не проблеми, но поддршка и разбирањето од директорката во реалноста сакаш да ти се исполни желба радост не кавга нема значење не можеш без нив, под стрес си тоа е нејзиното право лице стабилен брак
Сонував како раката многу ме боли плачев и викав по татко ми да ми помогне и тој ми рече мора да ја исечеме и ми ја исече, а воопшо крв не ми течеше и плачев зашто ми ја нема раката и ми ја стави пак и наеднаш имав некаков чуден осип на раката цела ми беше црвена и на едно место многу ми се гледаа вените модри беа... во сонот не само што ме болеше, туку и се чуствував беспомошно, исплашено.. Многу чуден сон се трудам да го сфатам веќе 2 дена ама не ми успева
sonuvam kako kej edna komsika vo dvorot nejzinata majka zastanala i cel dvor go napunila so eden kup zelka zelka mnogu znaci ,a od druga strana pak jatrva mi kako edno bebe drzi vo race bebeto obleceno vo belo i posle svekrva ta na komsikata zima edna zelka ja frla kon jatrva mi i pak jatrva mi i ja vraka ....................................... molam odgovorrrrrrrrrr ..................
каков сон цел нок траеше сонував како сум се сретнала со него седевме на маса со негов другар мене место не ме фаќаше и зборував на тел и станав и викам сеа да одам до онаму коа ке се вратам нема да биде тука и малце направив чекор се вртам нема никој со трчање се вратив назад и викам по него ете знаев нема да биде тука другар му се смее вика тука е отиде да земе нешто и слушам некоја мелодија сврикање у позадина и ете го и го гушкав многу и му реков немој да си мрднал од мене се плашам коа те нема и незнам што ми рече и чувствував некој страв со сонот ама коа го гушкав се осеќав сигурно после како кај една нова куќа голема една мајка ми подари капут црвен и мнг ми се свиѓаше знам ама во раката имав и црвен конец фала драга највеќе и знам те удавив со моиве сонови научна фантастика шо ми се
Сонував дека е зима,јануари месец,но нема воопшто снег надвор,приквечер е,време на земски распуст на децата,прозорецот од дневната соба е отворен за да се ветри од чадот од печката,сијалицата сеуште не е запалена,а на татко ми на неговиот мобилен му се јавува една професорка Турчинка од основно училиште кадешто учат малцинства во Куманово и му вели на татко ми дали ќе можам да дојдам на работа,а тој и вели дека не може,кога таа го прашува зошто.тој и одговара затоа што сега ќе спиел и ќе сум му недостасувала,едно спиење не делело само кога јас сум спиела ноќе во мојата соба,а таа му вели да ме чуе таа мене и тој ми го дава неговиот телефон и таа ми објаснува дека градоначалникот барал јас да одам да им ставам на децата Ромчиња и Турчиња двојки бидејќи тие заглавиле со македонски јазик предметот којшто не им бил мајчин јазик!Јас,инаку,немам завршено за професор по македонски јазик,туку за лектор и немам право воопшто ниту да предавам,ниту да испрашувам македонски јазик,само француски можам,досега не сум била вработена и татко ми и во реалноста ми е многу непријатен и посесивен и љубоморен кон мене!Дали мојот сон има некое значење?
Сонував дека ме силувале, непознати. На почетокот на сонот бев сигурна дека тоа се случило, но подоцна како сум зборела со другарки или некои луѓе на кои сум им верувала (незнам кои беа точно но луѓе од доверба беа) се помалку сум била сигурна за тоа дали се случило или не, и сум се присетувала како ме нападнале - сум одела по улица и некој ме удрил силно (ми биле позади грб зошто сонував дека биле повеќе). Од ударот сум се онесвестила. И кога сум се освестила сум била само испаничена со претпоставки дека ме силувале. Не сум била баш добро.
Овој пат сонував како сум се испокарала со најдобрите другарки. Многу работи им изнакажав незнам точно што но некое олеснување почувствував. И може ли некој да ми каже зошто сонувам буквално секоја вечер? Соновите не се страшни и најчесто се од секојдневието..
неодамна сонував еден сон и во него ми кажаја дека имам рак незнам на сшо беше ама и ми кажаја дата демек до тогаш ке умрам ...јас ништо се си функционирам нормално....после ден два ми кажува дека мојот тест и тестот од мажот ми се помешани односно дека јас сум здравата а тој болен и него деноите му се изброени....неможам да се помирам со ова зошто тој зошто не јас помислата дека би го изгубила би била многу тешка за мене...неколку дена не функционирав како што треба од самиот сон ве молам ако има некакво значенје сонов кажете ми
сонував како сме биле нешто на одмор со една другарка и детето на една друга беше со нас како демек нејзино да било и нешто јадевме бидејќи ни било последен ден,потоа нешто како пред мене застанале едни што правеа свадба неодамна и младоженецот беше со невестински фустан облечен ама црни и бели шари бил фустанот
Не знам на кого,на некого кажував дека сакам да одам да го посетам гробот на Исус Христос,но мама не ми давала да одам таму.
Сонував како сум била на 2 слави, ама сум била со еден дечко што кога го видов знаев дека не е мојот дечко и се чудев како тој ми е дечко, а знам дека имам друг.. после друг се појави како мој дечко, а и за тој истото го знаев дека не ми е сигурно дечко и пак се појави и трет таков и тој бев сигурна дека не ми е дечко и цело време во целиот сон си го барав мојот дечко што го имам и не можев да го најдам, само тие тројца ми се појавуваа како мои дечковци и цело време ги избегавав и се нервирав зошто мојот дечко го нема и како може тие да ми се...
1.Сонував како бев како во некој подрум,како некоја гаража беше со татко ми.Имаше и некој човек со нас и ни покажуваше некои бакарни жици.Увиткани беа едни во други,што ти ја знам. 2.Бев во еден многу чуден тоалет.Влегувам беше многу голем,имаше празен базент,а од страна мочки. Прво се чудев како ама брзо завршив работа. 3.Сум го сонувала професорот како врти кругови со велосипед и предава лекција. -Не знам зошто но во последно време сите на велосипед ги сонувам,во секој сон мора некој на велосипед да е..Видов во соновникот на femina пишува дека ЌЕ ЈА ПОСТИГНЕТЕ ЦЕЛТА ПОБРЗО ОД ШТО ОЧЕКУВАТЕ.
Сонував како сум одела по снег многу снег имало и уште веело, после друг сон како сум била на излет со моите на некоја ливада и сме биле со кола а јас со точак и ми го украле точакот, и после сонував како кај нас дома , ама не биила нашата куќа сме имале гости ама све биле постари баби и дедовци