Вака дедо ми моментално е болен и знам дека е нешто сериозно ама никој не сака да ми каже ни моите затоа што си го сакам како татко, а тие нејќат да ме загрижат и да ми кажат затоа што сум многу чувствителна. Епа вчера сонував како мајка ми ми кажува дека дедо ми умрел и ми рекла да одам да го видам и ја сум отишла и тој само зборувал и се виткал од болки и цел бил вцрвенет кожата му била сува имал прстен на раката ама прстенот беше некако необичен и доста чуден, и тој умирал јас сум го гушнала и сум му рекла ти си ми се незнам што ама џабе..Некој да ми објасни ? Само побрзо девојки ве молаам.
Несакам да ти давам лажна надеж, но јас од кога ја сонував баба ми умрена поминаа 7 години. Тоа беше оние денови од кога го погребавме дедо ми, јас ги сонував баба ми и дедо ми, како дедо ми зборува со татко ми за погребот на баба ми. Кога им го кажав сонот на домашните ми кажаа дека на тој начин се продолжува животот на баба ми. Баба ми е жива, се надевам дека и со дедо ти се ќе биде во ред.
Бев надвор.Навечер беше.Мислам дека со братучедка ми бев.Гледав кон небото,имаше ѕвезди. Одеднаш видов ѕвезда како паѓа и си замислив желбата.Но,не и кажав на братучедка ми,бидејки нема да ми се исполни желбата.Само гледав и се насмевнав.
Сонував две машки бебиња, близнаци. Но едното бебе не било во ред и сме се обидувале да го спасиме, но не сме успеале...
1.сонував како брат ми донел бремена мачка и се породила ама некако сум чула како брат ми ги убил маченцата а после гледам дека се живи и сум се грижела за нив 2.сонував како готвам нешто со тесто а имало гости кај нас со мали деца и децава само се врткале околку мене и прашувале кога ќе биде готово
Сонував дека сум одела по некој рид и имало многу змии во тревите, шарени во секакви бои.. големи, мали.. јас сум се плашела и сум бегала.. Една од нив ми се обвиткала на ногата но сум успеала да се спасам.. Што значи???
Сме се пресоблекувале за на физичко, и сум слушнала дека некој иди накај пресоблекувалната и одма сум истрчала да стојам на врата бидејќи немаме клуч, но кога влегол еден соученик што го мразам нааајмногуу, како да не сум се обидела да го избркам а по долна облека сум била (поточно сите девојчињата бевме) и ми било некако сеедно..
Сонував сум јадела големи боровинки ама биле толку многу големи што сум се чудела дали воопшто се боровинки... Биле премногу скапи некој старец ми ги нудел и ми раскажувал какоги собира и зошто цената им е толку многу висока. Сонував дека сме биле во некоја нова куќа со дечко ми сме се вселиле таму ме оставил а тој со кола заминал,имал нешто работа цела куќа сум ја разгледала и сум одбрала како ќе ги подредуваме собите... По некое време се појавила некоја старица која ми раскажувала како и било когаа таа е свелила во куќата,сум била лута што дечко ми одлучил да живееме во куќа каде што има стари луѓе .... ме пратила и постојано ми била зад грб и ми зборувала ,кога сум отишла на кревет да легнам таа била таму ,веќе спиела ... Што сон ли ќе беше оваа,цела ден ми се врти во глава Овие 2 сона ги онував синоќа ... Секогаш после таквите чудни сонови денот ми е расипан и се чуствувам многу неубаво Знае ли некој да ми ги претолкува ?
Сонував мн убаво бебе како гушка некој (НЕпознат ) и се срами од мене . Има ли некое значење ? :geek:
Велаат дека кога сонуваш како некој умира,му го продолжуваш животот,односно му се живее. А ако прстенот бил златен, означувало тешкотија
Сонував како се наоѓам во школо и сум се зезала со едни машки, а до мене одела другарка ми. Некој рекол да не одиме на долниот кат бидејќи имало рој оси. Сепак, ид љубопотност ние две сме се симнале по скалите. Сме ги виделе осите и ај да се вратиме. Неа ја боцнала една и таа почнува да писка. Се враќаме по скалите нагоре, таа исчезнува.. Ај значење
Дали ви се има случено, веднаш штом заспиете, да ви се вкочани целото тело,слушате пискотници,гласови,притоа сте свесни за се,а не можете да се разбудите, ?? ако му се има случено некому и знае некој што значи ова.... Хелп
Имаш таква тема drugata-nauka/sleep-paralysis-paraliza-vo-son-t4726/ Но еве што најдов Парализата при спиење е парализа поврзана со спиењето и може да се појави кај нормални субјекти или да биде поврзано со нарколепсија, катаплексија и халуцинации. Психолошката патологија на оваа состојба е тесно поврзана со нормалната хипотонија што се појавува во РЕМ фазата. Кога се смета за болест, парализата за време на спиење се класифицира како MeSH D020188. Некои докази сугерираат дека во некои случаи тоа може да биде симптом на мигрена.Психолошки, парализата при спиење е тесно поврзана со РЕМ атонијата, парализа која што се појавува како природен дел од РЕМ спиењето/фазата. Парализара при спиење се појавува и при спиење и при будна состојба. Кога се случува по заспивањето, лицето останува свесно а телото е исклучено за РЕМ фазата и се нарекува хипнагошка или преддормитална парализа. Кога се случува по будењето, лицето се освестува пред РЕМ циклусот да заврши и тоа се нарекува пост-дормитална. Парализата може да трае од неколку секунди до неколку минути.во текот на кои лицето може да доживее панични симптоми. Како што покажува споредбата со РЕМ фазата, сеуште е можно да се случи мрдањето на очите за време на вакви епизоди. Кога има отсуство од нарколепсија, парализата при спиење се нарекува изолирана парализа при спиење. (ISP). Парализата може да биде придружена и од страшни халуцинации и привремено чувство на опасност. Парализата е особено застрашувачка поради реалистичноста на таквите халуцинации. Елементот на халуцинација кај парализата при спиење уште повеќе наведува лицето да го интерпретира искуството како сон затоа што замислените или објектите од сонот можат да се појават во собата во нормалниот видик на лицето. Одредени научници сметаат дека оваа состојба е објаснување за вонземските опседнувања и средби со духови. Студијата на Сузан Блекмур (Susan Blackmore) и Маркус Кокс (Marcus Cox) на универзитет во Западна Англија ја поддржува претпоставката дека изјавите за вонземски опседнувања се поврзани со парализа при спиење, а не со привремена мозочна лабилност. Неколку студии заклучија дека скоро сите луѓе доживуваат парализа при спиење најмалку еднаш или двапати во животот. Студијата спроведена од страна на Sedaghat F. et al. Ја истражуваше распространетоста на парализата при спиење кај иранските студенти по медицина. 24.1% од студентите доживеале парализа при спиење барем еднаш во нивниот живот. Истиот резултат се покажа и кај студентите во Јапонија, Нигерија, Кувајт, Судан и Америка. Многу луѓе кои вообичаено доживуваат парализа при спиење, исто така страдаат и од нарколепсија. Панични нарушувања заедно со парализа при спиење почесто се појавуваат ка Афро-американците отколку кај кавкаските американци. Некои извештаи велат дека одредени фактори ја зголемуваат склоноста кон парализа и халуцинации, како што се: Спиење со лицето нагоре или легнати на плеќи Зголемен стрес Нагли промени на околината или начинот на живот Луциден сон што непосредно се случил пред епизодата. Претерано користење на алкохол и недостаток од соодветно спиење. Кај муслиманските култури во Јужна Азија (Пакистан, Бангладеш, индиски муслимани), парализата при спиење се сметала за средба со зли духови (djinns) и демони кои го опседнувале телото на човекот. Во Пакистан, како и во Иран, овој зол дух е познат како 'bakhtak' (Urdu: بختک). Исто така се претпоставува дека оваа состојба е предизвикана од црна магија од страна на непријателите и љубоморните луѓе. Магиите, баењата и клетвите можат исто така да предизвикаат лоши духови кои што ги прогонуваат луѓето. Некои куќи и места се исто така опседнати од зли духови, сатански и други надприродни суштества кои ги прогонуваат луѓето кои што живеат таму. Суфисите, муалаите, факирите или имамите вршеле егзорцизам врз лицата кои што се опседнати. Луѓето, особено малите деца, носеле талисмани и амулети за да се заштитат од злите духови. Домовите, куќите, зградите и земјата биле благословувани и осветувани од страна на суфисите, мулаите или имамите со читање на Куранот и Езанот (Урду: أَذَان), исламски молитви рецитирани од страна на муезините.Во турската култура, парализата при спиење често се опишува како "karabasan" ("Темниот притискач/assailer"). Се верува дека тоа било суштество кое што ги напаѓа луѓето додека спијат, притискајќи ги нивните гради и одземајќи им го здивот. Сепак, народните легенди не докажале зошто демонот го прави тоа.
Сонував големо куче Доберман, како ми р`жи и ме напаѓа. Ми рипа врз мене озгора, сеа не памтам дал ме гризна или не, мислам се разбудив во тој момент од страв веројатно. Што значење би можело ова да има??
Сонував како одеме со другарка ми накај тренинг кошарка, а јас бев со ролери. И по патот имаше еден навистина голем и страшен инсект кој леташе накај нас, ама му избегавме (имам фобија од инсекти). Потоа бевме на школо, носев репче и инсектот ми беше во репчето. Морници ме лазат кога ќе се сетам. Беше голем и грозен инсект и ме беше страв да го извадам и само викав Значење?