Сум сонувала како да требало да одам на свадба кај едни пријатели (кои во реалноста се веќе во брак) ама сум закаснала и дечко ми ми рекол оди спремај се подоцна ке те земам јас морам да одам оти бил нешто од законитите ... и кога сум се спремила дошол да ме земи со него кај мене дошле мајка му и татко му. и сми заминале а тие останале. и пред салата кога сми пошле сум му рекла чекај да си ги сменам новите црвени штикли и ми рекол не убаво ти стојат облечиси ги старите и така сум направила. Кога сне влегле сум ја видела бившата негова и таа на свадба ...али музика немало и ми рекле заврши свадбата али младите ке одиме на друга забава. Потоа сни го гледале цд то од свадбата и немало ништо освен неколку секунди од свадбата баш јас кога сум дошла ....
мојот сон од синоќа со другарка сме во Скопје и вика каде ќе одиме заНова година,немам идеја ниту пари,таа вика ајде ќе одиме за Тирана за нова година,ама со што ќе одиме гледаме една бела кола постар човек и таа вика со него ќе идеме стигнуваме таму го прашувам кој си ти а тој вика Цветко професор тој и тој ми предаваше два предмета на постдиполмски студии те познавам уште од 2000 година, се шетаме по Тирана така згради осветлени и накитени како за Нова година ,си купувам новогодишни честитки ама ги заборавам некаде и пак ги најдов,застануваме некаде доаѓаат двајца во бело и викаат зарем е можно пред тебе ништо да не гледаш и не можеш да го препознаеш секаде околу тебе и пред тебе е божествена светлост како може тоа да не го препознаеш. поздрав валејуниор
нема значење помала самодоверба те нервира тој 1. драга ти е, не можеш без неа 2. страв од промени не несигурност несреќа, предизвик неочекуван пресврт нема значење, освен дека не се сложувате можеби
...а што значи циганче дете да те бакне во врат??? не баш на врат туку делот меѓу вратот и рамото,,,,
Јас сонував дека одам до некој шалтер и на жената таму што работеше и подавам некоја крвпа или некое парше облека(незнам точно сто беше)за да ми ја испере и покасно да дојдам да си ја земам,во мегувреме ми вади шолја за кафе и почнува да ми гледа на кафе од нејзината шолја ми кажа дека имам мн светци кои ме штителе,дека треба да размислам за 40 дена дали да се смирам со бившиот(сега брзо имам раскинато) и дека подобро ке ми било да се смирам со него затоа што за брзо време ке сум имала некоја голема кавка со некоја од моите другарки....има некакво значење сонов????))))
Сонував како седиме во собата кај бабами и дедоми, јас бабами, дедоми, сестрами, бевме прилично среќни насмеани да речам. Во еден момент влезе таткоми кој беше на патерици и му беше пресечена десната нога до колено. Јас кога го видов почнав да викам т.е почнав да плачам ама не испуштав глас многу ми беше тешко...а таткоми рече тоа е се случи..онака ладно за да не не загрижи. што би можело да значи ова?
Сонував прво како сум шиела фустан за некоја свадба и сум отишла кај снајдерката да си го земам и многу ми се свиѓал во виолетова боја бил, потоа сонував како сум била во сендвичара и сум купила тостови за мене и за сестра ми, и на крај сонував како бифшиот дечко бил кај мене дома, но како мајстор значи службено, во сонот сме биле смирени и јас сум се мислела дали да им кажам на моите за него ?
Сонував како една машка личност ( со која што се гледам некое време ) била албанец, и сакаше нешто да ме нападне, јас многу се исплашив зошто не го очекував тоа и почнав да врескам многу силно за да ми помогне некој, и од звуците што врескав јас многу тој падна некако..знам во моментот бев со брат ми но не сум сигурна на една раскрсница како во Скопје да беше. гледав и коли и семафори и неколку личности по улица но се уште никој не се сврте за да ми помогне ..односно на моменти тука беа лиѓето на моменти чекав да дојде некој немаше никој... Кога го сонував тоа многу тешко сум дишела и брат ми ме разбуди и му кажав дека сум викала сум сонувала нешто па затоа.
Сонував како дечко ми идел истовремено и со мене и со уште едно девојче. И му се дерев како може со двете и дека мора да и раскине на неа, но ми кажа дека нема шанси да и раскине ни на неа ни на мене.. А после тоа не знам како се префрли дека сум требала да му купам поклон и сум му купила 4 моливи. хахахаха глупости се соновиве, ама ме интересира дали има некое значење?
Сонував како лежев ноќно време во мојата соба на мојот кревети од вратата на терасата се гледаше сенка на орангутан и имаше еден непознат малју постар човек којшто ја отвори вратата од терасата и орангутанот со трчечки чекор дотрча до мојот кревет,а јас многу се исплашив и врескав и го тепав орангутанот со рацете! Претходната вечер се карав со татко ми поради предменструалните тегоби и поради анксиозноста,па изгубив нерви! Дали овој мој кошмар има некое значење?
Што значи да сонуваш како дечко ми ме побарал за жена но без прстен? Сум прифатила, но сум рекла ова не е официјално и на никого нема да кажеме се додека не ми дадеш прстен, но сепак сум и кажала на мајка ми ?
напредок стрес кавга добрина не му веруваш поголема самодоверба и женственост го сакаш многу тоа што ти е кажано во сонот е значењето недоверливост,изигрување
сонував како друга особа не јас во рацете држеше риба , рибата скокаше пошто нели жива и се лизга и добре до мене и јас ја фатив и пак ја вратив кај него во раце после тоа јас се смеев во сонот ама во себе бев тажна значи не се радував туку само имав насмевка на лицето а осекав тежина некоја и на крајот се појави една мачка до рибата не беше страшна само седеше и посматраше сакаше да се гали и ја погалив ама ја снема после мачката беше мнг кратко во сонот рибата беше главна уствари тенјку
Сонував како со дедо ми сме биле по град и сме застанале кај една бурекџилница да ми купи да јадам бурек , кога сме влегле внатре нго го снемало и јас таму сама сум чекала и сум гледала како го прават бурекот, потоа сонував како сме биле на одмор незнам со кого не памтам само братучедми бил со мене и сме се бањале во морето и сме играле со топка , но морето било немирно имало брановии?
Јас обично не сонувам многу, за тоа се имам изјаснето, но последниов месец постојано сонувам неповрзани соништа на кои не се ни сеќавам, но толку се длабоки и нелогични, неразбирливи што и кога ќе се разбудам знам дека цела ноќ сонував но на ништо не можам да се сетам. Се сеќавам само дека пред некој ден се разбудив од еден сон во кој видов голем ама страшно голем, како да беше вонземски црн пајак дури телото му беше како црн дебел оклоп. Пајакот беше на врата, зафаќаше половина врата и јас не бев сигурна што е па се приближив да видам и толку многу се исплашив од него (дури и сега можам да го доловам моментот, стравот и изгледот), па дури и кога падна долу јас од страв почнав да мавтам со ногата и осетив нешто под стапалото и иако не го гледав пајакот знаев дека има шанси да е тој, во тој момент се разбудив и можно е и да сум го почувствувала ќебето под стопалото. Да не ме киднапираат вонземјани мене во сон? Нешто чудно се случува. А вчера пред да се разбудам приметив како нешто зборував во сон, прошепотив нешто како-уште не сум умрела , ама тоа не го кажав со некаква тага, жалење или страв туку со мала доза на насмевка, дури саркастично. Мразам кога сонувам вакви соништа кои не можам да ги дешифрирам, поубаво ми беше кога ништо не сонував (или барем на ништо не се сеќавав)
Сонував дека каде што живеам имало дојдено некое девојче (околу 11 години) и било бездомник. Мене многу ми падна жал за него и му помагав како можев. Така едно време тоа ми се приближи и изваде 500 ден. и сакаше да ми ги даде мене поради благодарност за тоа што му помагав. Но јас не прифатив и му реков дека мене не ми требаат и да ги чува за неа бидејќи нејзе и се потребни. А од каде ги пронашло тие пари не знам.
Сонував како сме биле со моите некаде и кога сме се враќале јас многу брзо сум возела, ми вкале да намалам ама не сум ги слушала ама за среќа ништо не се случило, после пак со моите сме биле некаде и заврнало и сме отишле кај некои роднини и куќата била голема како лавиринт и таа жената не водела од соба во соба (таква била куќата) додека да стигнеме до таму кај што треба да седиме?
тетками сонувала како од градата и течи млеко... јас сонував како боцкам инекција венска и многу на човекот крв му течеше...