Сонував дека боледувам од една болест,и се сеќавам на тоа дека и викав на мајка ми да ме однесе на преглед затоа што ја поседувам болеста...што може да значи,или нема некое значење..?
1.Значи вака одев по мојата улица и сите соседи беа на своите порти.Поминувам покрај една куќа и соседот имаше бебенце во рака и вели види даде гледаш даде хаха.Јас само се насмевнав и си продолжив.Речиси сите други имаа бебенца во раката.Јас само одев по мојата улица,а во рака држев алишта на бебенце. 2.Бев некаде на одмор со фамилијата.После дојде и дечко ми.Си бевме во една наша соба и ..... .Потоа ми се чини зборував на телефон,дека сите други,мислам фамилијата моја ќе си оди дома,а дечко ми ми велеше што има врска јас и ти ќе си останеме тука и така и беше. 3.Сега ова како надополнување на сонот пред тоа.Седиме некаде надвор со фамилијава моја и гледаме како мали островчиња,што беше прекрасно.На едното островче имаше прекрасна викендица,но и како кулички направени од песок,а песокот ми се чини бел беше.Одеднаш видов како еден гулаб беше таму,но беше бел направен со песокот.Така си гледавме,и на едниот остров имаше облак,онака си врнеше.Како што седевме,правев муабет со едно слонче ,значи беше како мало детенце облечено во костум од слонче,бидејки му ги гледав рачињата.
малце е... незнам како да се изразам ама неколку пати како и минатата вечер имам сонувано како серам што може да значи тоа??
Значи имам дечко но веќе два пати го сонувам детето што се вози ссо нашиот автобус. СОНОТ: детето легнува до мене ме гушка,сакал да ме гушка,а надвор се случувале убиства.. толку...а така ми остави впечатокк. вториот сон сака да си оди со мене истото ^дете јас да сум го однела дома..
Вака значи спиев попладнето и имав кошмар.Потоа боќта кога спиев имав 3 кошмари по 3 будења.Значи го памтам овој некако во слики,памтам и уште еден од трите целосно меѓутоа нема некое посебно значење.За првиов имам некоја замисла што би значело,меѓутоа не баш.Така да,ќе ви го раскажам па дајте ми неко мислење. Вака... Во сонов по не знам кој пат ми се појавува мало змииче потечно поголоме од новороденче.Инаку,јас имам многу голем страв и одвратност од змии,било какви.Е сега во сонов има една карпа и вода пред карпата.Кога змиулчево ќе е на карпата,јас сум во вода и обратно.Не ми текнува баш,како што реков само слики ми доаѓаат,меѓутоа мислам дека се судривме со змиулчето еднаш и потоа како да се претвори во некој чуден инсект што лета зелен со жолти дамки и ме боцна на главата и се разбудив.Иако не сум сигурна дека смиулчето се претвори во инсектот,но сепак.Има некој претстава какво значење би имал сонов?Знам дека беше мнг брзо разминувањето од карпата и водата и бев некако збунета,но многу беше реален сонов,а кога ме боцна инсектот бев многу исплашена.
^Да но таму не се пишува сонот,туку зборчињата(предметите) што си ги видел на сонот нивното значење.Ама треба некој кој знае да ги вклопи во целина
Сонував како сум го изгубила најомилениот пар старки, и сум ги барала, сум ги барала.. и на крај пак не ги добив назад. А вториот сон беше нешто дека мн. луксузно сме живееле со семејството, изгледаше како некој футуристички луксуз, преубаво беше... Anyone?
Бев во спортска сала,мислам онаа во мојата населба и правев шпага(не знам да правам шпага),во сонот ја направив перфектно и некои пријателки ми велеа еее види како ја прави.Потоа излегувам надвор да видам ли нешто што беше не знам и гледам снегулки,а топло беше времето.Инаку ова со снегулките така навечер го видов ми се чини.
Mislam deka mozat da predvidat eve eda moja slucka: Bev 7mo i ja sonuvav BABA MI mrtva. I utrovo stanuvam i slusam tatkomi zboruva na telefon: Kako umre? leleee. to e , bog da ja prosti.. Me lazea deka taa e na bolnuva ama svativ, i mi kazaja po nekolku nedeli
Го сонував the weirdest dream ever! Сабота е, се спремаме со другарките да излеземе. Одиме на диско, а диското е всушност во школото кај што учам, во кабинетот по математика. Невермајнд тоа.. Си седиме само девојчиња од класот, сите дотерани со штикли и слично и си пуштаме музика на лаптоп. Другите ученици си одат на школо, облечени нормално, во школска облека. Само ние во штикли и фустани, т.е на диско. :geek: После тоа ми се јавува братучед ми и одеднаш одам некаде со него. Се возиме на велосипед, јас со фустан и штикли седам на багажник и тој ме вози.. одиме накај гробиштата во нашиот град. И одеднаж трет сон, тоа сето измешани тие соновите беа. Овој сон, како филм беше, добро ќе е филм да направат по сонот. Жена, заљубена во некој ајде ќе го наречеме Њ. Одеднаш имам блекоут во сонот, не се сеќавам на еден голем дел. Ама сега јас се вкучувам во сонот. Сакам некако да ги смирам, го испраќам тоа девојчето заљубено во Њ до дома, летаме.. т.е јас летам со неа во раце. И ја оставам на терасата, таа ми кажува дека е лезбејка и дека не може да биде во врска со него. И јас сакам да одам во диското, било веќе после полноќ и си велам сум ја пропуштила цела забава и сакам да одам во школо (читај диско). И доаѓа еден автобус, а од страна на автобусот доаѓаат едни змејови, значи огромни беа. А улиците беа многу мрачни, страшно. Ајде некако се средило тоа, се појави баба ми во сонот. Влезе во некоја куќа и кажа ќе си оди дома, океј тоа. Стигнувам во некој замок, огромон таму треба фактички јас да живеам. И доаѓа таа жената, моментално почнува по нас да лае едно црно огромно куче. И ние го земаме кучето за ланец и го носиме да ни покаже траги од тоа кај може да биде Њ. Кучето надушкува нешто и не носи до една долина. Долу имало како река нешто и таму се гледаа околу 3 сенки како разговараат, тоа беше нај морничавиот дел. И кучето некако, ја одвелкува таа заљубената во Њ и ја носи по едни скали, таа погледнува на горе и таму е Њ, ја чека. Заборавив да напоменам дека носеа широки фустани. Сонот немаше да биде толку страшен да не беше такво времето, мрачно, беше после полноќ а имаше сиви облаци, како кога има невреме. Многу страшно. Не барам толкување, не дека и некој ќе може да го толкува ова чудо. Ама морав да го споделам со вас, чуден сон, нај чуден до сега. Сакам секој ден вакви сонови..
Конечно се случи! Конечно сонував нешто убаво... Ех да беше реалност... Си седам јас во дневната и до мене застанува стара жена (пред некој ден ја видов на плакат, почината била). Женава во рацете носи малечко гепард, и оддеднаш на стол се појавуваат некои дечки, ко во школо. Женава вели "кој ќе сака да го погали", и јас веднаш пружам раце. И тоа и јас нервозни но потоа се смируваме. Сѐ исчезнува, се појавуваат фотографии од гепардчето како си игра. Ко на скајп нешто (а скајп немам), и така јас и тоа си разговараме (на Англиски). Нешто ко "U're my best friend, I miss you. ". И јас му велам нешто ко "I hope your mum will let you come here for the summer". Одеднаш кај нив пустина и тоа е жедно. Е послето бев со школските (машки). Нешто ко кампови имаше, а само јас женско. Одам нагоре по една улица и кучиња! (германски овчар поточно). Јас скокам по тоа камповите ко луда, па послето сме во школо. ете ти ја онаа наставничката што се породи. Ја гледам школската и скокам од среќа. Се дерам да ме слушне и скокнувам до неа. Ѝ кажувам дека Мацето (така ја викаме наставничката) се вратила. Ете ти ја Мацето, не успеала да симне килажа (пред некој ден ја видов, стапче слаба). Послето ете нѐ во училница Италијански, цел клас. Доаѓа една и ни вели "одсега јас ќе ви. предавам, Мила ја нема". После се спремаме за некаков групен проект, пак со машките. Сѐ ми беше измешано, но барем не беше кошмар.
Не можам да најдам во соновникот, запросување... Незнам од каде ова, ама, лежиме со дечко ми на кревет и одеднаш ми вади прстен и ме прашува дали сакам да му бидам жена... Следна сцена ми се јавува бившиот, мојот прв дечко со кој одев 2 год и ме вика кај него да ми каже нешто. Од нигде и никаде, ниту го имам видено, сретнато во скоро време, ништо. Одам кај него и ми вика знам дека имаш дечко ама... и тој вади прстен и ме бара за жена. Двата прстени ги носам на двете раце, тој од сегашниот дечко е потенок и ми се гребе, а тој од бившиот дебел, голем прстен, ни да мрдне од прст. Е ај сега