сонував како со родителите сме отишле на море,иако било ладно времето и сме пливале во морето и некако јас толку сум лудувала во водата што сум направила голем бран и бранот врз мене паднал а додека паѓал јас сум уживала и другите мислеле дека ќе се удавам ама јас сум била сигурна дека ништо нема да ми биде и здрава и жива си бев
Сонував дека сум научила да возам кола, појма немам од возење иначе, а јас возев со многу голема сигурност.
1.Бев во хелихоптер со моите и баба ми и дедо ми мислам.Летавме над море.Беше прекрасно.Му велам на тато дај телефонот да снимам ова мора да го имам.Потоа после некое време бевме на плажа,но мислам дека сеуште времето не беше за капење.Но јас не знам како и зошто скокнав,со алишта бев,дали да земам нешто не знам.Но водата беше зелена,бидејки имаше некои морски треви ли што ти ја знам. Додека пливав во плиткото ги чувствував тие тревки како ме грепкаат по телото. 2.Имав ни мал ни голем сив мачор.Беше многу мирен.
Сонував испечен и изгорен цел човек на една улица во Куманово каде што јас живеам,имаше два такви трупа изгорени испечени цели! Многу ми беше гадно!И многу страшно! Што значи сонот?
...јас пред неколку години носев протези....сега сонував дека забите ми се одвоија еден од друг, ми се искривија и ми се нишаа, коа ќе ги споев пак си доаѓаа на себе али веќе беа разнишани........отидов кај лекарката и таа нешто ми ги поправуваше, ми ги стегнуваше........
Сонував како тетка ми била бремена , и после сонував како сум била медицинска сестра при породување, се породиле неколку жени, и после имало една најхрабра што била , но таа починала на породувањето а бебето се родило живо и здраво ?
промена несреќа умирање на стари идеали 2. нема значење 1. желба за слобода желба мал проблем радост нема значење да нема значење
Здраво девојки. Сонував сон што незнам како значење има тоа врз мене.Носам ланче со приврзок од Богоридица,сонував како едно мало машко дете намерно ми го кине после тоа почнав многу да плачам и да викам по Богородица. (Ако некој знае што точно значи ова ве молам пишете.Благодарам од напред)
Сонував како мојата баба починала наеднаш,јас не сум знаела што да правам сум поседала тука кај неа,па излегов фатив такси и сум тргнала за некаде, но му реков на возачот извини врати ме не одам јас. Отидов дома татко ми ми се развикал, потоа се најдов во планина цела со снег, сме лежеле на снегот со еден комшија, ќе сме се сликале, наеднаш дојде брат ми и ми го зеде телефонот, а јас се најдов во едно блато паднав. Оттаму се најдов во една планина се искачував, а во една дупка била скриена мечка, и јас сум ја пазела од стрико ми дане ја застрела...
сонував дека одам кај другарками и пред зградата имаше ковчег и кога видов на плакатата беше другарка ми (една друга, не оваа кај што одев туку друга во иста зграда живеат) јас се зачудив и ми се сврти, готова бев да паднам ама влегов во станот кај другарками каде што тргнав и ми вика ајде тоа е се случи ми кажа дека дедо е ја отепал другарка ни со нож затоа што се скарале. Потоа незнам како но дојдов до средба со дедое (убиецов на другарками, тој живее одма во спротивната зграда од нив) почна да ме брка и мене како да сака да ме убие па мојот дедо ме бранел ии дури се разбудив истото.. стварно бев многу вознемирена од кога станав што би можело да значи?
Сонував некако чуден сон, кај мене дома како сум месела тесто ама незнам за што, и после сум јадела крофнички ама незна дали од истото тесто , само сум ги јадела, и потоа сонував како сум се бакнувала со мојот бифши ??
нема значење, освен што можеби сеуште имаш емоција кон него стрес, радост за другарка ти радост за неа, не можеш без неа ти недостига несреќа е кинењето, но ќе најдеш помош
Пред некој ден сонував како умрел еден мој добар другар и сум се утепала од плачење... Ноќеска сонував како му го кажувам тој сон на другарот.
Здраво Што значи на сон. Бевме излезни и стоевме пред некоја дискотека со другарка ми. Јас имав неколку соленки во рака. ПОмина едно машко се знаеме ме тргна на страна заедно јадевме од соленките, и цело време се милуваше на крај и ме бакна (француски бакнеж) и си замина. Кога се свртив другарка ми веќе ја немаше. И се јавив таа веше била дома. На сонов се чувствував многу пијано особено на крајо.
Пред да ми се скршат предкатниците јас сонував дека ми испаднале сами,а сега имам само еден дел од нив!Има ли сонот некакво значење?
Сонував како имало некои паранормални активности кај мене во детска. Сама сум влегла во собата, на секои 3 секунди се уклучувало и исклучувало светлото. Ама онака постепено. Ролетните самите се дигале и спуштале. Собата се разладувала и стоплувала... и слични некои работи... И сонував како ми се скршило златното прстенче што си го носам...