Мајка ми сонувала како се наоѓа во куќата на баба ми и кога го отворила плакарот имало мои алишта од кога сум била мала и ги разгледувала.
Ај ако некој знае дали ова има некакво значење ке го замолам да ми каже... Два дена по ред на сон добивам одговори на некои прашања кои не ми се јасни во реалноста. Може да има некакво значење?
јас сонував како сум родила машко бебе и сум се двоумела дали Александар или Алексеј да го крстам и татко ми ми рекол Александар а бебето цело време во скут сум го држела и нон стоп ми се смееше..многу слатко бебенце беше на сонот..што ли може да значи ова....
колку што знам не е убаво мртов човек да ти даде нешто а ти да го земеш..ама искрено што точно значи немам поим да ти кажам ...
Сонував дека сме купиле нов автомобил(бел) не се сеќавам на марката на П започнуваше ама преубав беше Значи нешто?
1сонував како се враќам од некаде со автобус,па нешто по патот сум гледала слики од другарка ми како е со некој друг дечко на одмор 2.кај мене дома бил еден што сака да оди со мене а јас несакам,и сме седиле во ииста фотеља и овој цело време ме закачал,ме бакнувал а таткоми и мајками гледале,мене ми било страм ама после некако не ми било гајле
1.Бев со моите родители и пријатели на тато во една викендица на сред море или езеро беше. Излегов надвор,беше прекрасно.Имаше преубави скали,а јас стоев горе и гледав наоколу. Некако морето беше расбрането,дувкаше некој ветер.И велев на мајка ми да ме слика и си правев пози за да ме слика,а позади мене морето.Мама вика ее пази да не отидеш многу натаму,ќе пливаш после. 2.Бев со другарки во некоја просторија,делуваше како некоја чекална,соба во болница. Нешто почав да зборувам и почнав да плачам.Ме гушнаа и ме тешеа.Се гледав во огледало и си бришев солзи,а во исто време имав и насмевка на лицето. 3.Сонував како седиме дома кај нас со моите и чичко ми.Имаше коњак на маса и тато сипа во две мали чашки како за ракија.Едната за него,а другата за чичко ми.Бидејки не можеше да ја испие тато сакаше да му ја даде на чичко ми,но јас ја земав и реков само да помирисам,кога мириснав-мирисаше на Кока Кола.
Хмм,баш чудно,за првово на Фемина Соновник прочитав ако правиш позирање значи постојано ќе бидеш во центарот на вниманието,а ако сонуваш море,тоа значи Мирно море-Ќе имате спокоен и сигурен живот. А за бурно море ве очекува голем шок За второво на соновник за плачење прочитав дека значи,т.е ако ти плачеш дека ви престои радосен настан,а за тоа болница,т.е дека одите на посета во болница ќе ја добиеш помошта што ти е неопходна,а за утеха,т.е ако некој те теши,дека луѓето ќе се сомневаат во тебе и твоите постапки. За третото успеав да најдам за миризба: Пријатна миризба Ќе ги победите вашите соперници или ќе постигнете успех на работното место. Непријатна миризба Ќе добиете лоши вести. Толку.Сега колку е точно ќе си видиш ти во иднина како ќе ти се одвиваат работите
Колку што разбрав си сонувала смрт и погрем. Смрт-Смрт на ваш познаник Ќе добиете убави вести кои многу ќе ве усреќат. Смрт на непознат човек Ќе настапи позитивна промена во вашиот живот. Погреб-Ќе слушнете лоши вести Ако присуствувате на погреб Ќе им свртите грб на вашите пријатели. Ако погребуваат непознат човек Ви претстои радосен настан. Ако видите како спуштаат ковчег в гроб Ви претстои проширување на семејството. Ако плачете на погреб Смрт на некој ваш познат.
sabajlevo sonuvav kako nisam bebe a ustvari toa bebe bila baba mi koja sega e pocinata ,a ona vo sonot kako malo bebe sto znaci ovoj son molam za odgovorrrr
Претпоставував, од тоа и се плашев.. Бидејќи мајка ми тој ден седна на истото место баба ми каде што седеше, а на масата беа обланди, и беа наместени на исто место.. Не знам што би значело сето тоа..
Сонував дека сум некоја русокоса Германка како онаа од серијата Ало Ало,дедо ми покоен како стар е,само оди и свесен е и тој во сонот имал вонбрачна афера со мене и сум останала бремена од него и сум родила машко дете,исто сонував еден телефонски број од мобилен на 076 префиксот како тој да бил на другарка ми што живее во Скопје со сопругот што и е од Кичево и не сум се чула со неа еден месец,таа во реалноста нема таков префикс на мобилен,кога се разбудив потоа се јавив на тој број и тој припаѓаше на еден млад женет со деца од друг град,а не на другарка ми,исто и баба ми покојна ја сонував во станот кај што сум живеела порано!Сонот ми е многу измешан и ме збуни навистина!Што значи?