За такви работи мислам дека луѓето одат во црква и го прашуваат попот. Мислам дека тој најубаво може да ти одговори за овој сон што мислам дека не треба да го игнорираш кога веќе подолго време го сонуваш. Сум слушнала дека на тој начин мртвите сакаат да испратат некоја порака, но сепак оди во црква и прашај.
Ако мајка ти долго време не одела на гробот кај бабати тогаш нека отиде, можеби поради тоа баба ти да ти се појавува во сон.
Пред два дена ја сонував баба ми која почина пред 9 дена. Сонував како сум била кај нејзе и сум седела на каучот во кујната, дедо ми бил до мене. Наеднаш баба ми ја отворила вратата и носела разни колачи и голема Милка од 300 гр. и насмеана ми рекла ајде сине земи што сакаш и ја сум и рекла не бабо не сакам колачи и сум ја земала Милката. Во истиот сон ( зашто јас многу сакам бокс ) и сонував еден боксер, како сум била со другарка ми во некоја просторија и тој седел таму а тој е црнец ама таму ко да не беше баш црнец туку што знам..и не му се гледаше нешто фацата, и како со раката да ја криеше малку и беше така постар како 40-50 години, а во вистински живот е што знам 41 така нешто. И јас сум сакала да се сликам со него, и сум и дала апарат на другарка ми да не слика и не сликала и ја цела среќна сум зборела со него не сум верувала дека е вистина. Па после сум сакала да се фалам како сум се сликала со бивши најпознат боксер нешто, и кога сум приметила сликата сум ја немала со него и тогаш се разбудив и до 5 минути не можев да дојдам при себе, да видам дека тоа било сон и дека воопшто не сум се сликала и немам никаква слика. Чудно. Некој да не знае што значи?
И јас ја сонував баба ми, која е почината веќе 3 години. Таа беше болна пред да почине, и се чувствав во сонот како и јас да не можев да дишам како неа. Потоа некоја моја комшика ја донела на врата, а јас и ја затворив влезната врата од куќата, бев преплашена. Се борев да се разбудам очите како 3 кила ми беа тешки Ве молам ако знае некој што значи да му затвориш врата на починат, нека пише.
сонував како сум била во некоја продавница и сум си купила чизми на танка и многу висока штикла.. убави беа.. дома пробував да одам со нив, се мачев оти немам носено толку високо.. и се откажав.. решив пак да ги вратам во продавницата.. отидов таму и ми рекоа дека не можам одма да ги вратам и така да се предомислувам.. и дека може да ми ги вратат дури по една недела ..
другарка ми ме сонувала како туркаме со маж ми количка и таа си рекла близнаци се? Ве молам да ми кажете што значи сонов Да не сум бремена ?
Јас колку имам сретнато, ова значи или бременост во реалност или успех во некој проект.Значи како и да гледаш веројатно е позитивно и можно е да ти навестува нешто.
леле многу често ја сонувам директорката кај што работам повеке пати има пишано дека ја имам сонувано и тоа секогаш сум слободна со неа како да сме најдобри колешки..а во приватниот живот сум доста повелчена дури и плашлива личност, ми е страв од авторитети... нема ја багуфче да ни протолкува или некој друг ако знае што е да сонуваш директорка
Можеби сонот ти кажува дека треба да бидеш поопуштена со неа. Неможам прецизно да го протолкувам овој сон.
Директор - исполнување на желбите. Разговор - доколку разговараш во сон - омилена си во својата околина; ако не се сеќаваш што си разговарала - те чекаат лоши времиња.
^ Братучед - некој те лаже, не верувај на ветувањата, почеток на тајна врска. Караница - кавга со лице од спротивниот пол: ќе се заљубиш; кавга со пријател или роднина: болка. Според овие информации, можам да направам спој од две можни значења на сонов: 1. Некој нешто лажно ти ветува и ако не го откриеш кој е и што те лаже, можно е да ти предизвика болка. 2. Ќе се заљубиш, но нема да бидеш сигурна во својот избор или пак ќе се плашиш никој да не дознае за тоа. Така, тоа ќе доведе до почеток на тајна врска. Доколку пак ги споиме овие две тумачења, би испаднало: дека ќе се заљубиш во некој кој нешто лажно ти ветува. Сепак ќе се „ставите“ во тајна врска, но тоа на крај ќе заврши со болка. Се надевам помогнав.
Ај јас да раскажам еден многу грд сон од вчера Сонував една другарка и една комшика како ми доаѓаат пред врата, и нешто ми зборуваат... како да осеќам дека се многу злобни(како вештерки некои), како ми зборуваат нешто осеќам како да се смалувам, згрчувам... меѓу нив се спровнува едно бело малечко маченце и ми се качува во раце, почна да ми зборува јас дојдов тебе да те заштитам, и ми дојде подобро Која креативност сум ја имала бе?
Мајка ми сонувала како и вадат 2-3 заба и тоа 5,6,7 катници како ли ги викаат,знам дека биле крајните заби.Не ја болело во сон,а знам дека тие и се расипани заби и често ја болат.Ај ве молам некој да ми го протлкува сонот,отприлика знам дека не е добро ама ме интересира точното значење.
Јуле, јас како што знам вадење заби на сон не е добро... Демек означувало смрт ... НО, така имам слушнато !
Синоќа сонував како сестра ми пече црн леб, ама никако да го испече, се некако жив останувал. На крај сме го раскршиле и сме јаделе тоа што било печено, а тоа другото сме го фрлиле??