Сонував два сона. На првиот сон сум отишла кај некоја жена која имала гифт шоп да купам нешто ,а таа ме запрела и ми рекла дека сум била под дејство на магија. Во гифт шопот имало претежно црвени подароци ,а магичните предмети на продавачката биле уредно сокриени во облик на артикли за продажба. Потоа ми правела/растурала магија... Во вториот сон сум се јавила кај директорката од работа за да и соопштам дека сум сакала да продолжам да се занимавам со танц (!?!) ,а таа некако сувопрано ми одговорила ,демек добро.
На сонов не знам дали во сопствениот дом сум била или во некој друт, важно мачорот мој (навистина имам мачор)јадеше други мачки. Одвратно беше, цело време имав нагони за повраќање и се кријав не сакав да гледам како ги јади мачките. 2/3 секако изеде...
Многу кошмари сонувам во последно време. Постојано некои луѓе како умираат, па духови. Па се тешам сама дека може ми е од хорорите што ги гледам.
Го сонував бившиот дечко како сме се смириле , и он запалил цигара (иначе не пуши и е против цигари), и јас сум го прашала што е од кога пушиш и он ми одговорил дека почнал од кога раскинал со мене. ?
Сонував како да сум била на училиште во средно каде што учев, и додека сум зборувала со другарките дошол бившиот мој и ме бакнал во уста и ми рекол дека ќе ми постави прашање на кое ако се согласувам треба да ја кренам раката Ми рекол дека ме сака и дека сака да биди со мене засекогаш.. јас сум ја кренала раката, и сме се бакнале и гушнале.. и ми рекол дека од сега ќе бидиме заедно и нема да ме пушта повеќе. И кога сум дошла дома имал ставено слика на фејсбук како се бакнува со друга девојка ???
немаат значење, од миантото се ништо не значи стрес радост се чувствуваш немоќна 1. се ќе направиш за некоја работа 2. нема значење неприспособливост, несоодветни реакции радост го сонуваш затоа што го сакаш
Sonuvav kako vikam na cel glas a nikoj ne me slusa(kako da sum go izgubila glasot),vikav po majkami i sestrami koj sedea vo dnevnata ama dzabeee...Pocnav da se boram so nekoja osoba vo krevet i edvaj nekako na kolenici stignav do dnevnata i pak se derev kolku sto me drzi glas i pak nisto..Majkami bese svrtena so grb i zboruvase na tel a sestrami i pravese nesto muabet,stignav do niv i bidejki nikoj ne go slusa moeto vikanje pocnav da udiram vo fruziderot i konecno me vidoa,a jas klecev na kolena i so rasireni race pocnav da placam zosto nikoj ne me slusal...Ima nekakvo znacenje sonov
не сум го видела извини, нема значење, освен што може ти се оди на плажа беспомошност, тага, затвореност во себе
Сонував еден многу чуден сон, не се сеќавам баш на се' , ама дел од сцената ја паметам. Мајка ми, татко ми, брат ми, јас и дечко ми требало да патуваме за Австралија (имам таму роднини). Многу брзо одлучиле без мое знаење, па кога требало да тргнеме јас не сум можела да најдам скоро ништо од мојата облека, како да исчезнала. Многу сум плачела, како да никогаш повеќе немало да биде исто со дечко ми во таа држава. Не сум сакала да одам... Што може да значи ?!
Бев дома со мајка ми и татко ми.Во раце држев бебе кое не ми е познато,не беше мое,но знаев дека на некој мој роднина е.Го држев,се играв со него.Одеднаш почнав да го закачам кај стомачето и се смееше гласно,баш беше слатко.Им велев на мајка ми и татко ми видете го како се смее,сонце..
Веќе втора вечер сонувам како сум раскинала со дечко ми и дека не сме заедно веќе, ама сме продолжиле да се дружиме и ко да сме се сакале уште, ама поради некои нејасни причини не сме заедно.
сонував како стојам на прозор и по цела улица има луѓе облечени во црна облека,имало погреб и ја гледам католичката црква,целата свети и внатре има многу луѓе.и почнаа да ја раскопуваат целата улица и по средината да садат трева и направија неколку скали,ке правеле парк затоа што на тоа место загинал некој католик
Јас не верувам во таквите работи... На многу сонови кога нешто не е во ред сепак знам дека е сон и само си велам "Сон е,сон е, сон е.." и така воопшто не се замарам за таквите работи
Сонував сум добила подарок - куче, мало пекинезер, целото било бело и имало на себе розева машна сум го крстила Белка.
Сонував како ми било матурска.Но,прво сум била облечена во фустанчето од полуматура и одозгора како некој мантил ли не знам што кој бил за принцеза,како Хурем што ги има тие одозгора. И сум отишла,но сум и велела на баба ми како ќе одам со истиот фустан.Се вратив дома и бирав кој фустан да го облечам.Земав еден мој фустан,што досега никаде не сум го облекла.Го облеков,а на нозе имав некои нови штикли.
поголема самодоверба верни пријатели радост многу ти значи радост, ведрина проблеми, неодлучност ништо не значи