Пак јас. Овој пат сонував дека сум се мажела. Ама не обична свадба, туку таква како шо прават на Величенствениот, мислам дека во сонот се мажев за муслиман. Значење..?
Сонував дека сме играле со тој што го сакам (со нишање лево-десно како на концерт) ..но на тажна песна...а потоа дека беше крај на школската година мене како да ми дојдоа солзи, но само шмркнав и се воздржав да не заплачам... што може да значи тоа? А во реалноста навистина завршиме обајцата средно и незнам кога повторно ќе го видам..
пред една недела бев во турција и бев сместена во семејство..откако се вратив не престанав да ги сонувам(како се враќам како пак сум со нив) што треба да значи тоаа??
Женски,вака.. Јас денес сонував,како сум излезена со неколку другарки.Ама денски излезени .И во тие женските имаше,едно чупе кое го мразам,од дното на мојоата душа.И стално се спречкуваме. Само се караме,едно-две и ќе се спречкаме.И во сонот така се каравме . ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Со неа учев зедно 8год. Заради неа сакав,да заврши основно.И ете заврши основно.Ама таа,ќе иди во истото средно,каде што ќе одам и јас. А бе луѓе,како некоја лоша среќа,да ме следи.Јас неа неможам да ја трпам. Шо мислите ова со сонот,како се караме,да е знак дека таа 100%ќе иди во истото училиште со мене?Или уште полошо,во ист клас да сме..
Не престануваш да мислиш на нив. Јас во последно време имам многу кошмари,сонував како некој да умира,и како викам дека тој несака да умре.Многу се плашам додека спијам,често се случува да почнам и да плачам или пак викам за помош во сонот.Не мислам на ништо пред да си легнам да спијам,што може да ми биде? Обично во овој период секогаш ми е вака,и лани исто ми беше. Лани плус неможев воопшто ни да спијам,ми беше страв.
Сонував една црква во која веќе сум била на јаве и околу неа стоеле 5-6 стари жени облечени во долги црни мантии и со капуљачи. Ми беа свртени со грб, на ниту една не и се гледаше лицето, а сепак знаев дека се стари. Било дење. Сето ова го гледав од далечина. Толку јасно го гледав што ми се чини дека навистина бев таму. Дали некој знае да ми каже што значи овој сон?
Сонував дека некој лош човек висок и страшен сакал да ми го украде новчаникот на некој празен паркинг, ама бидејќи ми бил нов сум го молела да ги земе само парите а новчаникот не. Потоа тој станал убиец за кој сите дознале и јас сум ги спасувала жртвите со мојот врисок. Наредна вечер сонував како сум била со друштво во некој огромен убав трговски, ама вратот ми бил целиот шиен ама на никого не сум кажала и сум се криела, сите јаделе сладолед а јас не сум можела. Гледам слабо има што толкуваат ама ако знае некој би му била благодарна.
1. Сонував големи зајаци со мнооогу крзно кои имале огромни вошки и ми било страв да ги фаќам ама од што биле многу мекички сум ги милувала и покрај многуте вошки. 2. Требало да идам на нешто како моминска вечер или испраќање на мојата професорка и класен раководител која инаку ја запросија и ке се мажи. 3. Со другарка ми сме биле излезени требало да идеме у една дискотека и сме отишле и имало многу луќе што ги познаваме но сите биле дотерани а ние двете сме биле облечени ко за секој ден и сме се вратиле дома за да се пресоблечеме во соодветни алишта. Значење?
Двапати имам сонувано како ја губам една моја црвена ташна плик, и во двата сона си ја најдов кај циганка, после 3 пат кога ја сонував истата ташна дечко ми ја зема и ја стави во негова поголема црна . Што би можело да значи ова? Страв ми е да ја носам сеа ташната да не ми се случи нешто
Сум имала маж а во сонот незнаев како изгледа и го убиле во сонот, ама јас сум му ја предвидела смртта и никој не ми верувал дека ке го убијат и стварно го убиле и мн сум плачела
Јас и дечко ми сме биле голи во црква и сме имале 3 партии секс, сме сакале и четврта ама дошол попот со некои луѓе и сме престанале и сме отишле заедно со нив да се молиме, сме се молеле пред огромна икона на ѕидот врз како мало базенче со вода. Расипан сон ептен а?
Не знам каде бев,во некоја куќа и знаев дека тоа е мојата куќа.Почнаа да се собираат гости,но повеќето,а речиси сите беа роднини на дечко ми.Се собираа гости,бидејки јас ќе сум се мажела со дечко ми.Отидовме накај мајка ми,мислам дека на некои скали внатре седеше(не знам баш дали скали беа),а до неа мајката на дечко ми.Дојдов и јас,се поздравив и ја гушнав силно. Почнавме нешто да си правиме муабет и ми рече Ти колку точно години имаше?-Јас да и одговорам и одеднаш ја снема.Викавме со мајка ми по неа.Е сега бевме како во недовршена куќа,а мајката на дечко ми беше скроз горе,таму имаше како мало куќиче и двор.Инаку откако почнав да ја барам,јас летав,не одев. Не знам зошто во цел сон,како светци некои да има,како знаев дека се тука,ама не ги гледав.