама ме разбудија знае некој дали има ова значење некакво?
стрес, страв ти недостига појака врска 1. промена од една во друга ситуација/промена на емоции 2. јака врска,страст
сонував како сум требала да одам кај бибшиот дечко , така сме се договориле, и требало да одам со автобус бидејки живее на другиот дел од градот,, по пат ме сретнал еден пријател на татко ми со кола и рекол дека ке ме однесе, добро сум се качила и сме отишле, но ке сум му рекла еве ја куќата и додека застане куќата ја снемувало и се така многу пати , само што ке ја здогледам како да изчезнувала, што може да значи ?
аман со моиве сонови сонував како и се молам на богородичка за нешто што мнг сакам и реков во сонот те молам од срце за една м,оја дамнешна желба ..... иконата беше убава и голема и околу неа слики до мене и некој друг семејството мислам и со срциња од страна се наежив кога станав
сонував дека сни биле со дечкоми бевме многу среќни ме донесе дома и си замина беше дојден со трактор хаха зошто незнам... одкако си дојдов седнав со сестрами до нас дојде бабами (која е почината) не прашуваше за дечковци и општо за животот зборувавме како се да е во ред а знаевме дека е почината си мислев дека се вратила дека сака повторно да биди со нас дека имаме многу работи недокажани...одеднаш се слушнаа гласови идеа мајками и една комшивка бабами ми рече одврзимија скутинава јас неможам ти имаш нокти и ја одврзав и така остана ни мрдаше ни преташе јас почнав да пиштам мајками сеуште си зборуваја не ми обврнуваја внимание ја тресев бабами сестрами ме прашуваше шо ми е и викав види баба пак ќе си оди не зборува шо и е ме праша кај ја гледам бабами дека таа е почината ме праша и мајками и реков тука беше до сега дали зборувавме...јас сеуште ја гледав и плачев а тие не ја гледаа..и се разбудив...
сонував како со две другарки сме иделе по улица и наеднаш почнало да врне ама силно, и сме отисле до една куќа другарката една влегла , а додека јас сум чекала надвор со другата другарка сум си нашла железни пари во џебот од мојата јакна , потоа сонував како сум јадела торта , и уште еден сон , повторно го сонував бифшиот дечко како бил кај мене дома со 2ца другари смирени сме биле и цели радосни сме збореле за нашата свадба сме се спремале .. и сакам да прашам што може да значи тоа што го сонувам веќе повеќе вечери по ред ?
Сум сонувала како сум била пред некоја црква,мислам дека оваа тука црква во мојава населба. Си стоев пред црква и гледам горе во крстот на портата.Но се држеше како на 2 синџира и замалку ќе паднеше.Јас велам аа ќе падне.Отидов поблиску и го фатив крстот.Си го земав за дома и бев задоволна што го фатив,а не падна на земја. :geek:
Сонував дека моето со семејството на симпатијата сме биле во некоја куќа на одмор. Јас не знаев дека и неговото семејство ќе иделе со нас. И така кога влегов во куќата ја видов една од собите подотворена и како некој внатре спие, а сите од моето семејство беа разбудени. Влегов во собата и видов дека тоа е симпатијата што спие. Многу се зачудив, од каде се најде тој тука. Потоа дојде мајка ми и ми објасни се, дека неговото семејство биле со нас и ми рече да пазам да не го разбудам. Јас одма си реков да напишам писмо во кое ќе му кажам колку го сакам (затоа што во реалноста тој не знае дека го сакам). Другиот сон беше, сме имале час по географија, и без некоја посебна причина професорката ми рече да станам и да го напуштам часот. Ја прашав зошто, таа истото го рече: да го напуштам часот.
Сонував дека умрел татко ми (скраја да е) Дента бев на училиште, и се смеев како ништо да не било со другарчињата, се лизгавме по удолницата пред школо и пеевме песни. Ама кога ми спомнаа дека умрел татко ми срцево ми се скрши Кога си отидов дома ја прашав мајка ми „Каде е тато?“, а таа ми рече „Ене го надвор“. Потоа татко ми влезе во соба, жив и здрав како ништо да не било И се разбудив..
Сонував дека сме биле во школо а другарка ми седела со уште неколку деца.И сега така,наеднаш почнува да се крева во воздух нешто што беше пред неа(не се сеќавам што) ,јас ја посматрам другарка од страна ми и сфаќам дека уствари она го прави тоа(телекинеза).Изнервирана,истрчувам до кај нејзе и почнувам да и се дерам,значи ти ме лажеше,ти си го правела тоа.... Потоа,се враќам дома и си велам себе си,можам и јас!И почнувам да вежбам,да вежбам и на крај успевам,способна сум за телекинеза. Значење?
...пак лош сон....осеќав страв кога се разбудив.....беше празник нешто....и слушнав на вести дека во некое село кај прилеп се одржувал панаѓур и сабајлето дошле сериски убици и извршиле масакр тука....значи беше топ тема у цела држава..... после два дена, значи преку еден ден истото се случило, пак дошле на истото место и пак убиле луѓе...луѓето се собрале зашо не верувале дека пак ќе се осмелат да дојдат али ете се случило......после два дена значи преку еден ден пак дошле али тоа утро имало само некои стари баби со тажни лица, тажанки и нив ги масакрирале сурово....е тоаш стварно се изреволтирав и со татко ми зборевме, му викав не е можно толку да е неспособна полицијата да не може да ги фати и да не постави луѓе да чуваат тука......три пати истото да се дешава..... и кажував како тие треба најcтрого да се казнат, да се малтретираат, многу бев гневна и татко ми ми велеше да се смирам......дента ме испрати, требаше да одам у друг град кај братучетка....отидов таму, ме пречека убаво како и шо прави во реалност секогаш коа ќе појдам, и пак за истото се најдовме во муабет, ја пак зборев дека државата не е безбедна и не се способни да фатат некого......и почнавме нешто за злото да збориме.....братучетка ми ми вика, ја сум добра личност неам никаков ѓавол во мене (језиво)..... мене ми падна некако чудно зашто не се рачунав себеси за нешто добра ја мислев дека имам лошотија во мене али не кажав на глас.....тогаш спроти мене се најде мајка ми, дека бевме на маса и јадевме......али и бев љута....и дома коа бевме и бев љута.....таа нормално се понашаше.....тогаш некој звона на врата и таа отиде да отвори, заедно со баба ми која е почината.....и двете се сепнаа......ја се исплашив си реков којзнае кој е, исто и братучетка ми....коа го видовме дедо ми и си рековме, ах дедо бил, ништо страшно......као што беше така висок човек така стоеше и на врата..........али се гледаа загрижено тие помеѓу себе, чудно како нешто да кријат.....тој влезе.....мајка ми се врати на маса....и реков што е работата така чудно што се гледавте......таа ми рече ништо....се правеше наудрена......
Мајка ми сонувала како тато бил кај дечко ми дома и на некој си лист им рекол на родителите на дечко ми да се потпишат и печат да стават и истото и тато и мама да го направат.
испитај го мислењето на твоите кон дечко ти стрес, нервоза или сакаш телекинеза или само слобода и повеќе можности многу го сакаш татко ти, не би можела без него 1. го сонуваш па го сакаш 2. нема значење помош со дождот е тага, железните пари и торатата се слатки зборови, бившиот или сеуште ти значи или е од минатото
Сонував дека сум се шетала и ко сум врвела покрај куќата на еден професор сум видела во неговиот двор змија што ја чувал како домашно милениче, а на вратата пишувало ПАЗИ ЗМИЈА,кога сум ја видела одма сум избегала