Според она што на мене ми толкувале ако ти испадне или извадиш заб на сон обично значи некоја несреќа или смрт на блиска личност!Но,немој да се плашиш кај мене кога така сонував тие заби навистина и во реалноста ми се скршија и испаднаа!Јас ти советувам овој лош и грд сон да не го земаш здраво за готово и да не се замараш воопшто со него,не е се така црно и лошо како што ти изгледа!Поздрав и само храбро напред!
Сонував како сум на работа и уште 2 колешки биле со мене,било премногу темно,како да сум се навикнала на темницата,потоа сум отишла да пуштам светилка и сум излегла надвор и толку силно ме удрила светлината во очи што во фаца сум била како ретардирана и не сум сакала никој да ме види и пак сум се вратила на работа и некако сум отишла накај еден ќош и имало едно циганче и не ме пуштало да поминам и некако со штипкање сум го избркала надвор
Значи вака. Пред некој ден сонував како јас, брат ми и татко ми сме се шетале по некоја улица со многу дрвја од страните и по нив виселе змии, така надоле накај нас и некако почнале да паѓаат. После мене нешто ме исфрлило на страна и сум паднала на земја баш до една змија. А мама ден после тоа ми кажа дека сонувала како јас и она сме се бореле со змии, насекаде ги имало и сум и викала помош мамо.. Што може да значи?
А еве и јас да ве прашам, сонував како сум отишла во една огромна бела куќа, палата и се било бело внатре и едно непознато мало девојче ми давало да јадам колачи и други работи, и после кога сум заминала од таа бела куќа сум отишла на гробишта и таму се било бело, сум отишла на гробот на дедо ми... Ете тоа сонував и баш ме загрижи сонов!
Ако може некој да ми каже што значи ако ја сонувам мајка ми како запалила цигара во мое присуство, а она нема никогаш земено. И другиот сон како двете сме пушеле цигари заедно?
незнам дали е сон или што..? еве веке скоро една недела го сонувам тој што го свиѓам со некои чудни ама убави сонови.. тоа е сон или..? :/
peтко сонувам.. а кога сонувам тоа се исполнува ... како на пр. соонував еден сон , и еве се искарав со една личност кој мислев дека ми е другарка...
знае ли некој што значи будењето во 3 15 и тоа ми е 3 вечер по ред страв ми е да си легнам веке затоа што една другарка ми кажуваше дека тоа било лошо време
И јас имам читано дека тоа било лошо време бидејќи ноќе владее Ѓаволот и демоните на ноќта,но,сепак,мислам дека тоа се суеверија и дека не треба да се замараш со тоа.Само прекрсти се трипати,оди во ВЦ,исшепкај си го сонот додека тече вода од чешмата за да лошото отиде по водата и врати се да спиеш,а можеш и во црква да отидеш да си земеш крстена вода да се замиваш пред спиење.Биди јака и не се плаши.Поздрав
сонував како сум идела гушната по пат со еден човек незнам така беше слаб и као да имаше 28 години така нешто и имаше брада ама многу брада и ме бацил во образ и на пола пат ја сум рекла дека ке идам по пари да земам сум заборавила и не сум се вратила он ме чекал и од некаде се појави сестра ми и му зборела дека не сум можела да го заборавам тој што сум го сакала и он така си се смешкал како еј кој е тој така викал и незнам се разбудив после :/
Да сум го правела тоа мн пати истото ми го кажа и баба ми но кај мене беше мн поразлично значи си легнав во 2 55 и сум заспала за 5 мин ( а не ми се спиеше многу ) и станувам во 3 15 цела преплашена испотена бидејки сонот беше нешто несекојдневно како да го објаснам ама ке напишам во кратки црти значи спијам и осејкам дека неможам да станам дека има нешто тешко врз мене и си викам во себе не се плаши не е ништо спиеш ке се разбудиш и по некое време јас станувам и си викам ох добро е станав и одам да се напијам вода пијам и се врајкам назад и вратата беше затворена и сега стојам и се мислам дали уште спијам или сонувам и ја отварам вратата и се гледам јас како спијам значи се тоа во сон ми се случува и се гледам јас како си спијам нормално се како во реалност и стојам така мош 1 2 мин и не ми е јасно што се случува знам дека се станав и одма ја затворив вратата и се вртам назад зад мене светлина и некој ми рече не се плаши со тебе сум и одма се разбудив во моментот и гледам 3 15 и после неможев да запсијам цела вечер се мислев што ли е тоа што ми се деси а утре дента требаше да полагам испит неможев баш ништо да повторам на цело бев збунета ама за моја срека се снајдов некако .. А , иначе секоја вечер пред легнување си ја кажувам молитвата ама баш секоја затоа што по одамна ми се имат случувано доста чудни работи кој исто така неможам да си ги објаснам и имам мн страв многу ...
Сонував дека имам синче и му купувам Can Bebe памперс од маркет. Ама значи, јас сум уште дете... Што би можело да значи?
Да сум го правела тоа мн пати истото ми го кажа и баба ми но кај мене беше мн поразлично значи си легнав во 2 55 и сум заспала за 5 мин ( а не ми се спиеше многу ) и станувам во 3 15 цела преплашена испотена бидејки сонот беше нешто несекојдневно како да го објаснам ама ке напишам во кратки црти значи спијам и осејкам дека неможам да станам дека има нешто тешко врз мене и си викам во себе не се плаши не е ништо спиеш ке се разбудиш и по некое време јас станувам и си викам ох добро е станав и одам да се напијам вода пијам и се врајкам назад и вратата беше затворена и сега стојам и се мислам дали уште спијам или сонувам и ја отварам вратата и се гледам јас како спијам значи се тоа во сон ми се случува и се гледам јас како си спијам нормално се како во реалност и стојам така мош 1 2 мин и не ми е јасно што се случува знам дека се станав и одма ја затворив вратата и се вртам назад зад мене светлина и некој ми рече не се плаши со тебе сум и одма се разбудив во моментот и гледам 3 15 и после неможев да запсијам цела вечер се мислев што ли е тоа што ми се деси а утре дента требаше да полагам испит неможев баш ништо да повторам на цело бев збунета ама за моја срека се снајдов некако .. А , иначе секоја вечер пред легнување си ја кажувам молитвата ама баш секоја затоа што по одамна ми се имат случувано доста чудни работи кој исто така неможам да си ги објаснам и имам мн страв многу ...[/quote] Немој да се плашиш тоа е нормално и на мене ми се има случено тоа , тоа се нарекува Астралната проекција како мала многу се плашев дури да кажам на некој зошто нема да межи поверуваат нели дека измислувам, ама со појава на интернет истражив и сватив дека тоа е еден дар можеш да контролираш твојата потсвест исто и јас чуствував тежина и има други мистични работи ама совет од мене да не се одалечуваш од телото и да научиш да контролираш потсвеста, и јас се молам на Господ секој ден и тоа помага а најчесто кога ми се случува тоа свесна сум дека е Астралната проекција почнувам да се молам и во сонот на господ и да го молам да ми помогне и побрзо се разбудувам само не се плаши истражи на интернет повеке за Астралната проекција
Mожеби кога ќе пораснеш и кога ќе се стапиш во брак, многу сакаш да имаш синче? силна желба.... штознам можеби поради тоа си сонувала ваков сон
Сонував како сум била на некое место ,продавница и како сум украла кармин, бил во виолетова боја и многу сум била среќна... ?