Што значи да сонуваш еден ист сон два пати? Не во иста вечер, туку после подолго време... Инаку во сонот ме киднапираат и ме носат во една убава малечка куќа и се однесуваат добро со мене. Што ми можело да значи?
што значи да сонуваш две другарки каде јадеш пица со нив кај себе дома и едната си ги заборава парите кај тебе?
....само за мојот нема толкување и плус синоќа сонував дека играм фудбал со братучед ми........ помал е од мене
Девојки што значи во сон да сонуваш дека јадеш? Јас јадев крофни, на јаве не ги јадам, а во сон ги јадам
Утре ми е слава на помош нека е на сите Св.Петка. Попот сабајле беше ја чатеше куќата , вртевме лепче ...попладнето заспав и сонив многу необичен сон. Има еден дечко на кој потајно се надевам , сме се виделе 5 пати ..он замина во странство ...не знаеме сеуште на што сме , понекогаш се слушаме.но пред некој ден се ми преседна и реков веќе не се надевам на Него никако ....и сонов ... Ми пиша он порака на фејсбук дека е дојден и да се најдеме. На крајот од мојата улица слушнавме музика и он ме покани за танц.Јас ко што бев истрчав и отидовме во еден кафиќ.Кафиќот беше на спрат ...седевме , се гледавме среќни двајцата ...до нас имаше еден пар , дечко и девојка. Не гледаше цело време девојката и наеднаш она стана и му ги затвори очите ! ( ми има кажувано за една девојка порано одамна што ја сакал ама имала дечко , а идел тајно со неа ) Он стана , се налути и ме фати за рака да заминеме , а јас и се фрлив на неа и почнав да ја тепам , да ја гребам.Кога излеговме од кафулето , идејќи по пат сватив дека мобилниот сум го заборавила во кафиќот.Он рече ќе ме чека во еден влез во зграда а јас да се вратам по телефонот.Така и направив ....Кога тргнав да го барам не знаев каде да го најдам во влезовите на зградите ...Застанав и му се јавив.Најпрво излезе една девојка дебелка висока во долг црвен фустан и нежно ме бакна мене и исчезна.После тоа излезе он од влезот , дотеран со тегет костум изгледаше преубаво ! Шетавме сегде ...кога ме испраќаше накај дома на сред улица имаше распослано нова гарнитура , демек комшиите купиле и неможевме да поминеме.Он ме крена во рака и се почуствував ко на високо ....дојдовме кај мене дома и он сакаше да влезе ама демек брат ми тука , па ќе дошол следен пат .. и така ми заврши сонот.Инаку дечково се очекува да дојде до крај на годинава ....Што би можело ова да значи ???
1.Ми ѕвони дечко ми на телефон.Се јавив и си правевме нешто муабет.Одеднаш почна да ми пее. Ги пееше овие стихови,,Одам по невестата дал ќе ми ја дадат.......'' и ми вели што мислиш ќе те дадат? 2.Се разбудивме од спиење со мајка ми.Таа ми вели отвори го прозорецот,а јас пак не можам ме мрзи сега да станам.Стана мајка ми и го отвори прозорецот.Кога го отвори прозорецот видов прекрасно ѕвездено небо(не можам да опишам колку убаво беше) и и велам на мајка ми лелеее какво е небово ц.елото со ѕвезди!!!!! 3.Си стоиме со мајка ми кај мене во соба и отворен беше прозорецот.На него се појави еден зајак сив беше,но многу убав и питом.Мама го галеше,се приближив и јас,а тој почна сам од мене да се гали. Потоа имав многу мали шарени мачиња во собата. И оп одеднаш се појави едно бело маченце со розевко. Го галев,многу го сакав,прекрасно беше.Е на крајот требаше повторно да го вратам на прозорецот,па од жал почнав да плачам,се утепав од плачење.Го пуштив,долу на земјата. И јас и мајка ми се утепавме плачејки.(мислам дека ако плачеш во сон нешто ќе се радуваш )
Сонував како сме се договориле со колешките да одиме на кафе, и јас дома сум се спремала сум облекла мн високи штикли односно чизма штикла и со автобус сум отишла на договореното место, тие уште не биле дојдени, и додека сум чекала сум сретнала една друга другарка (3 години не збориме ) и таа ми прозболе ми правела муабет како ништо да не било..
1. Сум била на училиште со пижами. 2. Во леб имало железни десет денарки и јас сум ги вадела од лебот и сум ги одвиткувала зашо била свиткани на четвртини значи еднаш на пола и уште еднаш. И кога сум ги одвиткувала на средината биле како ‘рѓосани. Плус од едно лепче излегол и еден инсект како бумбар нешто. И во сонот цело време ако сум купувала нешто или ако ми требале пари постојано со железни десетки сум плакала. 3. Сум закаснела на 2 часа и двапати ме запишале а причината за моето каснење било тоа што сум заборавила колку е часот. 4. Имало одмор во училиштето и една "бивша" другарка ме викнала за да и преведам англиски. И јас сум отишла и она во рацете држела заби кои биле пластични ама она ми кажала дека биле на некој и да сум прочитала јас на кој се за да му ги даде. Јас сум видела на забите никаде немало нешто напишано само имало како кариес одозгора и јас сум си заминала. 5. Една моја другарка со прстите си чепкала во устата и ми рекла дека и фалат два заба. Јас сум ја прашала "како е можно?" и он ми рекла "незнам". Потоа јас сум и рекла да оди кај таа "бившата" другарка дека кај неа има заби и да си пронајде кои се нејзините. Значење?
1. неадеквантност 2. исто 3. исто 4. несреќа за ена 5. и за тебе несреќа нема значење 1 и 2 немаат значење, 3 среќа стрес, другото нема значење
Сонував како човек кој некогаш многу го сакав прави крштевка за син му.Неговата ( во реален живот непостоечка ) сопруга играше до него а тој беше многу дотеран и весел.Син му го немаше.Бев многу разочарана и плачев. Подоцна се најдов на мрачно место и мост со навидум длабока река со камења.Испив многу лекови против болка и неколку пати пробав да скокнам но штом ќе ја допрев земјата водата се повлекуваше и стануваше плитка до глуждови.Се чувствував виновна заради некое неверство и истовремено заради тоа што го напуштив господинов спомнат погоре.Тоа сепак беа две сосема различни работи. Подоцна се најдов во болница во мое сопствено дупло машко и женско алтер его.Имав и две имиња и презимиња на кои неможам да се сетам.Родив здраво машко дете на кое многу се израдував а истовремено како да се сожалив над неговата судбина заради што татко му толку немарно се однесувал по повод таа радост.И таткото бев јас.Женската верзија од мене отиде на шалтерот да побара да го види детето и тие ја прашаа чие презиме да му го стават во изводот.Таа го почека маж и и штом тој не се јави им нареди да му го стават нејзиното моминско.Имаа расправија во која жената нејзината постапка ја оправда со навреди од типот дека мажот само седи како здрвен. Двајцата влегоа во собата и како од чудо бебето се исправи и почна гласно и морничаво да зборува со глас на возрасен човек.Мајката многу се радуваше, додека таткото седеше од страна и стрпливо го чекаше неговиот ред да си поигра со син му.Седеше на стол покрај балконска врата, стаклена.Детето весело потскокнуваше и гласно се смееше.Кога таткото тргна да го земе в прегратка ( таткото кој го доживував како машка верзија од мене, да спомнам пак исто и мајката) мајката го зема и го сокри а тоа гласно плачеше.Собата која досега беше весело обоена од сончевите зраци стана мрачна и страшна.Мажот се налути почна да крши се што му се најде на патот.Жената лицемерно и злобно се смееше на неговата вознемиреност.Тој продолжи да бара налутено.Конечно влезе во соба со француски лежај и со излез во ходник со хотелски скали.Убаво послани со црвен тепих, луксузни.Тогаш мракот се тргна тој ја зема жена си и почна да ја бакнува, да ја сака.Бакнувајќи се стигнаа до собата, и тогаш мала палава девојка се извлече од ќебето и со бебето в прегратки истрча по скалите.Двајцата се согласија дека не е битно каде е, битно е да е добро.И така девојката се откажа од бегството кога виде дека никому не му е грижа.Тогаш истата сцена се повтори , таткото седеше крај балконската врата, а мајката си играше со синот.Тогаш некој од нив, или некој од страна забележа дека синот многу личи на таткото.Тогаш на стаклото од балконската врата се појави јасна силуета на постар човек со прилично долга брада.Личеше на мажот.Вслушност како синот, мажот и човекот со брадата да беа истата личност, само во различна доба од животот. Ако знае некој толкување на овој долг пост, ќе бидам благодарна
сонував голема убав врата тешко се затвараше бев во голема соба и имаше дечиња шо јадеја торта ја пробав и јас одеднаш сакав да ја сзатворам вратата ми студеше ама неможев тешко беше и имав мартинка на ракатА АМА ја извдив и незнам шо се деси мнг збунуваќки сон а и мартинката беше зелена и црвена боја
Сонував дека другар ми купил нов телефон и ми го покажува и потоа одеднаш сите му го земаат телофонот да го видат...инаку и тој другар што го имам сонувано и тој сонувал дека си купил нов телефон....лудница...што би можело да значи? (ако воопшто има некое значење)
нема значење слатка болка под голем стрес, минатот о испливува, неконтролирани емоции, мала радост и пак пад
Сонував дека ме погодија со пиштол 3 пати во грбот Значи нема кр в ништо,само ме болеше ептен,а претходно цело време бегав од напаѓачите Што би значело ова
Јас сонував синоќа како додекаја џаклучував вратата ми де поткршил клучот( клучот изглефаше стар и зарѓан). Клучот не беше од нашата куќа туку од викендичката на село што ни е. јас се исплашив бидејќи тој беше ефинствен клуч и на никој не кажав го скрив во џеб заедно со парчето и го однесов кај еден клучар да направи идт таков , што би значел сонов?