Сонував како братучетка ми добила кола од оние гребките што ги има во весникот време. Колата беше црвена и ја видов како и ја донеле.
Ај за сега еден пократок зашто ме мрзи другите подолги да ги раскажувам. Епа вака . Сонував дека сум била кај мојата почината баба што умре пред скоро 2 недели и сум седела со вујко ми и мајка ми на маса во кујна и вујко ми ни зборел нешто дека баба ми не е почината и дека ја фатило инфаркт или некоја болест ама се излечила или оживеала нешто ама дедо ми уште незнаел.. И рекол сега ќе се врати, ќе дојде дали отишол на лекар ли нешто не ми текнува и го гледам дедо ми така од надвор се слушаат чекори и некако ми изгледаше разигран, некако како да скокаше ко дете некое, насмеан, се смее и се смее и ми изгледаше на некој начин како помлад. И вујко ми рекол .. еве го иде. И дедо ми само што ја отвори влезната врата се разбудив... Што би можело ова да значи?
Сонот значи дека се обидуваш да ги доживуваш некои стари искуства и се навраќаш во минатото.Во обид си да живееш со брзо темпо,па затоа твоите соништа служат како твојот единствен излез со справувањето со обврските и чисто одмарање и релаксирање од бурниот живот. Да го видиш вујко си на сон симболизира нови идеи и поголема свест.Исто така значи дека треба да признаеш некој пораз. Сонот може да значи потрага по љубов и заштита.Сакаш повторно да ги имаш детските потреби и детскиот живот. Црвената кола е знак за енергија,сила,агресивност,храброст,импулсивност и страст.Самата црвена боја има длабоки емоционални и духовни конотации.
Фала ти многу Баге.. И некако ми има смисла сонов.. Баш ми треба љубов и заштита, неодамна се заљубив во некој недостижен за жал и осеќам дека ќе доживеам некој пораз. А ова со детствово, јас и фактички сеуште сум дете. Во минатото баш и не сакам да се навраќам и да доживувам некои стари искуства.. ама ќе видиме. Фала ти сепак
Еве јас пак да ви досаѓам Ми текна на уште еден сон... Јас и мајка ми сме излегувале надвор од кај баба ми ( таа што е почината ) и тогаш било приквечер и како што беше улицата ширинка, кругче.. и стигнавме до крајот на кругот и имаше уште малце да поодиме да искочиме од улицата и тогаш јас некако многу сум се исплашила и сум помислила дека некој не следи. Сум се свртела и на почетокот на кругот сум видела тројца машки, еден највисок, па понизок, и најнизок Ама така беа во сенка, а позади нив како сонцето да заоѓаше и не се гледаа ..како црни беа. И и викам на мајка ми леле мамо мене страв ми е, овие не бркаат. И пазете што и викам ајде ние да застанеме тука, да почекаме да поминат па ќе си идеме и мајка ми ладнокрвно, добро ми вика. И сме застанале. И од една страна наеднаш доаѓа тој што го сакам, ама така повозрасен што е и љубовта не ни е отстварлива.. и му викам леле мене многу ми е страв од овие, не следат.. И овој некако насмеан цел вика не се секирај бе, и ми дава рака се поздравува и уште неодоливо се смешка. И нешто збориме, што збориме кај си шо праиш, и мајка ми опет така ладнокрвно ни вика .. Што е ова бре ? И тогаш поминаа тие трите машки и го видов само средниот у фаца убаво така со очите омразено ме погледна, као ќе те убијам .. И го знаев коа ја бев петто он беше осмо.. ама шо небитна фаца ми бил , нз од кај ми се појави у сон И после тој што го сакам ме фати за рака и продолживме негде до крај на улица и мајка ми до нас и се разбудив. Знам дека е подолг, ама ако може што значи? Ептеен ме интересира.
Еве го најпресниот Сонував дека сум се исфарбала плава.. и се гледав во огледало, сите останати ми ја бендисаа косата.Потоа требаше да одам да се видам со еден дечко во Скопје и кога ќе видам боса сум хахаха сум претчала докај баба ми и она ми дава црни чизми, за број поголеми ама преубави високи над колена и сум тргнала конечно Ајде тумачењеее
просто неверојатно, сум сонувала синоќа дека сум имала анален секс и дека ми било убаво А искрено не можам ни да помислам во реалност
Сонував како трчам по угорнина,а пред мене трчат уште неколку луге а притоа си велам Е КЕ ГИ ПРЕСТАСАМ,КЕ БИДАМ ПРВА...и навистина ги престасувам сите и стасувам прва...што ми божело да е сонов ?
Што значи да сонуваш пијани луѓе? На некоја забава сите од моето семјство, блискиве и јас најверојатно сме биле пијани, и дечкото, а јас сум се нервирала зошто пијат..
што значи да сонуваш дека правиш муабет со бившиот и сегашната девојка,и си се шеткавме и убав муабет си правевме,а во сонот не сум имала никогаш ништо со него?
Сонот значи дека сакаш да избегаш негде за да уживаш малку самата со себе.Изморена си од секојдневниот живот,сакаш да бидеш сама Сонувањето анален секс претставува поднесување на некои ситуации.Како да се плашиш од туѓите желби и зборови,сакаш да останиш малку сама,доста ти е од довикувања од сите страни.
Јас често сонувам а соновите не би ги коментирала бидејки се вистински кошмари... Но пред некоја вечер сонував еден чуден сон. Како на екскурзија од клас сме биле во Токио и сме седеле во некоја училница и сме одржувале час онака на кратко и низ прозорецот јас сум забележала летачка чинија (жолта) и хиликоптери со страшна бучава... Кога поминало тоа наеднаш исто така додека сум била загледана низ прозорецот експлодирала бомба! се кренал огромен чад и оган а ние сме легнале наземи под клупите. Прозорците се скршиле но за среќа никој од нас не се повредил. Но кога сме оделе накај дома имало насекаде рушевини. Цел Токио (град) бил срушен. До згради до маркети, имало војна и милион настрадани жртви. Децата плачеле, родителите (се беше како хорор филм) но беше неописливо реално...
баге јас сонував многу темни облаци кои што се спуштиле и направиле торнадо, две биле едно понало едно поголемо ептен се улпашив од темните облаци, што би можело да значи? фала однапред
Сум сонувала дека сум била во пижами во центар. И тоа едни плави, без градник и долните пижами ми биле до под мишки кренати. Косата со тарзан фризура и боса. Сите ме гледале под око и ништо не ми велеле за тоа што сум во пижами, сум знаела и јас ама сум си молчела. Тука беше и момчето што го сакам, и тој ништо не викаше. После дојде еден другар со девојка му. Таа пак, со едно костумче пурпурно, па со светки. Ноктињата виолетови... светкави. Небаре лампион голтнала. Ениуан?
Сонував како седам со другарка и и барам некоја книга да читам, ми ја дава и ја отварам првата страница почнувам да ја читам и како што читам си ги замислувам случките и ми доаѓа како да гледам филм и стоеше едно момче и некој човек му ја пресекува главата и главата му паѓа па потоа и телото.. Толку многу се испчашив од сонов што ми беше страв да ги отворам очите, поодвратен сон никогаш не сум сонувала
Еве и јас знам нешто. Бидејки од дете сонувам кошмари па ги тумачам истите и најчесто ми се точни. Па мислам дека би можела да ти помогнам. Торнадата значат некој пресврт во твојот живот, преплет од одредени околности кои малку ќе те возбудат и ќе ти доведат некои непријатни ситуации. Инаку темните облаците, (барем јас кога сонувам) знам дека значат некоја тегоба, болка, тежина или само копнеж по некоја драга личност (дечко, некој близок со кој си се скарала од поодамна...).
Пижамите значат дека луѓето те озборуваат. Пурпурниот костим кој го носела таа девојка може да значи дека некој те лаже и ти ласка, само што ти тоа не го забележуваш.