Hopes, колку и да е далеку селото каде е погребана, мораш да го посетиш гробот и за запалиш свеќа. И јас имам многу пати сонувано познајници/блиски роднини, кои се починати. После секое палење свеќа на нивните гробови, соновите престанаа.
Сонував сум го изгубила ланчето што ми го подари дечко ми, сум го барала секаде и некаде во вода сум го нашла само украсот, синчирџето не сум успеала даго најдам.
1.Сонував два преполни куфери и сум требало да се вратам дома и се наоѓам во една кола и идам накај дома и потоа незнам како излегувам од дома со истите куфери зашто требало да отпатувам некаде. А куферите биле преееполни и многу тешки. 2.Јас и другарка ми минуваме улица на пешачки и до нас застанува кола кабриолет и во неа тој што го сакам целиот во црно и со црна кацига не му се гледало лицето на возачкото место а до него неговиот најдобар другар. И застанале да се поздравиме. Значење?
Сонував како присуствувам на погреб. Значи сонував делот кога ковчегот се изнаса од куќата. Имаше некои луѓе што ги гледам скоро секој ден низ град, сосема небитни луѓе за мене. Интересно беше што музиката беше весела, како за свадба, и луѓето играа весело. Збунета сум....ПОМОШ!
сонував како сум седела на маса до Mене била или баба ми која е поцината не се секавам или тетка ми која е зива а на крајот од масата седела зената каде сто сме кумови со нејзината мајка и како зацудена рекла дека таму седам па јас сум I рекла дека тука најдов место. спроти нас седеле сестра и на баба ми која исто така е поцината, а до неа била нејзината керка единица која е зива. Kерката мегу градте Iмала сафетка и малце I се гледала па јас сум I казала да си ја поднамести поубаво но таа ја извадила и целата салфетка ја показала и била валкана. сон бр2. Mалце ми е измесан овој сон. Cум дознала дека сум бремена повторно и бев многу лута н. сопругот дека ветил дека повеке нема да бидам бремена но на греска ете пак останав. птоа требало да одам на операцијамислам за срцето несто не се секавам мислам дека ме направиле операција но ме болело местото но ми рекле да мирувам да ми помини.потоа досла една зена која E уцителкаа и не се секавам тоцно со ми реце но мислам дека ме советувасе сто да правам за побрзо да оздравам. дали некој мозе да ми казе сто знацаѕ овие сонови манце ме подзапласуваат. Oднапред благодарам
Имам голем проблем со сонувањето...Сонувам еднаш или два пати во неделата но секогаш ист сон...Секогаш сонувам гробишта кои не сум ги видела нигде, две различни гробишта.
Соновите си и ги кажувам само на баба ми да ми ги протолкува, да ми каже дали е убаво или не. А пред мајка ми, кога и да отворам уста што сум сонувала ми вика да престанам, да не кажувам, сонови не се кажувале. Незнам зошто...
Сонував бели штикли многу убави на висока штикла, како сум ги купила и по дома сум ги пробувала, што значи?
Девојки сонував како сум отишла во црква да запалам свеќа, ама кога сум пробувала да ја запалам од другата свеќа што веќе горела, и двете се гаселе. Што може да значи сонот??? Утре после работа одам во црква да си запалм свеќа, ептен сум уплашена.
Вака сонував не знам како што,но сум спиела кај дечко ми.(во реален живот не го правам тоа) Дојде утрото,јас се будам кај него,но тој најверојатно станат бил.Собата не беше како неговата,имаше некои негови работи,но во сонот знаев дека сум кај него и дека тоа е негова соба.Целата таква поспана,малку зачудена,во црвени пижами.Имаше како некои полици на едната полица имаше ми се чини Бадел беше тоа и до него парфемот од мене.На другата полица имаше кои икони.Станав и се погледнав во огледало,имав преубава кратка коса,многу убаво ми стоеше и си велев колку сум убава. Додека лежев од ходникот слушав музика,знаев дека некој ми закачил радио пред врата. Се вратив пак во креветот и одеднаш влегоа две жени,ниту многу стари,ниту пак млади,можеби имаат накај 50 години.Влезе прво едната и и велам здраво,ми вели здраво,зошто остана тука да спиеш,демек јас и дечко ми во посебни соби сме спиеле и ми вели таа тој само тоа чека(да спие со мене).Влезе другата и и велам добро утро,ми вели добро утро душо.Почнаа некои мубети да прават,знаете како стари жени.Но додека зборуваа,јас седев помеѓу нив,а тие преку мене зборуваа нешто.Едната држеше крајче од леб во раката.Јас им велам чекајте да се префрлам од страна,за да можете да зборувате.Но,излегов од собата и отидов,демек накај дневната соба,ама тоа сега беше направено спална,имаше мајстори.Јас го барав дечко ми.Дома кај него се се правеше,се менуваше,имаше мајстори.Кога влегов таму во спалната(вајда тоа наша спална требало да биде) имаше една девојка и таа мајстор,фина беше и ми вели има прашина,ќе се извалкаш.Се вратив назад во собата.
Pred nekolku godini sonuvav kako vo eden hram -manastir vleguvam i vnatre se pozlateno. I kako eden glas mi rece AKO NE SE POPRAVIS (demek losa sum bila)LOSO KE BIDE. I den denes prasuvam za toj manastir ili hram mi velat deka postoi no nema koj da go otvori da otidam i da zapalam sveka da odnesam dar . Toj manastir ili hram neznam sto e postoel vo seloto PETROVO gevgelisko dali nekoj znae informacii za ovoj hram ili manastir?
Ахх овие денови сонувам чудни сонови пример:како ме бркаат кучиња,како сум била на одмор со другарките ..
Јас ноќва сонев многу цвеќиња.Прво со другарките мои ги беревме од едни дрвја и правев букет, убави шарени цветови беа, потоа од едно друго дрво кое беше преубаво, со едни бели и розеникави цветови, слични на кали, сакав да додадам во мојот букет, ама не можев да дофатам, па го молам татко ми да ги скине и тој ми направи убав букет со тие цветови, ги држам јас во рака и велам дека на свадбата сакам да имам во коса од тие цвеќиња.Потоа го гледавме зајдисонцето, сонцето прво беше некое црвеникаво, па потоа зелено и го снема. Исто сонев како по пат наоѓам книжни пари и монети, книжните сум ги оставила, а монетите ги собрав. Читав дека бело цвеќе значело смрт и ептен се заплашив зошто дрвото беше целото со бело убаво цвеќе, ама притоа сонот ми беше многу пријатен и убав. Знае некој што значат овие мои сонови?