ништо не значи баба ти ти недостига, несреќа недостаток од проблеми, хармонија страв можеби имаш од цигани, друго значење нема повеќе пари
Сонував страшен сон како некој ме следел поточно не бил еден човек туку како мафија, и јас сум се возела со автобус и тие ме следеле,буквално каде да сум отишла секаде имало по некој човек, и потоа друг сон , како од прстот на ногата ми течело гној ??
седевме во кола јас и две другарки и му кажував на другаркиве дека навечер вкомши пуштаат многу гласна и чудна музика..само што го реков тоа покрај колата помина прв братучед на таткоми (починат) со многу голема лубеница во рацете одеше смирено и насмеан ја помина колата и воопшто не не забележа а по него некој трчаше едната другарка ми рече оној не е (го кажа името) другарму на таткоми (што во реалноста нема врска пошто тој и таткое не се ни познаваја) и јас и реков да тој е.и таја ми рече некни бабами му рече на таткоми те бара другарти ко излезе исто вака се појави..и јас само и реков жити се и зачудена целата и се разбудив..
Со другарка ми бевме во шопинг акција по капут Јас најдов каков шо сакав црвен бордо но беше м и л број а мене ми требаше С, кога другарка ми се сврти најде и го купив Значи бордо капут до гз
Што значи да сонуваш бивши на другарка кој си нашол нова девојка? (а,всушност во реалноста таа му е другарка)
Значи каков сон! Станав сабајлево цела испобезумена. Не се сеќавам точно на редоследот на сегментите, ама мислам и дека не е битно, со оглед дека не се поврзани меѓу себе. Или барем јас мислам така. Како и да е, сонував дека треба да се вратам на претходното место кај што работев, чисто на неколку дена, ама канцелариите не биле таму каде што се, туку во некои чудни простории што прв пат ги гледам, како повеќе мали куќички, убави од надвор и во некоја од нив требаше да влезам. Не влегов, туку некако го прескокнав тој дел во сонот, иако имам сознание дека сум била на работа. Се враќам дома, пак не е мојата дома, туку некој стан што го чувствувам како мој, ама не е сепак местото каде што во реалноста живеам. Ме чека дечко ми, а во позадина, ко во магла, на масата гледам неколку парчиња торта и до нив црвено кутивче (од оние во кои знаете дека има прстен), red velvet кутивче. Се гушкаме и ме вика да прошетаме. Во меѓувреме се обидувам да ја контактирам колешката за да прашам која смена ќе сум на работа, не можам да ја добијам одма и почнувам да паничам. Ја добив, ама не успеа да ми каже која смена сум, туку ми кажува дека ќе оди за Кочани (???). Му викам на дечко ми дека ќе прошетаме, само да си ги средам ноктите и знам дека ми беа долги и убаво средени, ама сепак ги кратам. И вообичаено не сакам предолги нокти. Излеговме со дечко ми, подзастанавме на кратко и го извади прстенот. Му реков „можеше барем да клекнеш“, а наместо тоа тој седна на една маса во близина, округла маса со карирана прекривка, ме проси и му викам „да“. Се враќам накај дома и сфаќам дека прстенот е сребрен со голем камен. Се разочарав зошто е сребрен. Сакав златен да е. И цело време чувствувам некоја внатрешна возбуда, како стегање од внатре, не можам да си подголтнам знаејќи дека дечко ми ќе ме побара за жена. Истото чувство продолжи и до крајот на сонот. Се најдов со другарка и кога и кажав, не изреагира како што би изреагирала, воопшто не беше возбудена и само ми рече да седнам. И се разбудив. Цел ден го мислам и премислувам и никако не можам да сфатам што би можел да значи. Секако дека размислувам за брак и слично, ама не сега, одма, туку понатаму. Subconsciousness, what the f*ck is going on in there?
Сабајлево пред да се разбудам сонував дека сум мнооогу гладна и отварам фрижидерот барам виршли, а место тоа најдов сланина и салама сецкани на ситни парчиња како во ордевер. Таман да земам, другарка ми ме разбуди. И кога станав бев мнооогу гладна и од кревет право кај фрижидерот. Најверојатно нема значење, едноставно сум била гладна.
нема значење кавга, страв од сето ова да не се случи, посебно страв од разочарување и дека ништо нема да е в ред ништо или сакаш да се скриеш од нешто, или поголема женственост/самодоверба нема значење
Ја сонував мојата мачка која е умрена веќе 5 години, дојде и почна да се гали. Чудно беше што како од небо да слегуваше и дојде кај мене. Јас ја зедов в раце и седевме така.
Сонував како сум била со друштво во планина. И требало да се вратам дома. Одев по еден широк пат, и низ полиња жито. Од една страна тргнале кучиња накај мене. Едното црно, големо а другото помало. Кучињата не лаеле, не 'ржеле. Ама кога тргнале накај мене, се исплашив. Се бранев со еден стап. И успеав да ги избегнам. Сум отишла дома, да оставам нешто. Тргнав кон другата куќа. Во раката сум држела клуч. На прозорецот се појавила баба ми ( почината е) само сум ја прашала дали да ја заклучам или да оставам отворено, оти имам нешто работа и дека ќе излегувам. Ми рекла да заклучам оти и така планирала да се бања. Има ли значење нешто сонов?
Сонував дека ноќе во влезот на зградата кајшто сум живеела порано пред баба ми и дедо ми да починат на влегување во зградата имало голем црн стаорец,мајка ми покојна кога била студент ми кажувала дека така ноќе кога се враќала од училиште стаорец за рака ја каснал и многу ја исплашил,вујко ми во сонот со нога го згази и тој цркна со ужасно квичење,и порано често сме имале наезда на стаорци во зградата,многу се плашам од нив,а претходно се разбудив сред ноќ затоа што се гушев поради анксиозноста затоа што вечерта многу се вознемирив поради една многу негативна личност што ја читав тука на форумот! Значење?
многу сум се карала со дечко ми, не ми кревал на телефон, многу сум плачела.. hock: Има некакво значење?