Сонував како сум во кола со татко ми (кој е почнинат) и мајками седат напред , јас позади , едно време го гледам како на татко ми му се приспива и му кажувам јас да возам ( немам возачка ) возиме по некоја надолница и татко ми ми вика да закочам , после удолницата стигам до некој ѕид со врата а пред него многу кеси имаше , и јас почнав да ги тргам а до мене татко ми стоеше пушеше цигара со некој човек не му го памтам ликот . Тука се разбудив , што значење може да има ?
Јас ќе ти одговорам од искуство, откако го сонував сонов си фатив дечко , значи нова љубов, ако се поскапи и поубави значи дека ќе се работи за дечко кој вреди да се има
Во сонов пробував да се ослободам , сум била врзана со јаже Спојлер Се будев неколку пати, а последниот пат кога се разбудив цела бев испотена hock:
Сонував како сум била некаде во стан со цимерки и еднава од цимеркиве ми дала маица да ја облечам но јас дента сум облекла нешто друго,и сме излегле со братучедка ми во град дотерани пицнати,и се враќаме и само што ја затворив вратата ми тропна една жена и ми рече еве маицата демек работата е готова,некоја од цимерките и ја имала даено истата маица за да ми направи магија.Пиштев корнев јас на сонов плачев ја молев да ја растури магијата,ја искинав маицата,и послем тоа ми рече женава не фаќа одма после 10 дена фаќа,добро сум постапила што сум ја искинала...
Сонував прво како како сум патувала со кола (имало луѓе со мене ама не памтам кои) и како на автопат на планинско место, и врнело многу дожд меножело да се вози, после како кај некое езеро јас и уште некој, како сме се изгубиле и цела ноќ сме седеле кај езерото и сме чекале да не спаси некој, сабајлето времето било ведро, но езерот било многу разбранувано, и дошле некои деца со чамец да не спасат, и ловеле риба и уловиле многу .. и после не се сеќавам , и после сонував како сум ја возела нашата кола многу брзо и се како во рикверц сум возела, и како бифшиот ми пишал порака и јас многу сум се израдувала ?
Ја сонував свекрва ми ( која инаку моментално е во поодминати години, повозрасна жена ) млада, можеби нешто постара од јас што сум сега. Многу разубавена. Сме биле во мрачни одаи, исполнети со лути луѓе. Еден гневно наговараше луѓе да се качат на возот, убедувајќи дека последниот воз никогаш не се фаќа, поарно е да се качиш порано и да ризикуваш, па да стигнеш исто порано. Јас и предложив на свекрва ми да се качиме. Вратите се отворија, тоа всушност беше лифт. Имав гоооооооооооолем куфер со мене. Едвај го одвлечкав внатре. Вратите се затворија. Одеднаш свекрва ми почна да тоне во дното а јас се исплашив. Јазли пламени мислев ќе го проголтаат лифтот. Се исплашив многу. Погледнав низ малечкиот прозор, гледав само мрак и пламени оган, лифтот се движеше неконтролирано, брзо и во погрешен правец. Како да немаше спас. Тогаш ја повлеков свекрва ми за рака и ја земав при себе. Дното почна да ни гори под нозе и истовремено да се рони. Сеуште се движевме како ништо на свет да неможе да ја сопри таа агонија. Погледав низ малиот прозорец пак, имаше една девојка не виде. Сама беше а сепак алармантно крена паника, како да разбра дека ужас претстои. Од петни жили викав за помош, но беше бескорисно. Последно од таа сцена што се сеќавам дека сакав само да се дофатам за куферот како да се дофаќам за надеж, последна опција за спас. Сосема несебично сакав да и помогнам на свекрва ми исто како што сакав да се спасам себеси. Следно се најдовме во едно напуштено село. Галама имаше секаде, луѓе никаде. Гужвата се чувствуваше, но сепак немаше никој. Мајка ми рече дека е слава на селото и сите моми ќе се дотераат во најубавите руби ( носии ) и ќе излезат на прослава. Како да се налути кога прашав за маж ми како да се подналути и отсечно ми забрани да го спомнувам, тој отишол исто да гледа девојки кои ќе играат за прославата, ама на друго место. Бевме во многу стара и одржана куќа, убаво украсена однавнор, а и одвнатре. Во бела и светло сина боја. Со убав, скромен двор. Влеговме внатре, една жена на која не и го видов ликот срдечно не поздрави, се ракуваше со мене и ме бакна во образ два пати, па не понуди да седнеме. Зад неа на полици имаше детски играчки, свекрва ми ја зема една која многу ме потсетува на таква што некогаш ја имав подарено на некој кој сега веќе не ми е драг. Со себеси имав црна хартиена ќеса со рачки и од неа извадив од бебешките пупиња, едно сино. Свекрва ми рече дека ќе е машко, а јас потврдив. Посегнав со раката втор пат и извадив розово и интересно украсено, женско. Така збунета се разбудив. Толкување ?!
Сонував како јас и татко ми седиме некаде и јадеме и некоја жена ни пее хаха што значи? многу глупави сонови сонувам во последно време
радост, зголемена женственост ништо не значи некој не е тоа што мислиш кавга, стрес, но се е краткотрајно
Денес,поточно за една ноќ сонував два сона со сообраќајки.И во двата сонови јас бев во колата со уште некои луѓе,знам во едниот во такси се возев а во вториот сон мислам дека многу силно се удри автомобилот,летна поточно.А немаше никој повреден. Значење?