1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Bennet

    Bennet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    55
    Сонував дека сабајлето само што сум станала од спиење, од перницата излегло бело глувче, така се пробило низ навлаката на перницата. Сум се обидувала да го фатам, т.е да го отепам, ама се скрило и ништо. :)
     
  2. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Сонував дека си идам дома од некаде...и пред врата имаше црно куче...се плашев да си влезам дома ама некако успеав...си влегов дома ги гледам мајками и сестрами опкружени со црни мачки, а ја ич несакам ни мачки ни кучина...и викам на сестрами леле бе што ееее ова што си ги собрала, таја ништо не ми зборна само си ги галеше. :?:
     
  3. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    несреќа, кавгга
    радост
    ништо не значи
    стрес
     
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Сум била на некоја свадба и сум носела плав долг фустан и штикли. Сум се чувствувала толку привлечно и самоуверено што мислам дека буквално бев со главата во облаци, како права дама се чувствував. Единствено што сум се прашувала зашто скоро сите на свадбата биле во плави фустани, да не ме засенувале. :lol: Можеби ми било во потсвест дека гледав фустани, којзнае..... Плав фустан на Фемина соновник значело неверство, а на други читав остварување на желба. :wasntme:
     
  5. Anisijaf

    Anisijaf Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    15
    Многу често сонувам чудни сонови...еднаш сонував дека сум била у сауна и сум се изгубила у гужвата...сум сонувала дека сум гаснела пожар...сум сонувала дека сум се мувала :rofl: еднаш како гледам сечење глави(морници ме лазат коа ќе помислам на ова)...еднаш сонував дека идам на плажа...а дури еднаш сонував дека сум идела накај некоја установа(појма неам шо било) со мој другар и дека сум била настината и он ме гушкал и сум била завиткана со едно ќебенце со кое сум се покривала како бебе и како другар ми ме бакнал во образ(инаку го свиѓам сеа и незнам шо да праам знам дека има вакви теми за ова у заградава али една мала помош!секој ден се глеаме еднаш си имаме признаено дека се свиѓаме и то..незнам што даље) и после као сме отишле негде во некоја шума ама златна и било лето прееубао било и сме слушале музика...еднаш сонував дека сум паднала во базен со фустан,а потоа сум умрела...еднаш сум сонувала како умрело некое дете на жици онакви со струја :$ ако не ве мрзи феминки драги може да ми ги одгатнете соновиве? фала однапред
     
  6. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Во последно време често сонувам смрт. :(
    Овие два сона дефинитивно ми беа најчудни.Значи нема да ги раскажам цели бидејќи беа долги,а сега немам време.Многу живописни беа,како филмови.
    1 сон. Бевме негде цело одделение,мислам со автобус и направивме сообраќајка и умревме.Потоа како да се разбудивме,не знам како да опишам и се прашувавме дали сме мртви,дали сме духови.Тоа беше вистина и после едноставно си се вративме дома и продолживме со "животот" како духови.Дејството на сонот траеше можеби неколку години,опишувајќи некои настани од мене и моите соученици како духови. :rofl:
    2 сон.Овој малку пострашен. Моментално читам една книга(криминалистичка) со сериски убиец и во сонот мајка ми беше убиец,односно убиваше на ист начин како тој во книгата!Јас живеев во страв дека можеби и мене ќе ми се случи нешто,бев ужасната. :tmi:
     
  7. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.605
    Завчера сонував како со друштво сме биле некаде на викенд. Ама претходно со дечкото сум била таму во истото тоа место, во истата соба. Креветите бил за никаде. Душекот кај што требало да спијам бил стар,мувлосан, искинат. Сум рекла дека нема шанси таму да спијам.Требало да дојде и дечко ми, ама не дошол. И јас да не бидам сама сум се фатила со друг. У меѓувреме дечко ми се предомислил, сакал да е со мене. А јас не сум знаела како да му кажам на тој што сум се фатила дека сакам да сум со дечко ми. (инаку имам проблеми со него, не знам на што сме) Исто сум сонував некое дете, трчало по трева. Било со мајка му, се смеело. И приметив дека патиките му биле соблечени, и скокал бос по требата и се смеел.
    Има ли некое значење сонов?
     
  8. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Сонував како гледам погреб и како во исто време ми кажуваат дека починала и некоја млада девојка.
     
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Смрт во сон не е ништо лошо, баш напротив, викаат дека го продолжува животот. А вториот сон ти е само потсвест од книгата, не се секирај за ништо. :)
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Сонував дека најдов рачен златен часовник но беше во вода паднат и беше застанат... На еден соновни ми пишуваше дека застанат часовник е смрт, па се исплашив... што би можело да значи според вас? да не знае некоја нешто повеќе...?? :sweat:
     
  11. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Сонував како ме киднапирале,сум успеала да избегам и при бегање се разбудив се штрекнав..знае некој што значи киднапирање? :( :tmi:
     
  12. Crvenata

    Crvenata Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    1
    На сонов бев многу под стрес. Беше дојден некој си пријател на татко ми, ама многу неубо претчувство имав за него во сонов. Извадив ножеви оти знаев дека ќе дојде повторно и нешто ќе се случи. Следниот пат дојде со уште еден, од прозорецот пукаа, видов два истрели едниот ме погоди др не.(пред да ме погодат и воошто да дојдат побарав од татко ми пари за куршуми, ама не стигнав да отидам до продавница) А родителиве мои не беа повредени. Премногу бев исплашена , викав помош и го опишував тој што ме погоди,дека е плав,дека е висок....
     
  13. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Прв сон- Патувавме со автобус многу луѓе одевме на некаква веридба и јас зборував со мојата баба и мислам за малку ќе се расплачев. Mислам дека луѓето носеа подароци а девојката што ќе се верела е всушност мојата комшика и имаше голем прстен на раката. На веридбата не отидовме пошто јас мајка ми и бабами по некое време се најдовме во болница каде што јас требаше да земам крв за да ми ја прегледаат. Пред да влеземе во болницата баба ми скина многу бели и жолти цвеќиња, лалиња или рози не сум баш сигурна и исто имаше некакви подароци со неа.
    Bтор сон- Со сестра ми се возевме во воз ама мислам без билети. Наеднаш влезе контролер па пробавме да избегаме. Tогаш ги видов мајка ми и татко ми во возот, подалеку од нас. Jас како што седев на една од столиците, на другата столица веднаш до мене беше еден плав дечко кој ми дувна во образот. Преку вецето со сестра ми слеговме во подрумот кој беше темен и тука се криевме. Приметивме се случил некој проблем горе во возот можеби експлозија некаква. Низ прозорецот влезе еден човек и продолжи нагоре, демек во возот а јас и сестра ми пеку прозорецот скокнавме и излеговме надвор, возот стигнал на нашата станица. Надвор ја бакав неколку пати сестра ми во образот и таа мене.
    Tолкувањена соновиве ? Fала :)
     
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Овие денови бура од сонови веке страв ме фати. Ако може некој нека ги протолкува

    1. Што значи да сонуваш некој да ти украде патики и да си купиш нови.

    2. Со дечкоми конечно се одлучиивме да се земеме

    3. Сум била во болница бидејјки не сум можела да дишам

    4. Нешто како матура да славиме , насекаде камери сите свечено облечени. БЛАГОДАРАМ
     
  15. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Сонував како да сум сакала да одам на некое место, но сум морала да поминам некои куќи кои имале високи огради.. сум морала да се качам на оградите и да влезам во дворовите па за да излезам на главната улица.
    Пред куќите измеѓу каде што сум стоела имало некој голем рид кој исто така бил заграден со ограда а внатре во ридот имало рој од птици кои стоеле на тревата, цел рид бил прекриен со нив.. речиси сите птици биле во сива или бела боја, редко по некоја имала црна боја.
    А од другата страна на оградата имало кучиња кои или ги чувале птиците или некои од куќите за да не може никој да помине. Јас сум стоела и сум се двоумела како да ги преминам оградите.. кога наеднаш од едната ограда скокнало некој човек.. мој познаник.. јас сум се насмевнала и сум отишла да го прашам за преминувањето.. после се разбудив.
    Што може да биде овој сон? :^)
     
  16. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    си поставуваш превисоки цели
    1. ништо 2. стабилна врска или твоја желба 3. оптеретеност, беспомоќност
    4. ништо не значи
    ниеден ништо не значи
    стрес, проблеми
    бегство од проблемите
    нема лошо значење, всушност нема никакво
    радост
    проблеми во врската
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    епа вака пред некоја вечер сонував како сум ја постирала на фб песната од тоше усни на усни тоа пред да идам да си легнам и следниот ден кога сум се разбудила сум имала кај 12 лајка ја да сум видела нели кој ми лајкнал и од тие 12 лајка има еден дечко т.е не ми се свиѓа нешто вака така туку симпатичен е само убав кој не очекував дека ке ми лајкне и гледам он ми лајкнал.. дали значи нешто сонов или не? xD
     
  18. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Сонував многу чуден сон :o
    Како да сум била на некое место, личело на шума.. како да било некаде во рајот ама не изгледало баш како рај, туку било темно и тмурно. И таму сите шетале во парови фатени за рака, сите парови речиси биле машко и женско а јас и мојата најдобра другарка сме нема пар.. Наеднаш од некаде се појавиле машки парови кои се држеле за рака, и ние со другарка ми сме се фатиле за раце и јас сум велела како можи да одат машки со машки и женски со женски и да бидат пар,
    и сум му велела на другите кои не гледале зачидено да не помислат погрешно дека ние сме само дргуарки И сме биле зачудени :o
     
  19. 12masima

    12masima Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    29
    Сонував цвеќиња многу , разноврсни цел двор. Ама тоа не бил мој двор.

    Што значи?
     
  20. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Мојот сопруг сонувал како шетале со неговиот најдобар другар и наеднаш другар му назгазил една змија за нејзината опашка. Маж ми видол дека змијата ке го касне на другар му и го турнал настрана. Во тој момент змијата се завртела на кај маж ми, а тој почнал да бега. Трчал и кога мислел дека се спасил и поминал без да го касне змијата, видол дека на раката е каснат од неа и се разбудил.