1.Сонував дека се наоѓам во еден нејасен и матен амбиен во природа заедно со баба ми покојна што ме одгледала и стрина ми на чичо ми жената што беше,исто и таа е покојна и мене ме напаѓаат од сите страни тигрови со толкави заби и се провлекувам низ ограда со бодликава жица!нејасниот амбиен подсетува на куќата на чичо ми којшто е жив и здрав и јас со него не можам да имам поблиски контакти бидејќи татко ми со него не е многу близок и јас имам мои големи актуелни проблеми! 2.Сонував дека со баба ми покојна се наоѓам некаде во некој старинска куќа и потоа со неа се наоѓам на некој нејасен простор и една стара жена вампирка дави луѓе и мене се обидува да ме задави истои да ми ја испие крвта како вампирите што прават и баба ми успева неа да ја задави со свои голи раце и ме спасува од вампирката! 3.Сонував дека мајка ми покојна е вампирка со толкави забишта очници и има црн кармин на устата и во црно е се облечена и косата исто и е офарбана во црно и ги пружа забите за мене да ми ја испие крвта од мојата десна страна,јас нормално се плашам и тогаш таа чувствува сожалување кон мене бидејќи сум нејзини дете,а инстинкот вампирски за преживување ја натерал да ми ја испие крвта и сега се кае поради тоа!Јас сеуште многу сум и нешто лута на мајка ми иако поминаа десет години откако е почината,па можеби и тоа си има влијание! 4.Сонував дека во креветот кај што си спијам во куќата на татко ми покриена со јорганот и ќебињата во мојот кревет во прегратката силно си го стискам моето убаво мало гумено бебе Тупузанче и му ги гледам убавите големи сини очи и го бакнувам и го чувствувам мирисот на неговата гума,а тоа мое гумено бебе ми го купија баба ми дедо ми покојни што ме одгледале од Хрватска кога јас сум имала 4 години и уште како мала и сега многу си го сакам бидејќи многу ми е убаво и најубаво според мене и не можам сега да бидам со него само на слики си го гледам бидејќи вујко ми не сака да ми го донесе за да татко ми не се буни,дури ни тајно не сака да и годонесе,па тајно да со го сакам и бакнувам!
Сонував како сум требала да одам во државна болница на испитувања, но не отидов. Дали ова треба да значи нешто како предупредување?
поголема самодоверба не за сите 4тири - стрес, а и малку си опседната со соновите и вампирите...опушти се малку за тој што го сакаш, сонот е нормален, бидејќи тоа е твоја желба...а првиот - можеби сакаш и братче нема значење стрес
Сонував како сум се возела во автобус со две колешки од факултет, автобусот бил ептен стар и имало многу гужва ?
Имав многу чуден сон.На сон ми се појави покојниот дедо и само седеше на столче и јас кога го видов се расплакав и го гушнав,но он мене не ме гушна туку натажено гледаше надолу во земја и неможеше да ме погледне во очи. Што мислите што значи ова?
сонував како баба ми ми дава кутија за накит полна со нараквици,а јас и реков не ги сакам овие не се убави каде се златните,и она ми показува 3 златни нараквици и ми вика ама овие не се за тебе...
значи дефинитино некој ке помисли дека сум луда најпрво сонував некои луѓе кои во друштво повеќе пати сме ги спомнувале потоа ја сонував наставничката историја еднаш сонував некое откритие за александар македонски а вчера сонував вештерки кои ме повкуваат кај нив што ли значи тоа ¿
Повторно го сонував татко ми.. Овој пат беше пред умирање. Незнам дали беше болен, само знам дека му остануваа уште максимум 2 дена живот. Во собата бевме јас и тој. Тој беше легнат на мојот скут, а јас го имав гушнато. За последен пат го гушнав, и му реков „ТЕ САКАМ“. Потоа го замолив и тој да ми рече „Те сакам“ за последен пат. Не ми рече, само ме погледна и се насмевна. Го гушнав уште посилно, и го оставив на троседот да спие. Инаку, обично тој спие секој ден (денски) по неколку часа, најверојатно затоа сум го оставила. И потоа седнав на Фејсбук, и го отворив профилот на една другарка, чиј татко умре пред 2 недели. Па го забележав татко ми како се превртува во спиење.. И се разбудив. Соновиве многу ме заплашуваат. Ова е втор пат да го сонувам татко ми ( првиот пат беше умрен, сега пред умирање). Неколку пати имам сонувано луѓе кај што умираат или се на гробишта, и после неколку дена/недели/месеци навистина умираат Во случајов, го сонував дедо ми кај што умрел. После еден месец навистина умре. Го сонував братучед ми на гробишта, сам. После еден месец умре и баба ми. Го сонував вујко ми кај што ме гушна, и ми рече „Не грижи се, тука сум“. Следниот ден дознав дека е умрен. Треба ли нешто да значи ? Многу сум исплашена
Сонував многу бубашваби. Многу! Сме ги имале насекаде дома. Влегувале во храната, во креветите, во се`, се`, се`...
Сонував дека ми дошло менструација (инаку ми касни неколку дена , не сум трудна скраја да е) И го сонував покојниот ми дедо, во мојата соба бил инаку сега ми е преуредена и не му се допаѓало баш како е наместено
1. ради реалноста 2. избегнуваш промена стрес, страв од нив уф...мислам дека смрт значи баш спротивно- радост стрес поголема самодоверба
Сонував како сум била дома и сум учела и кога професорката ме прашала се сум знаела (професорка од средно) ?
Две вечери по ред сонувам како плачам и тоа многу реално, дури се будам со насолзени очи. Дали тоа навистина значи дека ќе се радувам нешто?
Сонував како на креветот,на подот сум нашла мнооогу златни алки.Ги зедов.Половина ги продадов,а половина ги ставив во мојот куфер.Мајка ми ми ги бараше,но јас кажав дека не знам,не сум видела дека јас не сум ги зела.И тие што ми беа во куферот ги пронајде и ги зема.Што значи?