Сонував како се бакнувам со еден дечко, околу нас двајцата имаше две огромни и шпицесто сиво-бели карпи. Одеднаш од никаде се појавила некоја стара жена со седа коса, целата исушена и ми викала да ја погледнам во очите три пати. Знам дека се бунев и се борев, но бев како хипнотизирана од жената и ја погледнав два пати. Таман да ја погледнам уште еднаш, успеав да се спасам и во последен момент одбив да ја погледнам. Така и се разбудив.
Сонував како во домот на дечко ми сум ограбена. И тоа само гардероба а се останато како ташна и пари ми стои. А во куќата имаше сосема друг распоред не како што е секогаш.
Сонував дека сум ги чекала другарките пред театер,али татко ми седел во близина па сум помислила да ги чекам пред еден кафич.И сум седнала на една клупа,а до клупата од нигде-никаде застанал еден другар(кој ни се пушташе порано на другарка и мене,воедно)и сме разговарале.Наеднаш почнал да ми ги допира образите со прстите,и сме почнале да се доближуваме еден кон друг за да се бакниме,али наеднаш почнувал да ми зборува нешто за мојата кожа и сме застанале.И потоа доаѓа др.сцена каде сум во тинекс со родители кои подоцна ме качуваат во автобус. Хах?
Sonuvav kako niz prozorecot na mojata kuka gledam mladozenci, okolu niv luge igraat. Mladozenecot, pazate toj go frla bidermaerot I leta pravo kaj mene I jas go fativ. Potoa site od tamu mi vikaa deka treba da viknam nesto ama jas neznaev sto trebalo, taka bil adetot no jas se trgnav od prozorot I go potzatvoriv???
Сонував како нешто сум јадела и одеднаш ми се разнишал заб и ми падна. А денес јадев некои слатки со ореви и некако ми влезе орев во забов и баш си реков дека треба на заболекар да одам, малку подрасипан ми е. А обично се' што мислам и сонувам. Е не знам сега дали овој сон ќе се оствари или само така ќе помине како сон, затоа што знам дека има лошо значење :/
Или смрт во семејство или пак ќе прекинеш односи со некоја непријатна личност. Едното е ако во сон ти испаднат повеќе заби а едно ако ти падне само еден заб, само незнам кое што значи.
Сонував како сум била со дечко ми во дискотека, ама чудна беше некако како продавница, и дошле некои двајца и јас сум ги истепала и на плочките видов крв...
Сонував како дечко ми повеќе не ме сакал.Сме се сретнале и тој бил со друга.Јас почнав да ја навредувам таа и сме почнале да се тепаме.Јас и таа бевме со крв.Ме испогреба на лицето.Вечерта му се јавив и го молев да не ме остава,му плачев,го молев и тој пак кажа тоа,дека не ме сака.Ми рече,ке дојдам за една недела,ама само за секс ако сакаш. Што значи ова? Ваков кошмар во живот сум немала.А дечко ми сонувал една негова поранешна пријателка која едвај ја откачил бидејки беше чудна,како дошла во неговиот град,и он почнал да бега од неа.Што значи?
Дали некој знае што значи да се сонуваат броевите 11 и 22? Поточно сонував како влегувам во лифт од спрат 22 и се симнувам на спрат 11, лифтот беше стар се нишаше, а бројките јасно се гледаа.
Па вакаа..ја оснував симпатијата односно сонував како сме се вратилое у сколо од распуст и иако сме у мн лоси однси тој постојано седел пред мојата училница и тоа ме нервирало..цело вреем сум викала на другаркиве што му е на овој сега што сака тука нели кажа што имаше.И послем тоа истиот ден на час математика дојдоа 5 машки и 4 знаев но еден не и тој едниот носеше мајца нешто пишуваше се сакаме и само влегуваат во училница и овој вика сакаш да ја носиме маицата а нормлано ако ја носиме ке сме заедно и сите у мене гледа и викаа да да и ја реков да.А дечково никад у живот не сум го видела али убав беше и добро коа заврши часот ја облеков маицата и се шетавме по школо а симпатијава беш многу нервозен коа не гледаше. У реалноста стварно многу лоши работи се случија и мислам дека никад нема да бидеме заедно али у мене уште има некоја желба која сака да бидем заедно.... Што значи сонов?
твоите желби ништо ништо не значи страв од ова да не се случи, голема приврзаност нервоза, агресивност
Сонував дека сум живеела во циганско мало но,во палата И во спратот над нас дошле цигани и го истепале станарот.И јас одма и се јавувам на мајка ми да си дојде дома како сум цела преплашена.
Сонував како со стрико ми и братучедка ми одевме покрај една река (Црн Дрим). Стигнавме до едно место каде што пливаа неколку мои познаници. Од нив само еден јасно го видов, на другите не им обврнав внимание, не видов кои се. Влеговме во водата и пливавме. Потоа јас излегов, се затрчав и скокнав од горе, па откако се најдов во водата допливав до мојот познаник кој го гледав јасно, а тој се смееше. Па му реков и тој да скокне, а тој ми рече Ајде Заедно... И тргнавме да излеземе од водата, да се качиме горе за да скокнеме Инаку реката (Црн Дрим) беше прилично мнооогу голема и бистра. Обично таа има голема сила и го турка на секој пред себе, ама во сонот беше ептен мирна.
сонував како сни седеле со бабми (која е почината) и дедоми сни чекале тетками братучедами и свекорје да дојда...поминало мн време 2,3 сати ги немало..мајками биле негде појдени ми се јави мајками и кажав дека уште ги нема и таа се чудеше кај се во меѓувреме откако исклучив видов мала змија вреснав силно и и викав на бабами бабо змија бабо змија ја тресев за да ми зборни но таја само ги отпреврти очите и ништо не зборна дедоми за прв пат проговори оставија не те слуша и повеќе и тој ништо не зборна..јас многу се исплашив змијата ми се приближи до мене имаше стап го зедов и ја тепав ама неможев да ја отепам...после тоа ја снема...
Здраво вчера ми се јави прва братучедка да ми каже дека таа и мајка и ме сонувале ист сон и тоа како сум се гледала пред огледало...има значење за мене сонот и ако има што значи