Преку сонот можеби ти бара нешто. Дали за празници одите на гробишта? Доколку не одите можеби треба да отидете и да и однесеш нешто, да раздадеш на луѓе околу вас. Се сеќавам пред некое време мајка ми ја сонуваше баба и, и барала нешто, бидејќи таа е далеку погребана и немаме можност да отидеме, кога бевме на гробишта кај дедо ми, мајка ми запали свеќа и за баба и плус си раздаде за душата на баба и.
со дечкоми сум скарана пред некое време,тешко ми е сакам све да заборавам но постијано го сонувам, еднаш како седи и плачи силно го вика моето име во близина на мојата кука,и еднаш ккако го гледам насмеан со 2 плави нови девојки покрај него со понижувачки поглед кон мене...
Ги сонував мојата најдобра другарка и нејзиниот бивши.Сетоа тоа беше како во филм тој излегуваше од многу скапа кола. Тој пред сите другарки и велеше дека таа ќе прифати да се ожени со него и дека е сигурен во тоа. Дали некој го знае значењето на сонот?
Сонував дека сум одела кај моја братучетка, и на улицата нејзина имало мноогу коли, сите возеле премногу брзо, јас сум се плашела да преминам улица. Кога на крај се решив да преминам една бела кола многу брза ме чукна и со задникот сум удрила првин во чошот од покривот на колата а потоа (возејќи) ме исфрлила на ацвалтот и таму силно сум удрила со задникот. Бремена сум 3 месеци а и во сонот исто и сум ја барала на телефон матичниот гинеколог ама сум ја добивала постојано сестата и не сум можела да стапам во контакт со докторкава и сум била целата во паника Пред некој ден сонував дека сум крварела..
сонував дека сум дознала дека сум бремена и сум се сиплашила како ќе кажам дома. Ете сега се разбудив мислам уште ја чувствувам таа тежина.
По втор пат се сонувам како мало дете, каква што бев...И двата пати во сонот го гушкам детево (малата јас), го заштитувам... Некој да не има вакво искуство, да знае што значи? Фала
сонував како сум имала облечена во здолниште како за невеста,но нагоре како црн корсет ама фустанот ми бил таков долг,не ми бил невестински бидејќи некоја моја другарка ќе била невеста а не ја видов и не знам која,и некако сум отишла од дворот на едната до дворот на другата другарка требало една од двете да биде невеста
1.Бев кај некого дома не знам кај кого.Имаше еден дедо така постар.На ѕидовите имаше залепено некои како слики,како постери што знам што беа.И имаше музика пуштено,но оние од порано што ги слушале. Јас почнав да плачам,мислам дека тој ми раскажуваше за порано,но јас се утепав од плачење.Потоа погледнав на часовникот и видов дека е 5 часот,викам лелее касно многу,но кога пак да погледнам било 00:05,ми олесна.Излегов надвор,но кога излегов тоа веќе беше мојата куќа,од моја врата си излегов. Си ги барав чизмите,но никако да ги најдам,се симнав на долниот спрат,но надвор и ги барав.Тука се најде братучедка ми и ми даде едни мали бебешки кондурчиња.Јас целата во прашалници и велам ова не се моите чизми,а таа ми вели ама твои се.Ги облеков и на ногата ми делуваа како многу мали балетанки кои ми беа точни.Подоцна си ги најдов чизмите. 2.Во некој тревник имаше огромни коза и јарец,ама баш огромни со мали јариња околу нив.Јас бев тука со мајка ми и татко ми.Имаше едно дрво тука си стоев до него.Јарецот маваше со камења кон татко ми,а тука беше и таткото на дечко ми.Само така си одеше.Јас и мајка ми си стоевме позади дрвото и му велевме на татко ми да дојде. 3.Не знам каде бев со дечко ми,бевме заедно,ама имаше мушички низ нас тука летаа.хаха
Што значи на сон , Спијав и слушнав силен удар од сообрајќајна несреќа која се случила во близнина на мојата улица. Се исплашив и се разбудив. Автобус и кола мислам дека се судриле. Имало 13 загинати. Бројкава ја запамтив.
Сонував како ми ја истрижиле косата скроз кратко мислам рамно и ко се разбудив клоцав од нервоза за косата, а во сонот незнам кој беше фризеро и му се изнавикав се шо ми дојде на уста и му реков дека повеке кај него не одам да се стрижам, иначе имам долга коса до половина, црна. Дали некој знае што значи ова?
Сонував како сме правеле математика тест и јас сум добила 1 али нешто професорот пак гто прегледал тестот и ми ставил 2.Стварно треба да правиме тест али не сум нешо под стрес за да сонувам.Тоа е или има некоја позадина сонов?
Сонував дека сум си купила сребрен приврзок буквата К ,која е буквата на мојот прекар. Потоа сум влегла во некои огромни подземни простории каде се собирала целата сиромаштија за да јаде по поевтини цени .Јас сум имала многу пари и на сите сум им плаќала јадење и кафе.
Ај ве молам толкување на сонов кој ме мачи некое време и ми се повторува... Вака креветот ми е под прозор, и во сонов сонувам како некој постојано од надвор ме слика и ме следи..значи како лепенка а јас дојдам дома некој од далеку гледам како ме гледа и ме слика во секој момент..некогаш не е една личност..туку повеќе, се машки..некогаш возрасни некогаш деца или мешано..ноќеска на пример дури ми застанаа на прозор да ме гледаат и да ме сликаат.. Ликови не препознавам,не ми се познати... дури и како на моменти да не беа луѓе..Она што е интересно во сонот неколку пати го викав татко ми да му покажам како е тоа..значи јас сум му кажувала што се случува али он кога ќе дојдеше со брзина на светлината тие исчезнуваа..му викам абе овде беа..не ги ли гледаш..и јас гледам преку прозор и сенките им ги гледам како се кријат позади куќа..а он ништо не гледа...се ежам од сонов...МЕ ПЛАШИ
Ај и јас да си го кажам мојов сон Го сонував бившиот дечко на истото место кај шо го сретнав пред 3 дена со неговата сегашна девојка ми рече че те земам со колата чекајме на едно место а незе ке и кажам дека е готово (во таа смисла) дури праевме муабет јас му реков незнам зошто ама засекогаш ќе те сакам тој рече несто како чудна работа и јас тебе НЕКОЕ ТОЛКУВАЊЕ ептен ми е мисла?
Се враќав од школо,ама незнам што ми текнало сум се враќала од задната страна на влезот.А таму наркоманки се собирале,и одев полека и од заедничката визба излезе чупе со шприц во рака.И ми вели -Те молам,собери она што го оставив внатре,јас морам да одам, Јас-Извини но ќе те одбијам -Те молам,те молам.-и ме фати за рака ,а во другата шприцот го држеше и мене паника ме фати. -Добро,добро,ајде сега чао-и избегав. Таа си го шприцна шпризот и на земја легна.Бев збунета и со трчање горе,дома. Еден спрат подолу од нас гледам на вратата кључ и се зачудив.Бидејќи комшиите ова време се Германија. И отидов до дома ја оставив чантата и на моите им велам: -А бе овие германците изгледа се вратија,на вратата однадвор кључ имаше.Одам да проверам. За наркоманката ни збор не кажав. И одам долу и го вадам кључот и вратата отворена и внатре отаварм и видов германците се вартиле и некои од другарите таму. И се разбудив .Ух каков кошмар беше со наркоманката.. Спојлер Тато рече дека тоа што сум се вратила од задната страни значи дека ќе имам дилеми.А вратата дека пред себе имам отворени врати. Што мислите што значи?
Многу чуден ми беше сонов,всушност ова ке ми е како прашање. Значи не се многу битни деталите-сум била в школо и сум носела мајца и сум имала заврзана марама околу вратот.И мојот професор по Италијански ми ја заврзал уште повеќе и сум почнала да се гушам.Незнам зошто и како марамата ми била поврзана со панталоните и не сум смеела да се мрдам за да не се задавам.И јас одеднаш се будам односно не отварам очи само знам дека сонувам бидејќи мајка ми ме вика.Значи знаев дека сонував ама бев тешко уверена во тоа дека стварно ја имам марамата,а и навистина нешто ме гушеше.Несакав да се мрдам бидејќи,како што реков,милев дека ке се задавам.Но,тогаш отворив очи и видов дека раката ми е точно ставена на гркланот и јас легам на неа и затоа ме стискалу и ме давело. Прашањето ми е-дали се ова знаци на месечарење? Затоа што исто правев и во сонот-не се мрдав,само седев на столче,легајќи на школска маса и не се мрдав.А всушнот јас сум легала и не сум се мрдала на кревет и рацете во иста положба како и во сонот на масата што сум ги ставила-под главата. Зарем месечарење не е да ги правиш истите постапки како и во сонот само што во сонот се различни места и различни случувања-но ти ги правиш истите постапки(одиш,јадеш,бла-бла...)? Можеби малку глупо звучи,ама не е дека не е можно,бидејќи имам (бивши) месечари во семејството.
Сонував како во некоја бања имало многу бремени жени, со многу големи стомаци. И јас сум била бремена. Некој го извадил бебето од мене и само го гледам дека мрда и пак ми го вратиле внатре и чувствувам како се мести тоа внатре и само се смирува и јас си викам ,,добро е сега ке спие се намести внатре''. И кога требало да се породам, сама ја вадам главата на детето(кое било многу многу малечко) и наеднаш го вадам цело од мене, и не плаче. Го зема една жена го потресе за нозете ама не заплака бебето и јас тогаш ја прашав мртво ли е?Инаку бебето беше помодрено цело. И толку беше сонот.. ми ѕвонеше алармот