1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    :o :o
    Сонував како сум кај една другарка и одеднаш ми кажуваат дека некои нешто како духови дошле по мене, тие сакале да влезат во собата и мене ми било многу страв. Тие влегле 1 маж со долга коса, црни очи и околу очите црн, ланче златно со крст, а и црн долг мантил. После него уште една жена, но не се сеќавам на неа, а и имаше трета личност ама не ја видов.
    И тие сакале да ми прават нешто, тука имам дупка во сеќавањето.. Но се сеќавам како бегам низ прозор а овој првиот маж сакал да ме фати.
    А кога сум скокнала низ прозорецот надвор времето било мрачно, портокалово.. многу чудно. :worried:
     
  2. loveyou313

    loveyou313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    4

    Не прстенот не беше златен некако матно ми беше во сонот и не ми текнува ама беше необичен прстен.Ништо посебно беше, како сребрен така нешто.
     
  3. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    А што значи да се сони човек кој на јаве има брада , ама на сон ја избричил и облекол костум ??
     
  4. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Сонував како сум била на свадба кај една другарка од средно.. ?
     
  5. sweetgirl77

    sweetgirl77 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    12
    Пред некоја ден сонував како прстенот кој ми бил на раката ми се скршил.Погледнав на раката и видов дека е скршен инаку тој прстен навистина го носам знае ли некој што значи сонот?

    И ако може да ми кажете што значи да плачиш во сон?
     
  6. tigarche

    tigarche Активен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    1
    3 пати по ред ја сонувам братучетка ми како е бремена. Инаку она има 2 машки деца.А пред 6 месеци се породи со второто дете и оттогаш 3 пати ја сонувам дека пак е бремена. Што може да значи?
     
  7. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    последно време сонувам соништа што не прават никаква смисла ..
    ок може да звучи многу глупо ама еве што сонував вчера :
    јас , татко ми и axl rose ( dont judge me :D ) бевме во камп .. и врнеше надвор снег , беше 1ви април ( другата ден навистина беше ) и сите требаше да се маскираме .јас се маскирав во slash :tmi: и после таткоми снег чистеше. после сонував јас како бев облечена во црвен фустан и одев нашколо и прававме тестови ама цело време нешто загрижена бев и потоа излеговме надвор и ги гледав некои луѓе што сум ги гледала во минатото. и се разбудив
    ништо смисла не прави и кога ќе го читаш вака иде многу глупо ама се вака нешто без врска сонувам :worried:
     
  8. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Ако чистиш снег (во случајот татко ти) - непријатни искуства
    Ако си на испит - ќе преживееш сериозен проблем
    Црвен фустан - ќе имаш вонбрачна афера, неверство кон партнерот
    Ама сонот не ми изгледа многу озбилен, така да не му обрнувај внимание ;)
     
    На RockNroLLGirL му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Луѓе сонував свадба. Значи била свадбата на моите родители. Всушност тие требало да одат на некоја друга свадба каде што биле девер и деверица ама прво требале тие да направат свадба за после да одат на таа другата. Имало разни гости, биле и зетот и невестата од таа другата свадба.. невестата дошла во бело, но никој од тие гостите не ми биле познати. Јас сум стоела на страна и сум гледала како гостин.
    И исто така во сонот бил и дедоми кој инаку е починат, носел костум и гравата, и наеднаш добил срцев удар и паднал на земја. :o
    Кажете ми што значи сонов умрев од грижи :(
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.381
    Допаѓања:
    42.019
    Пол:
    Женски
    Јас сонував многу лош сон или соништа беа, мене еден ми се чинеше.
    Прво сонам како со цимерката спаѓаме од еден рид и низ дворчиња минуваме и береме цвеќе, едни убави сини и бели цветови, букет сме правиле, потоа сме тргнале накај баба ми и дедо ми, ама за да стигнеш кај нив во двор треба низ бавча да поминеш, па јас трчав низ неа боса, а почвата била како спремна за садење, таква ископана и плодна, но низ неа имало некои инсекти и мене ме каснала пчела на стапалото, јас пробувам да ја тргнам, ама ме боли.
    Од тој сон премнувам на друг... кај мене пред зграда се гушкам со другарка ми, ама онака цврсто како да ќе се разделуваме, потоа тргнувам накај дома се качувам нагоре и гледам од мојот спрат се симнува жена во црно и ништо не ми вели, одминува и јас си мислам од каде таа жена сега, дали е некоја од комшивската фамилија, зошто имаа скоро смртен случај, ама си велам и што ќе бара кај нас кога тие живеат долу, ја одминувам и одам дома, а пред врата гледам обувки мали и си велам што бараат комшиката и децата кај нас кога мајка ми ја нема за кафе.И влегувам внатре тие со баба ми пијат и нешто расправаат како демек жената дошла да се жали на кучињата што ги чуваме, јас таква изреволтирана и нервозна поради тоа си го гушкам кучето, ама тоа не е куче туку мало дете кое ми возвраќа на прегратката и бе стиска силно за врат.
    А дома на еден стол стојат кошули мои и некоја од гостинките како пробала една и ми ја скинала, ја
    гледам на едно место расцепена.
    После тоа преминувам на друг сон, како одам од пат да го пречекам татко ми и сме биле со тетка ми и нејзината фамилија, ама тие не беа такви какви што реално се, беа запуштени и како нешто нерасположени и тажни, го чекаме татко ми и тој се симнува од автобус и паѓа, јас се стрчнувам го подигам и го гушкам и тој некако ми е збунет, го прашувам како било на бања и дали му е добар грбот и тој ми одговара дека бил како нов сега....

    Знам дека е долго и измешано, ама ќе ве молам некој ако знае да ми го протолкува, знам дека има некое значење и ме мачи, на мисла ми е цело утро...фала
     
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Сонував сум била бремена и на ехо заедно со дечко ми сме го гледале бебушот.
     
  12. sim0na

    sim0na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    Сонував дека сум била бремена а ништо не се познавало на мене, сум немала ни болки а требало да се породам ...сето беше измешано ...сме чекале со мајка ми и потоа дошле дечко ми со мајка му и кога сум се породила сум родила дете без оформени раце и нозе и не било живо :/ :( ептен беше ужасен сонов :/ :( :'( какво значење би имало?
     
  13. s.w-e.e-t.y

    s.w-e.e-t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    432
    Сонував дека ме бакнал симпатијата на уста и беше некако многу реално дури и го почувствував тоа..што може да значи?
     
  14. Knightley

    Knightley Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    0
    Сонував како многу врнело и јас сум довикувала една другарка но не ме слушала и сум отишла до кај неа да ја викнам да си одиме дома и потоа од еднаш престана да врне и се раздени, а потоа момчето што ми се допаѓа ни купил за јадење( инаку во реалност не зборам со него ) :D
     
  15. Matee

    Matee Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    3
    Што значи ако сонуваш дека некој умрел?
     
  16. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28
    Сонував како со мајка ми сме биле кај баба ми на гости,било касно навечер...На мајка ми многу и се спиело и сме си тргнале со кола накај дома,на една кривина мајка ми заспала и сме излетале од патот зафршувајки во вода ( брана мислам дека беше ),во тој момент кога сум ја почувствувала водата на нозете сум почнала да викам по мајка ми за да ја разбудам и сум ја барала рачката за да ја отворам вратата и да излезам а мајка ми спиела,во колата пеела песна од Тоше Проески.... :worried: Што ли значи сонов?
     
  17. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28
    За тоа дека си била бремена-Знам дека доколку сонуваш бремена жена тоа е ѓавол,исто како и малите бебчиња и тие во соновите биле ѓаволи т.е. таа особа нешто ќе ја мачи или ке се разболи
     
  18. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Вака... Вчера се испокарав со едно суштество со кое што имам нешто измеѓу врска и непријателство веќе година дена и вечерта сонував вакво нешто. Заедно он и јас сме отишле во некое напуштено место и сме сакале да си живееме таму. Па сме примале гости. Заедно сме си спиеле ко да сме у брак , али дека напуштено место слично на некој објект со споменици сме немале ништо за готвење и ни донеле некои пријатели јадење. Сме спиеле на камења. Па дури и му понудиле раб на дечково мој сеа екс и од коа почнал да раб бил ладен со мене. А јас сум свесна у сонот дека сме оладени и дека е готово али си терам со него ко да сме у филм некој па си глумиме. Може некој да ми каже нешто за ова чудно сониште? Ви благодарам однапред :)
     
  19. kikitta

    kikitta Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    значи вака феминки ... пред неколку дека сонувам како месам кифли и сега како што ги ставам во тавче да се печат така ми се распуштаат,и баш се сеќавам коментирав ех оваа брашно на мајка ми колку не е убаво за месење....
    а сношти сонувам како со дечко ми одиме некаде и тој ме бара за жена,е арно ама, прстенот што ми го дава е скршен,значи оној дел како кругче што е околу прстот беше како некој вид на плетка и не беше споен,и му викам нему, зошто бе си ми купил ваков прстен,гледаш дека е скршен, и тој ми вика па за да го стесниш ако е голем, е сега ајде одиме да кажеме на нашите дома дека сме се земале,одиме кај мајка му и ништо ни честитаат и готово, е сега одиме кај мене дома и само што влегуваме дома,сеуште ништо не сме кажале и татко ми станува и вика, нема потреба ништо да кажете,знам што е работата ајде нека ви е со среќа,станува си честита со мајка ми,но таа не прифаќа,вели зошто бе деца сте се трошеле,зошто така, и незнам што викаше уште,и продолжив да сонувам но не се сеќавам што следеше понатаму.
    Ајде ако некој знае да ми каже што значат овие соништа баш ми се чудни :^) :^)
     
  20. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    прво ја сонував другарка ми која е почината,сме се договориле да одиме кај некоја девојка во едно село,арно ама сме тргнале заедно и другарка ми некако се брзела да оди некаде,морала да заминува и сум морала сама да го довршам патот,сум одела пешки иако било доста далеку ама сепак стигнав и на почетокот од селото имаше мноооогу висока кула дури до небото и нагоре била некако тенка и сум се чудела како ја изградиле а да не се сруши.И сум стигнала во селото и за среќа сретнав една девојка која сум ја познавала со дечко и била и некако сум го заборавила името на девојката што ја барам и сум се јавила на другарка ми и цело време батеријата ми била слаба на тел ама успеала да ми каже и овие рекле дека ќе ме одведат кај неа,и некако сум се нашла во некоја соба и некоја жена со шприц во кој имало крв ми земала крв од раката,и ми била крвава после.