А да сонуваш автомобил, точак, автобус и воз во ист сон? Талент а? Прво сум се качила во автомобил па сум се премислила и сум решила со точак да одам до кај дечко ми, возам возам никако да стигнам. Сум се откажала и сум решила да чекам автобус. Дошол автобус ама несоодветен број и таман да дојде бројот што ми треба дошол воз кој ми го попречил патот, бил малечок а се движел прееебрзо, како на цртанине. Воз знам дека е голема промена, ама нешто поконкретно? Убаво е?
Абе чудно девојче сум, како може до волку па да сонувам вакви работи? Имав два сона во кои умираат моја другарка (не толку блиска) и најдобриот другар. И кажав и на мајка ми она ми вика дека ако сонуваш дека некој умрел тоа значи дека ќе живее долго, ама шо знам.. Да не има и некое друго значење, сепак ја раат да си бидам, а? И тоа во првиов сон кај шо умира девојчево сонував дека се шетала со коњ, па паднала од коњот во некоја дупка и не можела да ја најдат па ја прогласиле за мртва ( абе глупости колку сакаш ). Е веќе во вториов сон, кај шо умира мојот најдобар другар, сонував дека спијам, и дека он стоел на шини и наеднаш почнал возов да свири и некој почнал да се дере по него, да бега оти ќе го згази воз... И се разбудив. Ме интересира дали има некое друго значење ако сонуваш дека некој умира, без разлика дали ти е близок или не.
Феминки,помош............ Сонував како ми испадна преден заб,сум читала дека значи смрт на биска личност и се разбудув целата растревожена Ве молам дали има некој шо го сонувал тоа а не се случило Издрадувајте ме
Сонував глупости.... Сум имала дечко кој .... ма каков дечко бре, тој беше човек, не беше младич, постар од мене минимум 7-10-12 години. Ама убав, згоден, симпатичен, памететн, не зборуваше многу, имаше некој шарм, црн...и супер ни беше. Многу сме си се сакале. Се шетавме заедно со уште еден пар низ нешто ко чаршија, шеталиште ќе да беше и седнавме во еден кафич на по една пијачка. И све шалења и зезанции фрчеа, се смеевме, олабавени, тук-там по некое држење за рака, намигнувње (абе ова у детали сум го сонувала) и наеднаш ОП! Мене ми паѓа пломба од заб, некоја 5ка-6ка-7мица доле десно (да даа детали) и се нервирам, одам одма у вц а тоа вц-то натискано, убутано...со една нога да влезеш, да се завртиш и да влезеш со другата. Нервози. И се гледам на огледало, леее стварно си викам, ми ја нема пломбата. Тука ми е забот, ама со кратер е. Дупка. Абе од такт се извадив. И се враќам назад, седнувам, и толку релаксирано човеков ме смири као дека ќе го средам забот, ќе си појдам на стоматолог....да не веруваш. И пак си се гушнавме, си плативме, си заминавме.....happy ending
Вака имаше една голема,ама баш голема куќа.Што знам е беше ниту моја,ниту на дечко ми. Бевме внатре и одедаш нешто излегува тој надвор оди некаде и јас одам со него,ама таман што излеговме и гледаме почна да роси,така убаво врнеше.Кога одев со него,немаше никакво врнење,но јас во раката носев чаша вода и му велам пази да не ја истурам,ама му истурив малку на ногата,никако не изреагиравме.Инаку водата беше бистра и ладна.
незнам дали нешто значи сонов но сонував како сум била некаде на некоја прослава дали роденден незнам и таму бил еден што се имам мувано што го свиѓам и сум почнала муабет да му праам као кај ти е другар ти он ми вика у неготино и добро и некако ја и он сме почнале да играме танго и сме играле ама надвор од просторот у дворот да кажам и после се разбудив .. што може да значи?
Јас сум сонувала дека ми се скршиле катници и потоа тоа навистина ми се случило,и во реалноста ми се скршија и испаднаа тие заби,така што нема врска тоа дека ако во сонот ти се скршат и испаднат заби дека ќе почине некоја блиска личност,барем мене тоа не ми се случило!Не мисли на тоа најлошото,биди оптимистка и само терај храбро напред!
сум сонувала како сум се шетала со внуката и наеднаш некој ми пукал во гради и мене и неа, но немало крв само дупка од куршумот и силна болка. Сум одела на лекар но тие рекле дека нема потреба да ме оперираат дека така ке ми помине а јас сум имала силна болка и сум се плашела за мојот и за животот на внуката
Оваа ноќ сонував дека ќе полагам екстерно англиски.И навистина беше така, полагам англиски во четврток.Имам сонувано и еден друг сон и тој се оствари.ВО почетокот се што сонував не ми се остваруваше, а сега напротив.Чудно ми е ова.
^Можно е да имаш визии,да гледаш што ќе ти се сличи . Ако ти текнува што прашања си сонувала,повтори ги нив.Може некое ќе ти се падне.Мене така за тест ми се има случено.И исто беше како во сонот. П.С. Со среќа на екстерното
Луѓе многу ми е страв, еве втор пат кај што сонвам дека ми паднале заби. Првиот пат сонвав пред недела и повеќе отприлика, ми паднале катници ама ко ги извадов во рацете не личеле на заби туку на пуканки После тоа си запалив свеќа во црква.. Многу ми е страв кога сонувам како ми паѓаат заби читам значи смрт на блиска личност Еве и ноќеска пак сонвав кај што ми паднале катници ама овај пат ми течело и крв.. Испаничена сум се плашам не можам цел ден да се смирам, што значи ова???
Исто како на феминката погоре и на тебе ќе ти одговорам дека не мора да имаш смрт на блиска личност ако сонуваш дека ти испаднале заби,од мој личен пример ќе ти кажам дека јас кога сонував дека ми испаднале катниците потоа во реалниот живот навистина ми се скршија и испаднаа,така што тие толкувања не ги зимај здраво за готово!Со среќа и само храбро напред!
Сонував како купувам ѓезве, ама ми дадоа лимена кутија со онаа рачка како што има на ѓезве. Што значи? На соновник не најдов.
Сонов,откачи закачи Прво сонував си доаѓам од одмор со една другарка на која и се лутам веќе неколку месеци,и некако била убаво нашминкана и требало дечко ми мене да ме земе а неа дечко и,па некако никако да стигнат а со нас биле и мајќите наши и некако се дознало дека дечко и ќе оди во затвор и после некако во меѓувреме сме чекале ред во некоја болница,она внатре,јас надвор некако љубоморна сум била и се зборувало дека дечко и ќе оди во затвор.Потоа некако јас чекајќи сум си тргнала и некако имало море па како мала сум била и имало со мене уште 2 деца и не бркал некој човек,сакал да не убие,најмалото дете цело време се бутело во мене,да го штитам,па јас цело време сум го занимавала човекот за да се предомисли да не не убие
Сонував како си купив фустан и го пробувам се гледам пред огледало па си викам ај сега да си ги облечам и новите сандали таман ќе ми одговараат со ова ептен. - и што значи ова
Сонував малечко плаво девојче на возраст од околу 6-7 години, многу убаво и мило.. зрачело со нежност и убавина. Во сонот како да сум ја заштитувала како да ми била блиска многу и се и сум кажувала, како сестра сум ја рачунала. И сум давала совети во врска со љубовта а и таа ми давала голема поддршка.. што значи сонов?
сонував како ми се клател заб а после сама си го извадив .. многу се растревожив од сонот .. може некој да протолкува ?