сонував како некој ми дал грепка, ама скорз цела се гребела, и јас сум ја изгребала и оддоле имало слика на високи чизми, фармерки и блуза..таа била мојата награда што сум ја освоила од грепката..и после сум се облекувала..
Да месиш тесто значи непријатности, а тоа со комшивката значи дека некој одоклу шири лоши гласови за вас.
Го сонував бифшиот. Сме биле во болница и само сме се погледнале, тој бил со синот(а иначе нема дете, не е женет). Јас сум го гушнала детенцето и сум заминала без никаков збор да проговориме. Што значи ова
Добар е сонот уживај! Дечко значи успех, болница значи напредок во животот, а дете е стеќа...така да убави работи те очекуваат во иднина. Анастаската: машко бебе значи ѓавол, Барби сонувала дете
А што значи ова... Сонував како сум одела негде (преку ден) и сум си нашла прво 10 денари и до нив некои ситни и сум си ги земала, и после понатака, уште 100 денари сум си нашла и нив сум си ги земала...
Пред два месеца изгубив личност што многу ми значеше, едноставно се разделивме. И од тогаш од време на време последниве месеци го сонувам. Но соништата ми се некако многу страшни језиви и нон стоп плачам во нив.. Еве на пример вчера: бевме заедно на едно место мислам дека беше училиште, а спроти нас беше девојката што го замени моето место во неговиот живот. Но повеќе не се заедно, јас постојано му викав ајде да си одиме ајде да си одиме некако се плашев дека ќе не избркаат.. тој ме фати за рака и јас така бев многу сигурна и се израдував што ќе си одиме. Дури се осетив и подскокнав во креветот.. Кога стигнавме до вратата тој ме пушти и ми рече ОДИ СИ ! и ми ја затвори вратата пред нос.. и целата се наежив како мрачно се беше пред мене.. и потоа знам дека позади училиштето многу премногу плачев.. и многу пати сонував како го тепаат пред мене крвишта пред мене и он се дереше по мене ТЕ САКАМ.. а јас плачев.. што би можело да значи? =/
Вака сега. Да сонуваш мртовец значи тага во куќа, несреќа, болест, меѓутоа кај тебе мислам дека не важи ова затоа што ти го сонуваш него пошо цело време мислиш на него. И тоа е нормално дека ќе ти се појавува на сон. Така да не се плаши ништо не е страшно, во твојов случај.
Знае ли некој што значи операција? Многу чуден сон сум сонувала. Ми правеле операција ама не сум гледала и ептен многу ме болела раната, ама навистина чувствував болка. Сум имала да одлучам некои цевчиња, не знам што ми ставале , демек ако ми ги ставеле постоел ризик да умрам, а ако сум се откажела пак ќе сум умрела. Преживеав на крајот, ама шубе ми е. И после сите сум ги чекала да дојдат да ме видат, сум си викала демек сега не сум добро мора да дојдат да ме посетат.
Да те оперираат, зачи дека те очекува некоја непријатна промена, а да почувствуваш болка значи ќе решиш некој проблем и ќе те чека среќа после тоа.
Сонував како ме болеше целото тело, не можев да одам, сите коски ме болеа. Бев на доктор и ми рекоа дека боледувам од некоја си болест. Ама едвај се движев, и ме избуцкаа со многу инекции и ми ставија систем. Што би значело ова?
Да чувствуваш болка е решавање на некој проблем со среќен завршеток, да сонуваш дека си болна е радост, така да...добар е сонот
Ова го имам сонувано пред 3 години - куќата во која сум мажена и моментално живеам била преполна со пчели, насекаде ги имало, а најмногу на вратите и прозорците. До ден денес не можам да го протолкувам сонот. Дали некој знае што би можело да значи?
Вака сега пораѓај значи дека ќе се спасиш од некоја мака, а детето значи среќа, а првиот дел од сонот ,мислам дека нема никаква врска
Cношти сонував дека сме купиле нов електричен шпорет,а стариот го скривме (инаку јас го мразам шпоретот наш,многу зафркнат е
Секогаш сонувам и не сакам баш мн толкувања на сонови оти ако треба се што сонувам да толкувам тешко мене, но она што го сонувавав последно ме интересира што значи сонував дека низ целиот стан сме имале лебарки и јас избегав од дома и плачев како луда на сред улица, мајка ми ме бараше за да се вратам дома и ме најде ама јас не сакав да се вратам седев стуткана и хистерично вриштев кога ќе се потсетев на лебарките ( инаку премногу се плашам од бубачки и кога сонот би бил вистина не дај Боже не би изреагирала многу поразлично ) а во моментот кога моето врескање доживуваше врв ми стигна порака од личноста која долго време ми се свиѓа и јас наеднаш ненормално мн се смирив, но потоа пак почнав да плачам ама овај пат тивко.