радост карактерот ќе ти е ставен на издржливост страв од срам, но и поголема женственост за двата ќе ти речам, несреќа и стрес многу вложуваш, а ништо не добиваш нема значење нема значење, освен што можеби чекаш лето
Сонував како сум купувала штикли , биле во портокалова боја, сум пробувала , но биле распар, иста боја но различен модел и така сум ги купила и уште еден сон како ни се јавиле дома да ни кажат дека еден роднина починал ?
Сонував како сум била на одмор со мајка ми на некое убаво луксузно место и сум играла танго со двајца, едниот бил поубав, повисок и поубаво играл, а јас требало да одберам еден од двајцата за да почнеме да излегуваме. И сите очекувале да го изберам поубавиот, што поубаво танцува и повеќе ми се допаѓа, но јас сум ги изненадила сите (вклучувајќи го и него) и сум го одбрала поскромниот бидејќи сум знаела дека искрено ме сака и дека е подобродушен. И на сон сум великодушна и разумна.
сонував две слики ама беа скроз бели,едната била од мене а другата од дечкото кој го сакам најмногу ама не сме заедно
сонував како татко ми ми гледал некои слики од одмор на кои сум во купачи и некако сум се срамела оти ги гледа
Сонував сум била на училиште и сега тој што го сакав порано нешто ме испровоцирал (не се сеќавам на што), и беше со едно девојче, и знам многу се налутив и се сокрија сите (и негови другари, и други од школото) во машкото ВЦ и јас викав силно, најпосле влегов со една од шмизлите што и не ја баш сакам. Влегувам јас лута, од ушите ми чуре и се разбегаа сите и јас кога го фатив овој, го тепав, голем ќотек изеде, го претепав. После го фатив и девојчето ама само му викав, а ова се расплаче, беше мало и после како да се освестив дека е мала и само и објаснив дека тој е гад, дека само ќе ја растаже. После влеговме во училницата и го видов јас тој, си седеше мирно, а јас во себе имав сино моливче за очи, отидов до него и почнав да го шминкам, за да го исмејам, да се посраме. И после фрлив око на тој сега што го сакам, седеше накако осамен и седнав до него, го фатив за рака и му се извинив (не се секавам за што).
малку мешавина од реалноста, ама баш те нервира типот.. нема значење далечината е прикажана преку сликите поголема самодоверба радост
Дечко ми веќе во четири сона ме сонува како сме негде излезени и одеднаш ќе ме снема и тој ме бара но не може да ме најде. А во последниот сон ме наоѓа како седам сама на некое стубче и плачам со наведната глава и кога ми ја крева главата му се смеам. Некое значење имаат соновиве?
Си го сонував моето мило гумено бебе Тупузанче што го немам видено три години исе наоѓа во станот кајшто сум живеела порано како е со мене во мојот кревет,оживеало,мрда со рачињата и ножињата и со малите гумени устенца ме бакнува во образот и јас чувствувам голема љубов кон него,и инаку многу го сакам! Има значење?
Долг беше сонот и испрекинат.. само ке кажам дека не бркало нешто мене и дечко ми и на крајот ни зело по едно око мене и него. Не ми текнува што беше.. После се наоѓам на некоја чистинка на некој рид и ја гледам баба ми со уште една стара жена пред една мала колиба или шупа незнам баш што беше, а позади нив постар маж седеше на камен(личеше на мојот покоен дедо),околу нив се врткаше кафеаво куче што личеше на пекинезер ама издолжено беше во фацата некако и почна да скока околу мене.. ме фати страв ама пуштив рака да го погалам. Се поттргна малку и изгледаше како да ке врши голема нужда ама наместо измет излезе огромно парче чисто месо со малку крв на него. Се згрозив.. И баба го погледнува и вели ова ке го направам за ручек.
Сонував како сум била во Охрид и сум била на плажа,навечер и имало силни бранови и имало многу луѓе на плажата и тие силни бранови сите луѓе ги стигнувале на плажата само мене не,сите луѓе биле поплавени од езерото од брановите само ја не сум била. има некое значење сонов?
Ova go sonuval tatko mi, ne jas ama navistina se zagriziv pa da prasam. Ne go znam celiot son no samo mi kaza deka kako slusnal silno vriskanja i nesto kako tresnalo i se razbudil odma. Ima nekoe znacenje? a i majka mi nesto slicno sonuvala
Сонував како ме бркала мечка, голема и кафена. После излезе дека мечката е всушност татко ми а јас сум продолжила да бегам исплашена и во паника.
Сонував како сум се омажила со човек кој во минатото ми беше пријател а сега веќе долго не комуницираме. Во сонот сум во неговиот дом, како негова жена ама не среќно омажена веќе како на сила да сум таму, и после некое време доаѓа другарка ми и со неа бегам од куќата, т.с им кажувам на сите дека јас така неможам и дека сакам се да заврши. И одкако доаѓам дома се слушам со сегашниот ми дечко. И тогаш се будам. Навистина незнам што да мислам за сонот.
ти недостига кавга од реалноста не е убав знак успех од сите проблеми стрес, препреки ти недостига ништо, од реалноста е, тие спомени ти недостигаат не може без тебе
соновите не можат да бидат ни прецизни ни детални...психа е тоа, а се има свој симбол (најчесто), но се зема и од миантото и од обични случки, така да...комплицирано
Сонував како со другарка ми сме на шопинг и она си купи 2 суќни,а јас една и купивме исти дуксери. Плативме и си отидовме. (и тоа во бутикот во кој често разгледуваме работи само во сонот беше поразличен,а истата продавачка беше)