Мајка ми вели болест.Ја сонував вујна ми како невеста и стварно се разболе.Колку е ова вистина и поврзано не знам.
Ќе се пазам..ама сепак мислам дека ми е од тоа што бев напната и требаше да ми дојде...и баш сабалјето пробило...како и да е,се ќе биде во најдобар ред..верувам
Ноќва сонував како сум отишла пред станот на мојот бивш. Меѓутоа пред да тропнам, ѕирнав и видов дека цел стан беше празен. Се беше провидно и стаклено, а нели не може да се види однадвор какво е внатре на јаве... потоа излезе од некаде жена, и ја прашав каде се станарите од овде и зошто се иселиле. Таа ми кажа дека се иселиле зошто имале проблеми, многу се карале со татко му но не ми кажа каде се преселиле веројатно тогаш се разбудив или се прекиина сонот. Што би можело ова да значи? Одамна не сум запаметила сон па ова навистина ме здрма.
Сонував прстени сум имала на рака много убави дијамантски 3 имав на левата рака 3 на десната како доринда бев .
Сонував дека имало собраќајка кај мене пред зграда и бил прегазен човек. Сите луѓе биле собрани околу него а јас и моите родители сме се спремале да одиме на некаква забава и кога сме слегле и сме го виделе одма сме се испаничиле, јас сум се згрозила бидејќи видов малку крв од далеку.. и ништо не испаднало од излегување. Што значи?
Што значи на сон да си купиш прстен и горниот дел му се отвараше на прстенот имаше како топче и можев да го отворам ..а друг сон сонував куп тетратки напишани се среќаваше и по некоја празна тетратка Значење ?
Овој е всушност на другарка ми. Сме биле на училиште и јас сум седела до Него. Потоа сум станала и таа (другарка ми) седнала до Него и тој ја гушнал. Потоа таа му рекла да си го смени однесувањето со мене (скарани сме) и му се заканила. Потоа таа станала и тој ме викнал да седнам до него и ме гушнал и ми рекол дека сака вака да останеме засекогаш, потоа сакал да ме погали ама ме удрил, јас сум вратила и сме се степале Потоа сме се простиле и таа сакала да не слика ама се разбудила
Бев во мојата соба,си лежев на креветот,а на подот имаше две кебенца постелено и лежеа дечко ми и братучед му.Светлото беше изгаснато,но собата беше осветлена од прозорот,од Месечината.Си лежевме така и си правевме муабет.Гледавме надвор кон прозорецот.Одеднаш видов како координатен систем направен од ѕвезди и тука во средината некаде една многу светла и голема ѕвезда.Им велел видете видетее каквоо е.
Хмм куп напишани тетратки би значеле завршени поглавја во твојот живот. А празните тетратки дека ќе започнеш нешто ново. Убав почеток на нешто ново и оставање на завршените работи во минатото. За прстенот не знам да ти кажам за жал
СОНУВАВ ДВА ЗЛАТНИ ПРСТЕНИ СТО Е ТОА И КАКО СУМ БИЛА МАЗЕНА ЗА НЕКОЈ ДРУГ ЦОВЕК И ОД ТОЈ СУМ ИМА ЛА ДЕТЕ ТОА СЕ ДВА СОНА ФАКТИЦКИ ,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,, МОЛАМ ЗА ОДГОВОР ,,,,,,,,,,
Јас сонував дека сум била некоја позната личност и кога сум минела на некоја улица толпа од деца почнале да трчаат по мене и јас сум влегла во фризерница и сум и рекла да ме постриже но не ми била за пострижување и само ми ја испегла и бојата не ми беше иста туку темно кафена ми била, што значи ова?
Јас пред некој ден сонував дека сум била бремена, ама не ми се познавало и некаде до последните денови не сум знаела дека носам бебе. Сум го родила лесно, ама тоа што искочило од мене беше жив ѓавол!!! Беше машко, и следната слика на која се сеќавам е како јас пробувам да го дојам, моите блиски роднини се собрале околу мене и се смеат, а јас мака мачам да го натерам да цица. Бебето имаше таква ѓаволска фаца, и постојано рикаше како магаре некое, ми се смееше во лице дека нема да го натерам да цица, и се сеќавам дека кога пробував да го дојам, осеќав голема болка бидејќи ме гризаше и млекото од градите прскаше насекаде. Јас бев многу нервозна и разочарана, а сите околу мене се смееја. Ако може некој да ми го објасни значењето на мојов сон, би му била благодарна.
1. Sonuvav kako doznavam deka sum bremena i nosam bliznaci. Pocnav mnogu da placam i da i kazuvam na majka mi deka ne sakam bliznaci no deka sepak ke gi rodam. 2. Sonuvav kako tatko mi mi kupil pezo 206 (se izvinuvam za latinicava)
Бев како во некоја сала се возев на оние коњчиња што се за мали деца.Но јас не седев на тоа,него стоев и бев цела облечена,а на нозе боса.Се вртев така и го гледам бившиот со еден мој школски.Ме виде и веднаш отрча да земе карта да се качи.Како што се вртев,тоа почна побрзо и побрзо.Се симнав и видов една моја другарка исто тука беше како не некои ролерки качена и и велам од каде ги зема,вика оди онде и ми покажува.Отидов таму,тоа беше 100 ден,а јас извадив 500 и таа ми вели демек како нешто немала ситно и и велам тогаш по 10 ќе то ги дадам.Рече ок.Како што стоеше жената позади неа имаше ланчиња со крст,алки со крст и сл.И јас ја прашувам а имате ли нешто како ланче или не знам против уроци.Таа почна да ми кажува нешто,како демек на синот ќе купела не знам што ништо не ја разбрав. А на излегување од таму,како да излегувам од некој манастир. Се најдов одеднаш во мојата соба,мајка ми мислам дека чистеше,а јас се помолив така седната и се прекрстив 3 пати.Мама ме виде другиот пат но ништо не ми рече. Сега бев кај една моја другарка и на креветот имаше бебенце.Само што ќе му речев нешто,ќе го закачнев,веднаш се смееше.И велам лелее колку се смее,ама многу е бело бебчево.Имаше едно не знам како да го опишам за надвор да го носиш,но многу чудно беше и големо. Сега со друга моја другарка не знам каде го носевме бебето.И отидовме некаде и го заборавивме и потоа велам ејјјјјј бебетооооо и гледам розева количка една жена ја задржи,но количката почна да се лизга надолу и јас истрчав и го фатив.Потоа се наоѓаме на истото место,но ова бебево сега беше дете поголемо,јас и другарка ми исти,и таму каде што бевме малку беше поразлично.Го возев во друга количка и дојде еден и ја направи количката инвалидскааа и му веламмм амаааа ти нормаленнн сии не така и ја вратив како што треба.
Овој период секоја вечер сонувам по нешто, ама баш секоја.Во соновите има најчесто случки од секојдневието, ама малку испреплетени и зачинети со нешто безврска. Порано не беше вака, ептен ретко се дешаваше да сонувам нешто, а сеа секоја вечер. Што би можело да биде?
Сонував како две мачки цело време трчале по мене, дури страв ми било не можев да се оттргнам. Сонував зет и невеста како кумови да сме биле.