ne moras da veruvas vo sonot,misli pozitivno! ne se razbiram vo sonovi i tolkuvanja ama samo ne misli na loso i nema da se sluci loso!!
Не мисли и не се секирај, од психата само ке си правиш стресови без потреба. Ако идеш по соновник, ок, да ти падне заб значи смрт, ама ако не те боли не е некој близок, некој "твој". Ама мое мислење, си мислела на забот, тазе пломбиран, да не го оштетиш, и си го сонувала тоа подсвесно. Значи во секој случај, сонот ти е без значење.
Девојки ќе може ли некоја да ми каже дали знае што значи да сонуваш прстен златен подарен, на сон дечко ми ми даде. Исто сонував како сум пробувала венчаници разни и на крајот одбрав една. Ви благодарам однапред.
За заб ако ти падне и за тоа дали боли многу и малку и јас знам, ама пред две недели сонував многу лош сон и два-три дена неможев да си дојдам на себе. Не памтам цел сон како се одвиваше, ама тоа што добро памтам е дека бев со мајка ми, незнам дали кај мене или кај неа дома, и незнам нешто како да објаснував и мавтав со рацете и наеднаш ми летна раката несакаечки и ја удрив мајка ми силно по устата. И леле пак се ежам, женава ги стави двете раце на устата и почна да се витка од болка горе доле, низ рацеве фрштеше крв. Јас пиштев, плачеш и скокав од паника околу неа, и ја прашував дали те боли многу, дали те боли многу, а она неможеше ни еден збор да каже само се држеше за уста и цело време се лулаше горе доле, а на лицето и гледаш болка, ама ептен катастрофа. И едно време јас се соземав малку, и ги фатив рацете и и ги тргнав од уста да видам што е, како е, и кога ја подотвори устата двата предни заба и фалеа и многу крв, и во тој момент изрипав од кревет. Значи девојки, полошо чувство сум немала, сега кога се присетив пак ми се превртува стомакот.
Сношти сонив многу бизарен сон. СУм била бремена и сум се породила кај баба ми и дедо ми во купатилото. Место бебенце сум родила мало срнче. Сум се исплашила зошто така, но мајка ми од другата страна на вратата ми рекла да го скријам убаво затоа што некој сакал да му наштети.
Сабајлево сонував како ми поправале или ми пломбирале заб(не ми беше баш најјасен сонот), доле 4ка или 5ка и ми рекле цело време да го снимам забот за да виделе како ќе реагирал, ми дале некои картончиња за да го снимам сама со нив. Прееска пак ми се јави дечко ми, на работа е во странство и ми рече дека сонувал како предниот заб(двата предни му се вештачки) почнал да му се рони ама си рекол ај бе што ми е гајле и така се вештачки ќе ги направам пак. Ептен ме ставија во мисла соновиве, се извадив од памет, што би можело ова да значи ? Сонувано е на ист ден, т.е денеска
Сонував како ме брка еден човек кој во сонот беше пијан (а инаку е мртов веќе), заедно со мене трчаа братучетка ми и една другарка. Постојано додека бегав имав некои пречки и многу се изморив, на крај кога ме престигна јас почнав да го тепам. Има некое значење? Језиво ми е што ме бркаше човек кој веќе е мртов и што јас го истепав на крај.
Сонував како спијам и во сонот ме бакна еден децко, ама она страствено... и кога се разбудив во сонот не можев да се одлучам дали сум сонувала или дечкото вистински ме бакнал, ама после тоа како да знаев дека не било само сон, тој навистина ме бакнал И во сонот бакнежот беше мнооогу реален, многу силно го почувствував.
Сонував како во школото од основно имало некоја претстава и без да го научиме текстот на памет и да го извежбаме не бапнале на сцена со другарките и првата љубов. Јас и во живо имам паника од настапи, па така и во сонот. И сега ливчето со текстот сум го имала и ми кажала другарка ми кој е мој дел и јас само тој дел сум го искинала и сум го држела во раката за да читам, а да не се гледа дека читам. И како кажав две реченици, ме фати паника и сум и шепнала на другарка ми да продолжи и таа продолжила и потоа сите ми честитале на одличниот настап. И ај сега значење
Сонувам со најдобрата другарка како одиме по една улица и одеднаш се најдовме во Париз и требаше да се качиме на Ајфеловата кула но мораше да поминеме низ еден тунел и кога конечно после сите маки излеговме наши пријатели беа таму и знам само дека се сликавме и се разбудив.
сонував како сум била бремена, ама ми дошло и таман пред да се породам сме сфатиле дека всушност бебето е мртво, после тоа ми го покажаа, ама не дадоа да го видам и едни цигани го запалија...
Сум сонувала како прво сум носела плав фустан.После некое време се видов како носам бел фустан на ракавите извезен со злато.И си велам овој како невестински фустан бе. Потоа не знам како се разбудив дома кај мене во кревет и од под јастук извадив бели чевли ставени во кеса.
Што значи да сонуваш сребрени обетки,сум си ги барала обетките па сум ги нашла кај креветот,ама едната била малку скршена т.с и фалеле циркончињата,ама сум ги нашла и сум ги наместила.
Сонував дека сум купила нешо ново облека за носење и сеа дома дошла сестрата на дедо ми за да види и нз ме прашувала нешто и она седеше у детската соба и јас само влагам у дневната и глеам една мн стара ја бутка крпата од вратата со една лоша фаца и само наеднаш ме виде мене и само рече кој пие вода, а јас целата потресена и се разбудив. МОЖЕ НЕКОЈ ДА МИ ГО ПРОТОЛКУВА СОНОВ?
Сонував сум била ко на роденден или незнам заедно со другарка ми и многу други луѓе што ги познавам биле таму и дошол еден ко мафијаш од некоја банда со сива маица и златни ланци, тетоважи и пиштол и почнал сите да ги убива дури и едно бебе. Јас и другарка ми пред време сме знаеле дека ке се случи тоа ама затоа што сме многу блиски со организаторот на забавата Никола сме мислеле дека нас нема да не убијат ама овој после сите и накај нас дошол да не убива и ние као сме се криеле под масата и овој сакал мене во половините да ми пука и јас сум испискала "Чекај чекај треба да разговаравме со Никола" и сум се јавила јас и сум почнала да му попувам демек како можеше, кај ти е паметот и потоа сме се вратиле во една соба слична на претходнатаа и изгледа не убиле незнам се разбудив таква цела потресена. Значење?
Многу често сонувам како ги губав чевлите.. Одеднаш ми ги снемува и одам боса, пред сите... На кајот некогаш ги наоѓам, но не секогаш, понекогаш така си останувам боса. Може ли некој да ми каже што значат ваквите соништа?
Во последно време многу често сонувам..имам толку живи сонови-кошмари,што дури и самата се плашам.. И се соновите се како некој умира,трагично гине.. тука има и личности што ги знам и што не ги знам.Чудна работа,мислам дека лошата психичка состојба и те како има влијание или можеби има некое значење недај боже