бившиот бил кај мене дома и седел и правел муабет со моите ама само онака а јас сум седела на страна и сум чекала да каже нешто за себе,дали има девојка
Оффф ете ме мене, пак ми иде периодот на тешко заспивање кошмари и милион глупави сонови. Сонував многу гаден сон, како мм го уапсиле и не разделувале Што би значело ова? После тоа како да беше во еден сон исто, сонував пат со воз и местото беше исто како патот кога се оди за Велес по тунелине и реката Но и тој сон беше језив, се беше како во црно во некој такви мистични места и нешто лугето во сон за такви работи збореа дека такво место било Многу е несврзано ова но што би можело да значи?
Страв од сон. Синоќа се сонував како невеста.Старите велат дека личноста што си ја сонувал како невеста ќе умре.Што мислите вие за сонот?
Знам ми се „ближеше крајот“, односно ми остануваа неколку дена живот. Пред да си заминам од дома, татко ми и рече на мајка ми „Пајачето што спиеше како мало во овој кревет, повеќе ќе го нема“ ( „Пајачето“ се однесуваше на мене ) И така тргнав од дома, додека сите жалеа по мене. Кога стигнав до кај комшијата (кој умре пред 1 месец), ме пресретна едно огромно куче, и почна да лае и да трча по мене. Јас избезумена бегав, возев што побрзо (бев со велосипед) . И само што дојдов до патот, помина еден гоолем трактор и ми го пресече патот. Кучето беше се поблиску и поблиску. Кога помина тракторот, кучето веќе ме стигнуваше, а јас се залетав и паднав во една провалија. Околу мене имаше трева, а до мене имаше уште едно девојче, исто со велосипед кое паднало. И умрев. Спојлер Се извинувам за нејасниот пост, ама ова беше најубавиот нчин на кој можам да го опишам сонот кој и самиот беше толку нејасен
Izvinete za latinicava... Sonuvav kako bev na nekoe mesto i imase visecki drven most..bese star mnogu stici bea iskrseni..i mojot simpatija odese po mostot..( vo sonov bese mnogu debel.) Skokase od stica na stica.. Mi pokazuvase kako.. Bidejki mene mi bese strav da pominam..koga ke poglednev nadole imase golema kako dupka..i pocnav da odam po mostot ama zaduva veter.. I pocna da se klati se.. I se isplasiv i se simnav....
не верувај во тие приказни и бабини деветини.. еве јас пред некоја недела сонував зомби армија и како јас бегам при бегање наидува воз накај мене и јас се будам.. па целото утро морничаво ми беше, пробај да се отарасиш од таа мисла, само фобии ке си створиш.
вака сега имам сестра која се гледа со дечкото веке 3 години се зборува сега дека за брзо ке има веридба...сонов мој бесе како ние сме појдени кај дечкото нејзин како на слава,наиме незнам со беше ама имас многу работи на маса значи бесе преполна е сега во ум ми останаја слатките во еден голем тањир ко со столче малку длабок имасе слатки во друг тањир имасе три врсти различни ролати благи и во друг тањир имаше од оние купечкине слатки не думам дали каснав ..и не се сејцавам друго дур сме седеле на маса...послето ко веке сме станале да си одиме сега како одам за да с кацам вкола и гледам наоклу трупци со дрва насекаде околку мене дрва и си реков во ум и после се жзала немале дрва со е ова?? и се разбудив
со бившиот сме јаделе чоколадо и некако паднала една коцка и тој почнал да ја бара светкајќи со телефонот по земја,не ја нашол и сме се качиле во кола и така се возам со него кога тој се претвори во една моја другарка од детството а до мене некој мој додворувач и цело време со нас бил и некако таман да му го дадам мојот број почнала вујна ми да звони и ми порачувала некои работи да купам,потоа со другаркава одиме на пазар и таму го видов еден мој симпатија повторно со бившата а во реалноста не се заедно,некако сум си дошла дома па требало некои жени да доаѓаат а јас не сум сакала да седам со нив па ептен рано сум си легнала
Сонував дека мајка ми имала друго дете,бебе било и малечко било. Кога сум ја прашала чие дете е ми рекла е на некој мртовец,кој мислам дека бил некој познат музичар. Детето било и машко,и се разбудив баш кога требаше да ми каже како се вика. Малку е морничав и ме стресе сонов,макар што не верувам многу многу во сонови,би сакала да го знам значењето.
Сонував дека сум одела на генерациска средба со класот и сум била облеќена во костим за капење и високи потпетици ,а косата ми била многу долга и собрана. Откако сум дошла на договореното место ,една моја школска која била по раст колку мене почнала наеднаш да расте се повисока и повисока и почнала да го крши дрвото под кое сме биле собрани. На тоа и се придружил и еден другар и заедно го искршиле дрвото па го искорнале од корен. Јас сум се обидувала да ги спречам ама сите ми се смееле и велеле дека тоа дрво е безвредно и дека треба да се забавуваме. Потоа од под дрвото излегла школка од автомобил и тие го ја демолирале и неа.
Пред некое време, сонував како десната рака ми била избоцкана со нешто. Внатрешниот дел на дланката. Цела ми била со рани. Вдлабнати рани. А денес, сонував како левата рака некако сум ја свиткала, не памтам што точно и` беше. Ама цела ми беше во модрици. Поточно кај дланката навнатре. Шината ли ми била... не памтам. И во двата случаја чувствував болка. Ама малку се заплашив со рацеве.
сонував како во куќата кај мама и тато влегоа крадци,јас имав пиштол ама небил вистински и се плашев па го сокрив.... ужасен сон имаше плачење
Епа вака сонувам како наутро зборувам со дечко ми.Потоа со другарките мои одеднаш се најдовме во трговски.Шетавме отидовме накај плоштад,а потоа и во паркот.Времето беше прекрасно.Но кога одевме накај паркот го видов дечко ми со уште неколку души работеа(работеше тоа што работи во реален живот).Го видов,но тој мене не ме виде.Продолживме.Како што одевме накај паркот оддалеку се најде еден фотограф и не сликаше.Се доближивме до него и му велам ама само јас сум во кратко фустанче,двете мои другарки се во долги.Тој ми вика ако де затоа во средина одиш.И јас пак ама секогаш се исзбацувам со нешто друго.Се изнасмеавме.Кога да се вратиме назад беше многу чудно.Имаше дрвени скали и долу Вардар.Другарка ми се качи.Останав јас бидејки реката стана немирна и скалите се мандаа натаму наваму,не бев само јас,до мене имаше уште една познаничка.Ние бевме врзнани со врвка на скалите така да не влечее.Пискав и одеднаш тие се нурнаа во вода.Пливав јас и излегов надвор.Одеднаш се наоѓам како спијам на час по македонски кај професорката од средно. Значи како во сонот јас знам дека спијам,а ја слушам се што збори.Се разбудив и и велам простете ама станата сум од 6 часот наутро и ми се спиеше.Таа вели нема проблем,добра како и секогаш. Ми го виде телефонот,но имаше нешто чудно на екранот.Имаше слика од моето око,а од страна црвени срциња.Таа ми вели заљубена си?А јас да.
Сонував дека сум имала мало братче (инаку немам ништо), и сум го сакала многу. Било многу слатко и нон стоп сум била со него Сонував дека тој што го сакам ми пишал порака дека секогаш ќе биде тука за мене и дека за што и да ми треба ќе ми помогнел.