Јас вчера сонував многу чуден сон. Ја сонував Богородица и едно сребрено париче украсено цело со крстови мали. И кога сакав да го избришам почна бојата да ја снемува, да обелува. Се некои вакви сонови сонувам во последно време..
Пред неколку дена сонував сон што навистина многу ме исплаши Сум влегла во голема убава куќа од левата страна имало скали за надолу исто и од десната страна а на средината седеше поп со црна брада..Јас одев на кај него и во леваата рака држев 1000ден а во десната 100 денари и ме прашува За кај си ти ? И јас му викам па кај е поубаво??И ми вели -На левата страна се деца на десната возрасни. И јас му викам ако може кај децата никој не познавам од старите...И ми вели ама мора прво да ми платиш и ми побара 2000 денари а ја немав доволно и го скапав молење да ме пушти и ме пушти на крајот.И ми вели Влези и бери ум Сум влегла долу во собата по скалите и таму полно деца на моја возраст си седев со нив си разговарав и и м велам ај сега морам да одам ме чекаат дома и си тргнувам и ете го попов ми вели Каде ти чупе?И му викам ами си бегам ме чекаат дома и овој ми враќа А од тука излегување нема кој влезе еднаш излегување никогаш и не ме пушти а јас сум плачела и дошла мајка ми цела нервозна ми се дерела зошто сум му ги дала парите и ми рекла да си останам таму и да не се вракам....
Ноќеска сонував како сум била затворена во темна дрвена просторија. Слична на оние старите библиотеки. На масите секаде гореле бели свеќи а јас сум седела на една маса и сум се тресела и плачела. Потоа сум дознала дека една моја професорка починала, бидејќи нејзината слика ја имало залепено на ѕидот до часовникот во темната дрвена просторија... Што може да значи ова?
Сестра ми ги сонвела нашите дедо и баба кои се починати одамна..Само седеле на стол во позадина било темнина,само кај нив имало светло..Што може да значи?
Сонував како сум одела по патот и една група жени застанале до мене и една од нив почнала да ми кажува ддека су бил абремеа затоа што ми биле поширока карлицата за да по две минути ми каже дека ке останам бремена но дека за тоа ке се помачам малку и дека за сега ке биде тешко.
Сонував дека сум го видела духот на еден човек кај мене во комшии и не сум се исплашила само сум кажала дека можам да го видам а сестра ми немозела да го види.. Сонував како некој човек сакал сите луѓе да ги претвори во марионетки а ја сум била таа што требало да ги спаси сум можела да бидам невидлива и така неможел да ме фати за на крај сонот да ми заврши како се возам во автобус со дечкото што ми се допаѓа.. некој да ги протолкува соновиве ??
Сонував како сум била со една жена(не и го видов лицето) имаше едно пластично садче(како оние од еурокрем што се) полно беше со шеќер(како демек ми гледала).И како што поминуваше со рацете низ шеќерот се појави мало парченце како конец нешто само подебело беше зелено.Ми рече тетка ти сеуште ти се меша но нема да можи да ти наштети. Во вториот сон се најдов како во во една чекална пред операциона сала мислам дека беше.Припремаа 2девојчиња за операција и им ја стрижеа косата чудно беше.Имав в раце неколку коцки чоколадо ми падна на плочките.Глупости...
Сонував како сум била со една жена(не и го видов лицето) имаше едно пластично садче(како оние од еурокрем што се) полно беше со шеќер(како демек ми гледала).И како што поминуваше со рацете низ шеќерот се појави мало парченце како конец нешто само подебело беше зелено.Ми рече тетка ти сеуште ти се меша но нема да можи да ти наштети. Во вториот сон се најдов како во во една чекална пред операциона сала мислам дека беше.Припремаа 2девојчиња за операција и им ја стрижеа косата чудно беше.Имав в раце неколку коцки чоколадо ми падна на плочките.Глупости...
Сонував како сум во бел фустан на мојата свадба на некое непознато место и сите луѓе околу мене беа непознати.Сите нешто ми наредуваа и ништо не ми беше јасно кои се сите тие таму.Тамн сум почнала да играм но некој ме викнал и излегов на надвор се качив во една кола и знам врнеше дожд и толку..
Што значи да сонуваш ( полу-буден) пајак како лази на клацкалката и да го тепаш со папуча во темно, а кога ќе запалиш светло го нема никаде?
Не барам толку толкување, туку од што ми е толку смешен сонов сеуште го памтам, па велам ај и вас да ве насмеам. Спојлер Сонот започнува со тоа што јас седам на час биологија и професорката му вика на едно дете од мој клас, Филип* зошто пушиш цигари? (А не пуши детево.) И овој и вика, е ако де професорке, што има врска, еве и Блупарадајз пуши, не е тоа толку лошо. Епа добро, тоа е лоша работа јас и на неа и велам. И наеднаш, БАМ! јас наеднаш излегувам од училница, или не знам што се случи ама се најдов кај мене во населба, и отидов во еден заграден простор за да сролам џоинт. И го направив, ми испаѓа огромно како трубичка, дури сега ми е смешно кога ќе се сетам. А у меѓувреме, демек врнело надвор и не знам како ми паѓа џоинтот од раце и почнува да ми се тркала по улици, луѓе! Јас жива уплашена, почнувам да го бркам, а пред мене еден дедо исто го брка за да го фати, лут ифрит, сакаше изгледа во полиција да ме пријави. И се створија сто улици, ова се тркала ли се тркала, на крај го фатив, жива среќна, но беше навлажнет од дождот и почнав да го дувам за да го исушам. Наеднаш погледнувам во мобилниот и гледам 6 пропуштени повици.. од биологија. Се вадам од памет, ми ѕвони во моментот другарка што не ни учи со мене, да ми каже дека биологија итно не барала за да не испраша да ни ставела петки. Јас ја бутам трубичката во џеб, и не знам како експресно стигнав на час, ме прашува професорката кај беше ти, јас и велам бев до амбуланта да ме боцкаат, крв да ми земат, она ми рече добро, ќе те испрашам следниот час да ти ставам петка. И така.. Fuck logic.
Обично не се замарам со соновите но овој ми остави впечаток. Сонував една баба(била баба е на другарками,бабата е почината а јас никогаш не ја запознав)таа била бајачка и многу луѓе оделе кај незе,баела за се и поминувало.Ја сонував таа лежеше на еден кревет а јас имав голема тежина на душата.Ми рече шо мислиш на другите му е лесно,на никој не му е.Секое сабаље и навачер кога ќе стануваш од спиење и кога ќе легнуваш ќе се насмевнуваш и за 3 недели ќе ти помине.Што ли треба да значи????
Сонував со дечко ми сме биле покрај некои водопади ама биле мали незнам некако необични и се наоколу ми било многу чудно ....
Сонував како сум се запознала со дечко во автобус, убаво му го памтам ликот, ама не го знам (ако постои воопшто) Беше ноќ и долго се возевме. На почеток беше рандом дечко, ама од кога почнавме да правиме муабет бев сигурна дека ми е сродна душа. ( ) Онака многу брзо ми се појавија сите чувства. После тоа не памтам што се случуваше. Знам дека бевме на некое многу високо место, имаше ограда и јас погледнав надоле (а имам страв од висина) и да не ме спасеше дечково, ќе паднев у провалијата. Тука го изгушкав и му се заблагодарував. Има значење сонов?
Леле бре луѓе па ја сонувам баба ми :geek: Овој сон така е по чуден ако можам да го наречам.Шо е работата? Цело време ја сонувам... Сме отишле ја и брат ми кај баба ми и дедо ми и со баба ми тебало да одиме во некоја болница.И сеа баба ми не кажа ништо само имаше еден благ израз на лицето(се таа фаца ја има) и сме отишле комбето да го чекаме и откако дојде ја тргнав напред са седнувам(на оние предните 3 седишта кај возачот) и баба ми ми рече(за прв пат) Брат ти ќе седе таму,ти не..и ја нормално се чувствував повредено Толку беше се разбудив....
1.Чував бебе.Беше убаво,малечко,слатко,среќно.Но во сонов бебето беше мое,ама јас знаев дека не сум го родила,а мое е.Бев некаде со другарка ми,седевме,ни донесоа некои палачинки ми се чини беа,но има многу шлаг одозгора.Веднаш,масата до нас седнаа тројца мажи.Не можев да ги загледам убаво и како нешто демек сакаа да седнеме до нив.Јас никако не би седнала до нив,и и велам јас не седам ако сакаш оди до нив,јас ќе си одам.Отиде и седна до нив,а јас трк накај дома,бидејки знам бебе имам.(инаку во реалниот живот оваа другарка не е таква,не седнува до секакви,не оди со секакви,значи многу спротивно) Отидов дома и барам да му спремам на бебето за јадење,тоа злато се смешка само,ниеднаш да заплаче. Отидов во кујна и не знам како направив овошен јогурт,превкусен беше и многу убаво мирисаше. Го ставив во некое мало шишенце. Дојде мајка ми и и велам гледај каков овошен јогурт сум направила за бебето,мама вика знам,прекрасно. 2.Бев дома со истата другарка,но беше многуу касно навечер.Двете во пижами бевме.Телевизорот пуштен,си уживавме.Моите си спиеа таму.И како што си седиме,јас одам во кујна и и велам сакаш супа да направам?Ми вели да може.Откако ја направив супата,мислам дека премногу направив,имаше многу фиде,хаха што го обожавам,ама видов дека има полно тенџере јуфки.И и велам јади ти супа,јас ке јадам јуфки.Дојде време,требаше да си оди,излегуваме низ врата,но ние бевме на горниот спрат,излегуваме од другиот,што не е можно. И гледаме многу многу коли пред мојот двор,во некои беше тетка ми,тетин ми,роднини мои беа повеќето.И откако излеговме надвор,почна некои светла од автомобилите да светкаат,беше лудо некако и почнаа да си одат.Но во тој момент,дојдоа некои роднини и другари на дечко ми.Но него,никаде го немаше.Сега еден познаник,негов,не му е баш другар,почна да ме фаќа нешто за рамо,а јас таква целата кога му викнав бе пушти ме ненормален еден.Дојде една девојка,беше многу непристојно облечена и целата беше непристојна.Се караше нешто со мене,а немаше причина.Не можев да се разберам со неа,па ја фатив за рака и и реков,ајде дојди со мене.Ја однесов подолу во дворот,накај тревата,позади куќа и и велам што е работата,смири се,нема потреба да се караме.И се смири.Додека поминувавме позади куќа,имаше многу пчелки,но баш како од цртаните беа.Излеговме повторно од другата страна,но овој пат среќни. 3.Бев во мојата соба.Беше многу поголема од што е и многу светла,се бело беше.Но чудна некако.Како и да е мене ми се допаѓаше.Епа сега на ѕидот имав закачена како кутија некоја од барби кукла. Ја тргнав,но видов дека некако ѕидот тука бил оштетен,не многу.Јас не ја вратив назад.Видов еден жолт часовник за на ѕид и и велам на мајка ми да го ставам ли,а таа ми вели со џивџи е,хахха нема да ти стои.Се согласив,но кога се свртев,немаше ништо такво веќе на ѕидот.Во меѓувреме го земав мојот мобилен,и видов порака со наслов Љубовно писмо.Но не прочитав ништо.Седнав во дневната со татко ми,тука беше баба ми,мајка ми,како и обично.Го држев мобилниот во раката и стиснав на пораката,ми се отвори едно видео со дечко ми и братучед му.Дечко ми во раката имаше повторно барби кукли,но овој пат машко и женско.Мислам дека барби куклата беше бремена,а дечко ми на братучед му му рече како демек уште еден месец и јас ќе сум била бремена.
Неколку пати сонувам како се качувам на некоја зграда која е во изградба,се качувам ,се качувам и кога ке стигнам до врвот одеднаш почнува да се ниша и јас со страв почнувам да се симнувам,скалите се тресат.И уште пред да се симнам се будам.Заборавив да кажам цело време со мене има некои луѓе познати и непознати.
Сонвав дека брат ми пишел со бившиот и му кажал дека се оженил и му рекол дека ми пишал порака да ја отворам да прочитам, во пораката пишеше најнормални работи, шо прајш, како си? Значи нешто ова?