Se izvinuvam za fontot. Utrovo se razbudiv celta isplasena.prvo ja sonuvav mojata drugarka deka e umrena,ne ja vidov nejzinata sestra mi ja kazala losata vest..dolgo vreme ne sme se jmale videno i bas koga trebase da se vidime doznav deka e mrtva vtoriot son sme bile nekade so edno devojce so koe ucev do 8 odd i isto so nas bile i edno momce so koe isto ucevme zaedno..sme bile nekade nadvor i sme gledale nesto, i sme resile da se kacime na pokrivot na edna mala kukja od tamu poubavo se gledalo..se kacuvavme po skala,prvo se kaciv jas potoa momceto i dodeka se kacuvase drugoo devojce momceto padna od drugata strana i umrelo odma..i kakoo sto se odi kaj mrtovec da se zapali svekja,ojdov i jas.koga pojdov tamu ne bese legnat,tuku majka mu go drzese pod pazuvi i izgledase kako da e stanat i mi go turna vo mene i dojde kako da me guska .. Togas se razbudiv i bev mnogu isplasena..ne se druzam so niv,samo eno zdravo imame po pat od kade vo sonot tie neznam..Gospod na ubo neka gi istade sonovive,ama jas mn se plasam..ako moze nekoj neka mi kaze sto moze da znacat ve molam
Се спρемавме за свадба, невестата ја гледав во сонот но не ја познавам и одеднаш видов еден невестинсκи фустан κој многу ми се допадна и го облеκов. Знае неκој што значи ова?
Сонував дека сум била во аптека и сум плаќала за некој лек. На аптекарката сум и дала пари книжни во нив неколку стотки и десетки измеѓу нив имала една петстотка, кога сум и ги дала парите сум видела дека има отпоќе и сум ја земала петстотката назад. Што значи?
Во последно време сонувам сонови кои што навистина ми го уништуваат расположението кога ќе се сетам на нив. Прво ја сонував другарката(па неможам баш да ја наречам другарка, подобро кажано девојче што само гледа да искористи некој и незнае да чува тајни, на се мора да се исмее) како била во врска со тој што го сакам.Значи тој сон ме прогодуваше со денови и ми беше многу чудно кога ќе се најдев во нејзината близина.И кажав дека ја сонував ама не и кажав зошто бидејќи ќе ме напрегаше да и кажам кој сакам, па секако на крај тоа ќе го искористи, ќе раскаже на сите и кога нема да и биде по кејф ќе ме уценува со тоа дека ќе каже некому.Другиот сон повторно со неа..сме седеле во училницата и тоа во прва клупа по кабинетот по хемија(иако не седам во тоа клупа) и сме се карале, а за што незнам, само ја имам сликата во главата како се дереме.Сон е и немора да значи дека така ќе биде и на јаве, ама колку ме фаќа страв кога ќе помислам на тоа само Господ знае.
Што е со соновите на денешен ден ? Како вели легендата, се остваруваат, не се остваруваат ? Инаку рандом сон, без ништо под перница.
Сонував како плачам многу за дедо ми. Бидејќи починат е, сум видела нешто што ме потсетило на него и сум почнала многу да плачам(иначе стварно е починат ама не во скоро време, јас можеби 8 год. имав) и ме виделе моите и ме прашувале што ми е, ама не сум сакала да зборам и сум избегала надвор трчајќи. И после не памтам убаво само знам дека сум му кажала се на еден другар, т.е неможе да се нарече другар повеќе е познаник, и сум му плачела на него Може некој да ми каже некое значење?
Прво ќе ти простиме за фонтот. Второ кога сонуваш дека некој умира ,му го продолжуваш животот. Трето,во вториот сон- малата куќа ако била напуштена некои работи си ги оставила во минатото,си го сонувала машкото како умрело што значи дека му се живее а он во сонот те гушнал што може да значи дека порано или сега си чувствуваш/ала нешто кон него, или може да значи дека ќе запознаеш некого.
Ништо страшно нема во сонот.Јас имав сонувано ваков сон. Кога кажав дома ми рекоа да отидам да му однесам цвеќе и да се помолам за него.Јас отидов и после тоа го сонував ретко.Многу е чудно, секогаш кога треба да се случи нешто битно ,на пр.да одам некаде,да полагам секогаш ама секогаш го сонувам дедо ми и плачам во сон.И секогаш тие работи ми носеле позитивни резултати.Што може да значи и тебе во овој случај.Така да опуштено.
Свадба не е убаво да се сонува,невестински фустан уште помалку. Можно е да се разболиш во скоро време.
1.сонувам како со баба ми сме отишле да пазаруваме,и влегуваме во дуќан и таа ми вели ајде одбери си какво ќебе сакаш,и човекот ми покажува едно и јас му велам ааа тоа не е убаво и ми покажува друго поубаво велам ова е добро,и баба ми ми вели ајде сега одбери си и прстен,и тамн да одберам прстен ме разбудија,има некакво значење овој сон? 2.сонувам како сум испратила некој накај дома ама не се секавам кој беше,и јас си фатив по другиот пат,наеднаш гледам едно тобако отворено и се вракам да гребам гребки,влегувам и земам од гребките но на никоја ништо не ми се падна,запаметив и некој суми што за малку ке ми се паднеа 3.сонувам како ми било свадба сум се спремала се и фризура но немало кој да ме нашминка,сум одела сум барала насекаде некој да ме нашминка но никој не сакал ,и сум била нешминкана невеста
Што значи океан? чуствував многу страв ,на плажата имало многу народ а јас сум слусала звуци од кит и сум го гледала океанот и многу ми било страв,не сум влегла во вода онака само набљудував ,али многу страв и сега кога станав неможев здив даси земам
Седам со татко ми и некои луѓе, незнам каде (познато ми е местото) и јас одлучувам да си одам дома бидејќи видов едни момчиња од генерацијата. Едниот од тие машки ми е страшен со тоа погледот. Појдувам накај нашата куќа, близу била, но, тој не е патот. Сакам да се вратам, но ги гледам истите момчиња на велосипеди (тие живеат близу). Ги следам полека, иако тие се брзи. Наеднаш, ете ја мојата наставничка по Македонски, се поздравуваме и оваа ми вели:"Никој не беше заинтересиран за приказната на часот, многу опширна беше (а требало да ја научиме приказната), па затоа на тебе ќе ти ја раскажам. Почнува... Одиме по некоја непозната улица, таа ме стиска за половината и зборува непрестајно. На тротоарот има малини, ептен малечки им се и грмушките и плодовите. Треба да ја преминеме улицата, оваа луда, ме зема во раце. Ги гледам школските (машките) и им мавнувам. Застануваме со нив до еден огромен споменик. Доаѓа една жена (наставничка е) и ги гушка машките. Ми подава рака: Јас: Добар ден, наставничке. Таа: Не сум наставничка јас, мори! Јас, се збунувам и во истиот момент се будам. Ај некој значење ако знае.
Сонував дека е 2 светска војна и дека сум 20 годишна Еврејка.И ни рекле дека треба да влеземе во некој воз,тој ќе не однесел некаде си.Ама возот утрото бил на истото место.Па сум излегла од него и гледам каде што некои војници ги убиваат мажите Евреи.И еден војник ми вели:-Не се грижи и тебе ќе ти дојде редот,само прво мажите. .И се разбудив.
Сонував мачка која цврсто се замотала околу мојата лева рака, пробував да ја тргнам но многу беше тешко, се одлепи постепено и како да беше лигава, и наеднаш како топка се сви и ми влезе во срцето. Многу се уплашив и се разбудив. Барав значење за мачка, но мислам дека не е убаво...
Знам дека сум оф топик,ама чим го спомна Axl и тоа маскирањето со него,замислувам како го шминкаат во тоа собата со лилакова сенка и зелен спреј,за да се тресе под гробот во Don't cry. Љољољо
со бившиот лежевме сосем голи на брод мислам дека беше но немаше ништо повеќе од страствени бакнежи :3