ве замолувам некој нека ми објасни што значи ова сонував дека мојот бивш дечко паѓа во црна дупка и се држи за јаже а покрај дупката стојат неговите пријатели и јас но никој не му помогнавме и потоа ќе одев во манастир но затоа што не ме бендиса превозот ги соблеков патиките и трчав пешки кон манастирот но не го пронајдов затоа што го погрешив патот и на крајот завршив во некоја куќа што претпоставувам излезе дека е наша куќа каде што живееме со семејството но излезе дека мајками имала во куќата прибрано арамија и кога го открив му реков само што мислиш дека ќе рече таткоми за ова а тој ме молеше да не викам и се разбудив...
сонував денес попладне како сум на погреб ама не на гробишта туку во куќа и незнам кој бил мртовецот ама сум носела црвен фустан и потпетици и чат пат сум си го подигала деколтето бидејќи ми било длабоко и уште една девојка била исто во кратко облечена и сум се погледнала и фустанот ми бил намокрен на градите
сонував дека сум била во викендицата кај дечко ми се разбира со него, по некое време сум излегла да прошетам наоколу сама. И на врајќање до кај викендицата ме бркало некое дете кое кожело да се претвори во огромно куче сакало да ме каснит и не сум можела да сигнам до таму. Од некаде се појавил дечко ми и го фатил ''кучево'' и така некако сум влегла, ама дечко ми не се вратил.
Сонував еден неразбирлив сон али памтам како да сум била со некоја другарка во маркет ама маркетов не би како новиве маркети туку стар...како да имало вратнички наместо полици како робава да сторела во висачи ... и наеднаш јас сум влегла во долниот висаш оти цело био со висачи и таму имало 3 јајца и сум ги зела како тука да имало и кокошки сум рекла уште се топли јајцава.... што можи да значи ???...маку и неразбирливо го опишав сонов но стварно беше неразбирлив само со овие зборови можам да го опишам..
сабајле ја сонував другарка ми која е почината и во сонот била жива,сме разговарале и одвај сме чекале да им кажеме на луѓето дека не е мртва,повеќе пати ми се има случено да го сонувам сонов со другарка ми само на различни места сме и тоа секогаш кога е празник ја сонувам
И мене ми се има случено да сонувам нешто слично. Всушност во сонот една моја другарка од основно училиште беше таа што “беше мртва“, но всушност таа паднала во некоја длабока дупка и не можеле да ја најдат па затоа полицијата ја прогласила за мртва. А јас се осеќав виновна (во сонот, да не нагласувам по 1537857 пати) затоа шо сум мислила дека јас на некој начин не сум ја затворила дупката. Стварно многу се исплашив, па и уште кога видов утредента дека не е дојдена нашколо.. Некои луѓе велат дека кога сонуваш дека некој починал тоа всушност значело дека му се продолжува векот( дека подолго ке живее). Навистина не знам.
1.синоќа пак ја сонував,сум отишла во нејзината куќа и сум и однесла виолетов креон а виолетовата беше нејзина омилена боја и многу се израдувала 2.сум била во некој ходник и таму бил и бившиот и му стигнла порака од некоја Ленче и овој и пишал на пораката да му пише во која фирма работи 3.сум била во диско со другарки и некако сум и била лута на една другарка што и во реалноста е така и нешто како одејќи по нив сум се лизнала од нешто на подот некоја пијачка истурена и паднав на газ ама никој не ме виде бидејќи зад едно сепаре паднав
сонував: 1. како со мајка ми и татко ми сме броеле пари (банкноти) 2. Во еден парк со мои познанички сме биле како платени војници и сме чекале некој да дојде.. 3. Во еден трговски центар влегувам во дукан за облека. и сакам да си купам една дебела плетена блуза мн ефтина 100 ден, но продавачката ме предомислува велејќи декса не ми стои убаво и не ја купив а мн сакав инаку продавачката е мајка на моја другарака?
1. парите се зборови, значи разговор 2. ќе работиш за нечија корист 3. нема значење за сонот со другарката, ќе речам дека ја сонуваш затоа што ти недостига, но ова со празникот ме буни...совет оди во црква и запали и свеќа 2. нема значење 3. мешавина од реалноста со желба да не се случи пад
пак јас сонував како татко ми и брат ми ми кажувале дека надвор има 2 мачиња што тие ги повредиле и да не ги пуштаме и јас ја отворив вратата и гледам сакаат да влезат ама не им дозволив и пак излегоа од некаде и едното почна да ме каса а јас сум го милувала за да го смирам и ова одело кај другото маче што веќе било мртво,се враќало и пак ме касало а јас упорно сум го милувала и на крај попушти и само го милував не ме касаше повеќе инаку мачката беше шарена
Сонував како била оперирана на очите сум имала завој но сепак сум гледала по малку и како сум имала брат (а немам иначе, тој што го сонував ми беше школски од средно) и како сакал да ми наштети да ми го извади завојот и сл и цело време сум бегала не сум можела да се спасам од него. После друг сон како за 1ви мај требало да одам со бифшиот дечко и сме се собрале кај негов другар многу луѓе и што сум ги знаела и што не сум ги знаела, и имало некое бебе внуче на другарот, и јас сум ја прашала мајка му да го подржам и ми го дала и после сме се качила на другиот спрат со таа жената и други луге, демек немало со што да одиме .., после сме отишле на некоја ливада, и бифшиот многу се налутил на мене, ми рекол дека без прашање сум го зела бебето, почнал да ми вика да се дере ептен многу јас сум почнала да плачам и после се разбудив ...
сонував како сум видела на нет на детална сметка на вип како дечко ми пишал на една девојка за која се сомневав дека ме има изневерено со неа.. почнав да викам,да се дерам како можел да ми го направи тоа а ми вика дека само јас сум во неговиот живот.. сме раскинале и сум плачела многу.. се разбудив и срцето ми чукаше мн силно, мн ме вознемири сонот.можеби дека со дечко ми не сме заедно,јас сум во странство, и си умислувам свашта
Cонив како сум била во домот на бившиот со мајка ми и сум влегла во неговата соба но тој не бил таму и темно било.Cеднавме и не почести госпоѓата со сок и торта,и зеде да објаснува на мајка ми дека таа не била крива што не се зедовме,а во реалноста она беше крива.Oдма после тоа и се јави некој и кажа дека јас сум и на гости иронично.Што може да значи ова
1. сонував како сум на плажа гола сум изгорела од сонцето и сум била многу црвена и од сонцето имав приштови на вратот. 2. сонував како со цело друшто сме требале на одиме на планинарење но многу грмело и врнело и јас сум се сокрила под една стреа ама многу силно згрме и реков леле некаде удри гром.
Што значи да пиеш розево вино и да ти е вкусно? Да леташ со авион па да слета? И дечко ми бил во него ама не сум можела да отидам до него, бидејќи авионот бил полетан.
а што значи да сонуваш човек на 50-60 години каде држи песна(стихотворба) која ја напишал дечко ми?И да ја држи пред мене песнава овој стариот,а јас целата исплашена и во прашалници што се случува?