Мислам дека нема значење, обично бладање при висока температура, на сите ни се случува. Јас кога имам температура (фала богу одамна не сум имала), обично сонувам како ми е тесно и се околу мене се стеснува и тоа многу ме плаши не можам да го поднесам и веднаш се будам рипајќи.
ќе се радуваш нема значење нешто ти одвлекува внимание 1. хармонија 2. несреќа не можеш да се ослободиш од минатото
Сонував некна (на 13спрема 14.01), а со другарките кога делевме паричка(13.01) во понеделникот ми се спадна мене паричката сонот: .... Со дечко ми сме кршеле лепче со паричка како на Бадник во неговата кола се со цел да видиме кој е посреќен. Паричката се спадна во мене и јас се израдував и видов 3 парички како лебдат(како демек мојата паричка од друштвото што се спадна,таа во сонот и онаа од Бадник (која се спадна во мајка ми)) , како се на површината во една чинија со течност(мислам зејтин и вода).
Сонував премногу чуден сон, ве молам доколку можете протолкувајте ми го... Јас, дечко ми, другарка и нејзиниот дечко сме биле на некој пат и наспроти нас, на неколку метри имало море и се било бело. Јас сум го фатила за рака дечко ми и сум тргнала накај морето, а другарка ми не сакала да дојде. По патот како што сме оделе беше малку влажно и јас сум се плашела да не се накиснам, но дечко ми ме тргнал накај сувиот пат и сме стигнале до море, ама морето всушност не беше вода, туку бела сол, мене ми беше интересно и ја фаќав солта со раце, па од лев а страна како во едно ќоше имаше мало цементирано светилниче со иона и свеќи внатре, па палевме свеќи (дошле и другарка ми и дечко и) и наеднаш се најдов во некоја црква, ставав пари на 5 икони, од кои се сеќавам дека ставив на Св. Богородица, Св. Никола и Св. Ѓоргија, а на другите две не се сеќавам. После ова наеднаш се сонувам во улицата кај мојата куќа и една ластовица ја држев во раце или само беше до мене, не знам, а потоа многу други ластовици летаа на небото.
Сонував.. Незнам што беше,но било како демон..И ми рекол дека за 9 дена или до 20та година ќе умрам..Многу лош сон ми беше..И,во сонот сум сонувала нешто глава со крв,ножеви..леле шо значи ова ?
во сонот јас и татко ми сме оделе негде, и имало еден човек со пиштол кој што сакал да пука во мене, но татко ми застанал пред мене за да ме спаси и него го погодил 2 пати во стомакот. после тоа сум плачела многу и сум вртела на брза помош ама почнале да ми се смеат (сега мислам дека во овој дел од сонот станав хистерична и сум почнала да им се дерам дека не е смешно ) но после успеала една другарка да ги викне и ми кажале дека нема некои сериозни повреди и дека ке биде добро.. може некој да ми каже какво значење има?
Сонував дека една зимска ноќ сум заталкала на некое непознато место кое некогаш важело за убаво летувалиште. Сум влегла во некој импровизиран фаст фуд и ми дале богат сендвич ,кој не сум го дојадила. Потоа сум влегла со еден другар во соседниот фаст фуд и атер за него да му правам друштво сум порачала пак сендвич кој сум го изела сосила. Кога сум излегла надвор ,наоколу имало само мажи ,било ноќ пред некој голем празник посветен на мртвите и обичај било смао мажи да се собираат покрај оган ( ова како микс од сите празници ). Ми дотрчало некое исплашено мало дете кое сум го зграпчила во прегратка и сум летнала заедно со него. Летајќи детево ме прашало дали навистина постојат духови ,а јас сум му потврдила ,демек сум видела многу духови во животот и дека баш таа вечер немало ниту еден од нив ,за да не се плаши. Другиот сон ,сум била со дечко ми и еден другар на психијатар (млада девојка) ,кога сум влегла ме легнала на креветот и ме покрила со кебиња да не ми студи ,иако било топло. Штом сум почнала да и ја кажувам причината за која сум дојдена ,таа ме прекинала и ми рекла дека не моѓе да се занимава со мене ,ја очекувала свадба. Јас сум помислила дека ке оди некаде на свадба ,не дека таа ке се мажи ,кога наеднаш во ординацијава влегол зетот со сватовите и почнале да се веселат. Во меѓувреме сум излегла на продавница со дечко ми и другарот ,ама сум ја заборавила чантата сосе паричник ,па другар ми несебично се согласил да го плати мојот прескап и преголем сладолед. Кога сум се вратила назад ,сум ја видела докторката како невеста ,сум се приближила до нејзе и ми рекла дека не сум за кај неа ,дека сум комплетно здрава само збунета ,а јас ,навиена ,сум инсисторала да ме ислуша. Потоа сме влегле во ординацијата и таа ми рекла дека сето тоа со прегледот било само камуфлажа за некоја друга работа ,дека реално не сум имала потерба од неа и дека всушност таа имала потерба од мене. Јас сум се израдувала и откако сум и направила услуга ,сум излегла задоволна од кај неа. Малку се заборавив од пишување ,ама што да правам кога премногу сонувам предолги соништа
Sonuvav kako sestrami treba da pravi svadba i posle pladne pocnalo da se slusa muzikata od trubacite sto dosle po sestrami a jas sfakam deka na svadbata na sestrami nemam nisto kupeno ni fistan,ni stikli,ni zakazano frizira,sminka nisto oblecena za po doma kako sto si sedam.Edno vreme ja prasuvam sestrami a ti kupi li vencanica(ZOSTO NE SUM VIDELA DOMA VENCANIVA),vika da samo ne e tuka koga ke treba ke ja oblecam...Moite roditeli koga ja slusnale muzikata od nadvor pocnale da se veselat a jas celata vo panika ne sum znaela sto da pravam....Sto znacenje ima sonov?
^ Знам дека нема некое големо значење,кога наредниот ден треба да станам во одредено време ,последниот сон што го сонувам е со него поврзано.И обично тој сон е 2-3 мин и пократко пред да се рзбудам.
Луѓе мачки сонував цела куќа полна со мачкишта едвај ги избркав бели мислам дека беа сите,дури сабајле кога станав проверував дали се таму
1.Сонував еден мрачен амбиент во природа како да ме брка некој во магла,но јас сум некоја друга женска личност што гледа од страна,значи не сум во моето тело,туку гледам од страна и таа личност ми вика:Дечко ми сака да ме силува! и јас чувствувам страв поради тоа,јас во реалноста не сум во врска,во овој измешан сон сум,но ако некоја друга женска личност! 2.Сум се омажила за еден постар човек,тој има 60 години,во стварноста јас и како тинејџерка и подоцна во адолесценција,па и сега некогаш сум знаела да се вљубам во некој многу постар маж,но ние сеуште не сме биле интимни,како полека сме требале да се зближуваме како од серијата Самец во бракот што треба да ја има на телевизија,и одеднаш се наоѓаме во куќата на татко ми на скалите од подрумот и со еден друг негов врсник на тој мој наводен маж разговараме,тој мој маж ми бил професор на факултет како јас пак да сум полагала Синтакса на македонскиот јазик и сум паднала,а тој на странами кажал дека сум паднала на писмениот испит,јас им кажав на маж ми и на неговиот врсник дека Синтакса на македонскиот јазик сум положила од втор пат,а Морфологија на македонскиот јазик кај истиот лош професор сум положила од четврти пат, и тие ми се смеат за тоа,во реалност треба да полагам лекторски испит со комисија кај тој истиот професор,но сеуште се двоумам и се плашам затоа што тој ме зеде на заб поради приватни причини!исто во тој сон јас со тој мој навоиден маж бев дојдена пред интимно сплеткување со него и можно останување бремена од него,како да имам потреба од секс и репродукција во сонот,во тој смисол! 3.Слично како и во претходниот сон сум се омажила за млад не претерано постар од мене Албанец или Турчин беше,не се сеќам поконкретно,живееме во Скопје,работиме на Бит-пазар како продавачи на текстил на тезга,заработуваме доволно за живот и имаме 5 деца бидејќи јас чувствувам голема сексуална желба и многу ми се допаѓа патријархалната улога на жената за да има повеќе деца,а и тој е многу среќен поради мојата убавина и личностИсто така во сонот чувствувам некаква покорност кон тој мој маж и вистинска љубов,додека,пак,во реалноста јас сум многу голем бунтовник и не поднесувам авторитети никако и сум учела два факултета за да не зависам од никого! Значење?
сабајлево се разбудив околу 5 00 цасот целата препласена од космари сонував некој мртовецки сандук некои неповрзани работи некои стекери за струја стварно несто безвезе али и тоа со сандакот како нејасно бас .......... поззз и молам за одговоррр
промена,крај на минатото и нов почеток стрес, внатрешна борба, несогласувања,поголема женственост многу проблеми ако сестра ти има направено свадба тогаш е од реалноста, а ако нема значи дека премногу се грижиш желба да се покажеш, слобода,желба да помогнеш многу ти поврзана со татко ти стрес страв, се чувствуваш некако мала, совет од мене е да запалиш свеќи или оставиш пари кај тие светци што си ги видела на сон нема значење
Бев на гости кај другарка ми, а таму имаше едно машко бебенце. Мислам дека вечерта таму требаше да останам. Инаку таа има братче (1 одд), ама во сонот го немаше. Додека седевме бебето поврати, а и мене кога го видов почна да ми се повраќа, па истрчав до тоалетот и повратив. После тоа влегов во туш кабината да се туширам, а таму беше дечкото што го свиѓам, се тушираше. И почнавме заедно да се тушираме, а тој цело време ме гледаше и ми се смешкаше Спојлер И двајцата бевме голи
сонував како сме ги срушиле сите зидови од горниот спрат на куката останале само столбови кога сум прашала зошто ми одговориле мојте дека биле тие слаби ке сме граделе нови ... ?
Спојлер Досадна сум со ова соновиве, знам, ама... Со мојата другарка седевме во училишниот ходник, и јас само си ја фатив косата и во раката ми остана едно праменче.. И и реков „Видии колку ми паѓа косата“ . А таа рече само „Лелеее“ . Инаку имам црна коса Што значи ?
сонував како сум во еден сокак држев едно големо огледало во рака и другарками се гледаше на огледалото беше бремена го гледаше стомачето од карши имаше еден кофчек капакот му се креваше и се завртуваше така неколку пати и после другарками ми рече земија иконава се викала свети антониј така ми рече и се уплашив и се разбудив Знае некој што значи сонов?
1. Сум била во Чаир со другарка(порано живеев таму) сме се држеле за рака многу цврсто и сум ја видела баба ми (почината е и бевме во многу лоши односи додека беше жива) и сум и викнала бабо , се свртела ме погледнала и ми рекла извини и се разбудив. 2. Како сум била трудна, сум била во нешто како трговски центар во бутик каде што работел братучед ми и сум пробувала облека, и почнал да ме боли стомакот. *соновите се на моја другарка