Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Од баба ми ми останало дека цвеќињата значат љубов и среќа. Нова врска, Венчавка и сл. Со оглед дека сте правеле букет од многу цвеќиња, јас би рекла да очекуваш некоја забава со многу луѓе каде ке се прославува нешто убаво :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    1.Сонував дека мајка ми ептен си ја скратила косата и се гледала во огледало и се чешлала. :?:
    2.Го сонував дедо ми кој е починат од пред една година,на едно песочно место сум се качувала по скалите и он стоел од страна.Сум му ги стиснала рацете и сум го гушнала,а пак он ми се насмевнал. :(
    3.Исто така ја сонував и баба ми која почина речиси пред месец,како на денот на нејзината смрт се правело како некоја гозба,ручек не знам по кој повод.Она била таму и била болна и изнемоштена. :(
     
  3. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Сонував како дошле 3 другарки и сум им кажувала некој мој сон како сум тепала некое девојче сега не ја ни памтам ]:) и сме се смееле гласно но јас сум слушнала како некој отворил врата,а немало никој дома и мама требала да дојде,и јас идам да видам што е работа и гледам вратата стварно отворени и излегувам ја и мама доле лежи со бели влакна на врвовите на косата и легнала кај комшиката и ги вади едно по едно и ме гледа така бледо :drunk:
    Многу се исплашив и едноставно се разбудив и во шок бев :worried:
    што е значењето?
     
  4. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Вака,сонував дека дечко ми дојде кај мене,но во работнички беше. :lol: И ми вели имало некој како дух ли како ѓавол лош и он дошол бидејки се грижел за мене.А потоа ми рече еј ќе ти ѕвонам да дојдеш кај мене,ќе дојдеш,па ќе си одиш и повторно ќе дојдеш.А јас ваква :^) ?
    И му велам еј затвори врата ќе дојде татко ми,овој вика нема бе,чекај.Пак му велам абе затвори врата.Ама не затвори.Се соблече по боксерици и почна да ме бакнува.Не знам потоа пак беше облечен,јас седев не знам на што и влезе татко ми.Го гледа него,а јас ваква :| .И ми вели зошто сум го викнала,а тој односно татко ми не бил тука внатре.И ништо и вика сега знаел зошто сум била толку мирна и сум го слушала дечко ми,демек имало и зошто.И вели ај седете си. :lol: :lol:
     
  5. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Имав кошмар и некако чуден и измешан сон!Сонував птеродактил-праисториско животно коешто е способно да лета со криљата како на љиљак и испушта морничави крици,но тој е многу голем и не лета,туку стои и ме гледа право во лице,а јас многу се плашам од него! :sweat: Фацата му има животински израз на лицето,поконкретно му се гледаат емоциите,сум гледала кај повеќе диви и питоми животно емоции на лицата и тоа ме плаши! :!: Потоа птеродактилот како да сака да ми скокне да ме растргне,но сепак,во исто време ме потсетува и на некој маж во погледот,некое човечко машко суштество коешто сака делумно да ме тепа,да ме убие и во исто време и сексулано да ме нападне! :$ :geek: :?: :| Значи во исто врме кон мене изразува повеќе чувства како да е и животно и човек! :| Јас како да се двоумам дали да се парам со него и да родам пород од него и во исто време многу се плашам и сакам да викам и да бегам,многу ми е страшен,а тој е добро свесен за тоа! :sweat: Потоа смогнувам сили и крикнувам,бегам,а тој не ме брка како да е свесен дека така треба некако! ]:) Потоа одеднаш се наоѓам на улицата кај мене во Куманово и трчам заедно со вујко ми со којшто не сум во добри односи инаку,а на нему му е смешно што сум избегала од птеродактилот! :fubar: Значење?
     
  6. Kafetinka

    Kafetinka Нов член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Сонував дека дедчко ми ми даде прстен златен, многу беше убав со два плави камења и така беше голем. Знае ли некој да ми каже што може да значи?
    Благодарам.
     
  7. Rawr

    Rawr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    38
    Јас во сонуви многу верувам,еве ви една вистинита случка.. ;)
    Сонував дека бившиот ми пишал на фб ме молел се влечел по мене и скроз истото што го сонував веднаш утрето ми се деси си седам онака лабаво и гледам ми пиши овој и си останав со отворена уста јас на сеен го оставав ово упорно пишии молиии ама ништо се оттарасив некако..
    После имам сонувано како едно дете што многу се дружиме ме сакал многу и сме биле заедно потоа он многу ме сакал но јас на почетокот не сум го сакала многу ама после и јас го засакав колку и тој мене и преубаво ни било..и еве после 1месец од тој сон ние сме заедно тој многу ме сака и јас него и преубаво ни е...
    Другар ми почна да ми вика пророк на прекар :lol:
     
  8. janovska1

    janovska1 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    18
    Го сонував мојот починат братучед кој што почина пред неговата полуматура пред 2 години. Како јас седам со неговото друштво и си правиме муабет кај него дома, а тој застанал на вратата не гледа упорно и се смешка. Уфф срцето ми се кине сега додека мислам на тој сон многу ми е тешко. :'(
     
  9. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    Во последно време сонувам многу сонови кои не ги памтам и се многу глупави и неповрзани на пример влегувам во мојот стан и не е како мојот наместен туку како на другарка ми
     
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Постојано сонував бебиња. Секогаш се различни. Еднаш сонував како го бањам, другпат како го шетам, како го држам ву рацете и го лулам да заспие. Веќе преку глава ми е, постојано истото е.
    И мајка ми ја сонував мноху деновиве. Почнав и да се плашам...
     
  11. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    сонував мачка како што се пораѓа со мало маче кај мене врака :o :^) :^)
    што значи ова ?
     
  12. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Многу ќе сум ви благодарна ако ми го протолкувате сонов, ме исплаши малку...

    Сонував дека сме биле на роденденска забава кај некој од нашето друштво. Кај вратата бил потпрен некој на кого не можев да му го видам лицето и од надвор некој друг на кој исто така не можев да му го видам лцието со нешто остро ја прободел првин вратата а после тој што бил потпрен крај вратата. И наместо тој што бил прободен, искрварила мојата најдобра другарка која стоела на другиот крај од собата. Сите сме испаничиле и сме ја однеле во болница, а тука била и нејзината мајка која била исплашена и плачела.

    Што би требало да значи сонов? :)
     
  13. Anonimnaa4

    Anonimnaa4 Нов член

    Се зачлени на:
    18 јули 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Кажувај си ја молитвата 'оче наш' во себе и тоа ќе престане. Незнам дали е тоа што мислам дека е, ама имам прашање.. Дали се чуствуваш како некој да те мачи, коа неможеш да мрдаш? Свесна си за се што се случува, но неможеш да си помогнеш, така?
     
  14. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Сонував како сме купувале со моите нова куќа, сме биле да ја видиме била преуабава и пресреќна сум била во сонот, што може да значи ?
     
  15. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    Неколку дена по ред сонувам како се капам во некое езеро/море, прво водата е матна а потоа бистра.
    Пред некој ден сонував како се капам гола,дечко ми до мене .. и потоа пливаме и имаше една продавница,а до продавницата кафич, таму работеше мојот бивш дечко,јас поминав до него и му се смеав зашто работи таму.. :^)
    Сега сонував како одам во школо,ги гледам некои од школските,другите од школото,професорите..
    Дури и професорката со која најмногу се расправав.. и другарка ми зборуваше со момчето со кое излегував јас,јас ја викав да дојде со мене а таа остана со него и му зборуваше дека треба да ја испрати тој некаде. Потоа излегував и на главниот влез ја пееа песната "Матурска" и јас почнав да плачам,се растажив премногу и и викам на другарка ми, "Леле многу ми фали школото,мака ми е" и почнав да ја пеам песната со другите :D
     
  16. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    2.149
    Пол:
    Женски
    Jaс цело време велам дека сонуваме она што го сакаме или она од што се плашиме.
    Ама последниот сон немаше врска со моето толкување...

    Спиев кај дечко ми пред недела дена и сонував бел волк како му стои под прозорецот. Не беше агресивен, само стои и гледа.
    Само што се разбудив, на прозорецот чукнаа колегите на татко му да му кажат дека починал на работа. :sweat:


    Стварно не ми е јасно што би требало да значи тој волк
    Цело време мислам на тоа :(
     
  17. toni.cvetkovski

    toni.cvetkovski Нов член

    Се зачлени на:
    25 јули 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пред околу две седмици сонував како жестоко сме се карале со жена ми дома, потоа во продолжеток сонував како јас сум си легнал сам во дневната и сум ја преместил бурмата од десната на левата рака. Но нај интересниот дел беше што кога се разбудив всушност несвесно сум задремал во дневната на петоседот и бурмата ми беше на левата рака, иако таа вечер со жена ми си бевме во прекрасни односи а бурмата ми е прилично тесна што без сапуница никако не ми се вади од прст.
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Ти не си сонувал , тоа било на јаве ама не знаеш.
    Може сте ја преместиле несвесно при прекрасните (турбулентни) односи. ;)
     
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Ќе ти се случи нешто ново нешто убаво.
     
    На jagodka.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Maci12345

    Maci12345 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Pred nekoe vreme sonuvav kako so jazik si go butnav zabot, a toj zab pred skoro vreme mi go plombiraa, jas so jazik go butnav i ne me bolese. otkako vidov deka vo sonovnik ako vi pagjaat zabi znaci smrt mislam deka od togas patam od bolesta ankcioznost, i mislam samo na losi raboti i deka nekoj ke mi umre bas poradi sonov pomos ve molam ne znam sto se slucuva :(