не можеш без него, тој многу ти значи немаат значење, освен што другар ти ти фали заљубена или ќе се заљуби поправка на проблем или самодоверба твоите стравови се сонот
Пред неколку дена сонував како имало страшна бура, небото почнало да се отворува, облаците полнале да се полнат со вода, се било некако мрачно, птиците бегале испуштајки некои звуци... ************************ Сонував како ми истругале некои заби, и ми ставиле нови, ама воопшто не биле исти со моите заби.. Што може да значат овие 2 сона?
Сонував како сум донесла дома нешто како мачка ама не било мачка и било црно-сивкаста боја и некако спиело и ми ја држело раката додека спие
..се полагало матура,и една од задачите било да фаќаме риби од езеро,кој ќе фати определен број-ќе положи
Синоќа сонував многу чуден сон... Прво сонував како се грижам за мојата братучеда, која е малечка негде 3-4 години... Потоа се сонувам бремена пред породување, докторите со обидуваа да ме породат, но не можеа и ме оставија сама, па упеав и сама да се породам. Имав машко бебе, премногу го сакав на сонот, не сакав да го пуштам од раце... Потоа требаше да барам некој доктор, педијатар веројатно, и како што одев во некои си згради имаше премногу големи кучиња кои ме бркаа, едвај се спасив... Па се разбудив... Ќе може некој да ми го преведи сонот? Ви благодарам.
Najnapred da se izvinam za latinicava, od mobilen sum. Se nadevam nema da mi bide izbrisano mislenjeto. Sonuvav kako me pustaat vo grob, sum imala mal sin I kako sto me spustaa sin mi, mi dade crvena ruza vo rakata. A jas mu vikav ke te gledam I cuvam od gore duso. Malku strasen son, se nadevam nekoj ke mi go tolkuva.
преродување, среќа, убава промена стрес, но и радост нема значење нема значење, освен што можеби се чувствуваш заробено
Sonov malku e smesen ali ajde da go kazam i bas me interesira so znaci....sonuvav kako vo kujna sum i za da zemam nesto sum videla zaba na kujnata bila mnogu golema sum se isplasila i izbegav, a jas i onaka si se plasam od zabi
Ноќеска сонував како сум бремена но во малите месеци. Направив тест ми излезе позитивен па после отидов на гинеколог и тој ми потврди бременост.. Стомакот ми растеше но јас потсвесно знаев дека не сум бремена Што можи да значи?!
Сонував дека имав моќ,контрола врз луѓето. Можев преку мислата да ги натерам да направат нешто.Значи сонов не можам баш редоследно да го објаснам,збунувачки беше,имаше многу непознати ликови. Но важно според моите желби ги контролирав луѓето. Го натерав да ме сака.Бев многу среќна.
Сонував како цел колегиум сме отишле на патување со брод и сите сме биле сободни расположени, и на патувањето шефот ептен се опил, а со директорката сме кажувале шеги на негова сметка. Таму сум видела едно маче кое ептен ме бендисало и сум сакала да си го земам за дома.
Јас сонував многу грд сон, уствари не знам дали е лош или добар знак, ама сонот ми беше мачен.Бевме сите фамилијарно кај баба ми и дедо ми и баба ми го метеше дворот од една страна, а тетка ми од друга и сум запнала јас да го метам, ми ја дале метлата, абе мети мети еден куп земја сум изметела, никако да завршам со метењето и осеќам во сонот жедна сум била и си реков да ми донесат вода, ама водата никако да стигне до мене.Потоа продолжувам да метам и дедо ми ми вика вишокот земја да го ставам во цвеќињата, а земјата додека стоеше неизметена беше прашина песок, кога ја метев во раце ја земав и беше плодна па ја земам и ја ставам во цвеќињата кои мајка ми и баба ми ги садат во тоа време. И со тетка ми се смееме за нешто, онака од срце. Потоа тој сон го исонував и сонувам како одам на зимување со колегите во еден хотел и таму барам не можам да си ја најдам собата, заборавиле да ми ја кажат и еден демек колега ми бил кој патем не постои значи непозната личност иде накај мене и како да сака да ме бакне ама се кочи и притоа ме бакнува на нос и ми вели ќе дојдам јас да ти помогнам да добиеш соба. Тој сон се префрлува на друг како со другарка ми седиме на еден рид со снег и таа ми вели дека добла писмо од факултетот за кој планира да аплицира во странство дека ја примиле и дека ќе оди за 3 дена, јас сум среќна, ама поради нешто и тажна сум била. Мака мачам со ова соништата, се сеќавам нон-стоп што сонувам и често ми е мака, најчесто поради тоа што се остваруваат голем дел од значењата на она што сум сонела. А знам овој сон првиот дека не е добар, ме фати страв дека баба ми не е добра, ја правеа операција на окото едно, сега треба на другото, немој да и биде нешто... И уште нешто кога веќе пишувам.Често сонувам голема маса на луѓе и некоја дешавка, дали војна, земјотрес, метеор, поплава, вонземјани, абе свашта, се будам исплашена и спремна за апокалипса, не знам што ми е, овие сонови ептен ме мачат.
Минатата ноќ сонував како ми паѓаа ноктите на нозете! Се сеќавам дека си ги соблеков чорапите, почнав да ги сечам и забележав дека почнуваат да ми паѓаат, и така еден по еден ми паѓаа... Болно, знам дека многу бев загрижена и се разбудив многу вознемирена! Имам уште еден сон, јас се наоѓам во центарот на нешто недефинирано, и во тој момент имам голем простор околу себе и чувствувам присуство на нешто мало (објект, енергија, не знам што е, само знам дека е мало). Во следниот момент, тоа малото почнува да расте, а просторот околу мене да се смалува. Чувствувам голема тежина, зборувам во сон (знам бидејќи ми имаат кажано), почнувам да се гушам и мислам дека сум во пеколот. На моменти гледам и чкорчиња од кибрит. Не е разбирливо, знам, но тоа е мојот сон, или она кое го помнам од истиот. Многу лош сон, го сонувам по неколку пати месечно, последниве три години.
беше некоја слава домашна и јас тргнав да се капам одеднаш се најдов вкомшии во една бразда седнатта до мене сестрами и многу луѓе испоседнати сите седеја на крпи јас сватив дека сум гола сите се пулеја во мене зедов една крпа од под сестрами шо беше ги покрив градите и слушав извици дека сум дебела и крива бев немоќна да станам ми се приближи едно машко (тој ми е школски) ми рече нешто како да не сум се грижела што зборуваат дека сум била убава и се бацивме...
Сонував како сум си ги исекла вените,сум била во када полна со вода и крвта течела во кадата,водата се обоила со крвта.Морбиден беше многу,како во хорор филм,искрено нити сум гледала некој филм со слична сцена,нити пак имам некој тежок период кога помислувам на самоубиство или нешто слично.
Сонував дека раѓам машко дете и тоа убаво се измачував во сонот за да му излези главчето и мајка ми беше покрај мене. Дури како реален ми беше сонов. На крајот го родив и ми го зедоја. Што може ова да значи?