Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Да прашам нешто. Дали е можно да сонуваш мирис. Незнам како да објаснам. Во сон, во спиење осетив интензивен мирис, женски парфем. Мирисот ме разбуди,доста интензивно. Кога отворив очи, за неколку секунди мирисот избледе. Како некој да помина покрај мене и одма да замина. Тоа не е можно, сама бев дома. Дури и се уплашив.
     
  2. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    сонував како сум начекала мнооогу мрави на работна во кујна, потоа видов дека имам брашно се спремав да месам нешто.. а кога преспивав сонував леб.
     
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.467
    Пол:
    Женски
    Aко некој се разбира во сонови а особено ако има религиозни познавања супер би ми дошла неговта помош.Јас сум атеист и од секогаш сум била тоа.Не верувам во религијата а уште помалце имам познавање од светите лица.Со години уназад ја сонувам Св.Петка.Точно не знам за каква светица станува збор но јас од нејзиниот лик се ужаснувам.Поточно секогаш кога ја сонувам неизмерно многу се плашам од нејзе и ужасна језа ме фаќа што секогаш рипам од сон .Ништо не ми прави во сонот ама јас само да ја видам пред себе ужасно се плашам.Дури ни на јаве на слика или на икона неможам да ја гледам ,одма ми се ствара непријатност и го тргам погледот.Дали некој од вас може да ми каже нешто повеќе за Св.Петка пошо пак некако језа ми е кај не верувам во Бог и религија па мене најдоа светци на сон да ми доаѓаат...Ви благодарам однапред.
     
  4. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    незнам да ти помогнам, ама сакам да се надоврзам дека еднаш сонував дека сум пошла на слава кај моите, а тие таа слава ја слават. и сега брзо сонував во петок навечер нешто, и дали сум запалила свеќа или ми се претставила како св петка не помнам, ама знам дека имаше врска со св петка и тој сон.....
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. faith.love.hope

    faith.love.hope Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    здраво на сите :) ако може некој да ми помогне околу соновите незнам зошто ама нон стоп ми се мотаат во главава...
    1. јас и дечко јадевме заедно леб, имавме три дела, јас јадев еден тој друг, третиот само го држевме, во меѓувреме тој проба од моето и обратно односно си ги делевме... можеби е глупав ама некако мн ми се мота низ глава.
    2. било наредено на мајка ми да ме убие иако нормално таа не сакаше, пукаше во мене ме погоди во главата не почувствував болка само погледнав имаше крв. затворив очи само да прелажам дека сум мртва за да не пуштат побрзо и се сеќавам дека се спомнуваа 7-8 часа ама нз за што.
    фала Ви од напред :)
     
  6. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    se izvinuam na fontot ama nemam tuka makedonski.jas sum vo strasnstvo i cuvam edno bebence kaj kumovite od moite bratucedi. lugjevo kaj sto rabotam se super imaat i dve kerki ama dobro se soglasuvam i so niv.sinokja dojgov kaj niv i imav bas neubav son.kakko pomaloto od devojcinjata mi stavilo nesto vo jadenjeto i na stomakot mi se napravilo nesto kako mozolce.jas sum go stisnala i od nego mi izleglo kako malo crevce.mn sum se ispanicila zoto e sum vo mojata drzava tuka e skapo za na doktor ne sum znaela sto da pravam.sum im zvonala na moite bratucedi da dojdat i na tetka mi.tie mi rekle deka ne bilo nisto strasno i ne se sekjavam dobro dali mi go skratile toa ili sto mi napravile dali sum bila na operacija. vo sonot sum zaspala i koga sum se razbudila sum imala samo luzna od seto toa..koga se razbudiv mn se isplasis odma pogledav na stomakot :/ ova se samo gluposti ili moze da znaci nesto?
     
  7. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Сум сонувала како сум била на пазар и како сум гледала суќни , имало една многу убава и сум ја купила , што значи ?
     
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.196
    И на друга тема пишав, ама и тука ќе прашам.

    Веќе на неколку наврати сонував дека сум бремена... Што би можело да биде? :?:
    Не сум опседната со таа тема, не планираме деца, па затоа ми падна чудно.
     
  9. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Ја сонував баба ми како починала , а инаку таа одамна е веќе почината .
    Ај ве молам ако знае некој што значи ова нека ми каже, првпат вакво нешто сонувам .
     
  10. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Што значи да сонуваш прслук, сум била на пазар и на една тезга имало многу во најразлични бои, сум купила еден во зелена боја ?
     
  11. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Што значи на сон да убиеш змија?
     
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    Ако убиеш змија- ќе се спасиш од непријателите
     
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    Ако ја сонуваш сопствената баба - среќа во домот
    Ако гледаш умрени-не плаши се од обврски
     
  14. anabela525

    anabela525 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    45
    Леле господи каков сон сум сонувала. Искрено сум уште во сонот и неможам да си го оттргнам паметот од него. Во сонот сум била на свадбата на братучетка ми и таа свадба ја организирал татко ми.
    Заедно со татко ми, кум ми и сестра ми сме отишле до една соба во нашиот дом. Во таа соба ги ставаме обично јадењата и зеленчуците.
    Е сега во таа соба имаше еден огромен црв. Не се смејте, црвов беше навистина језив и морничав и со огромни клешти и јас (која обично фаќа пајаци со голи раце и гуштери) бев преплашена од него. Црвов почна да се движи многу брзо кон вториот кат на нашата куќа каде што е и мојата соба. Заедно со сестра ми отидовме да го следиме. Црвот отиде и лазеше кон нашата соба, и потоа отиде под мојот кревет и по ѕидот на мојот кревет.
    Одеднаш ми скокна во раце а јас го искинав на две парчиња и за среќа го утепав. Но потоа почнав да плачам и на крај се разбудив.
    Искрено кога се разбудив помислив дека тоа беше јаве. Дека тоа се случило.
    Уште морници ме лазат :tmi: :doh:
     
  15. Underbelly

    Underbelly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Strasen son pomagajte sto znaci. Sum izlegoa v carsija da kupuvam za dusa da spremam.sum slegla po skali I tamu imalo edno prodavnice temno I dve zeni Vo crno vsusnost toa bile prostava kite. Koga gi vidov rasplakani I'm rekov da dojdam drug den no mi rekoa deka ke me usluzat.dodeka odbirav sto da kupam imalo krpi za kapenje I sum drzela cador crn ama ne znam Dali bil moj, dosta Edna zena uplakana I I izrazila socuvstvo na ednata prodavacka, a potoa dosol covek so zena I bebence go rekle deka se vika Lambo I site sednale. Tamu kade sto sum sedela jas nemase mesto ja poglednav prodavackata I sednav na nejzinoto mesto i potoa se razbudiv. Ve molam pomagajte.
    PS Se izvinuvam za latinicata na brzina pisuvav
     
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.495
    Пол:
    Женски
    Ја сонував сестрата на дечко ми. Омажена е сеа брзо, и е бремена. Јас ја сонував во некоја сала со уште многу трудници, беше во црни хеланки и голо стомаче - бремена, правеа некои истегнувања, вежби за трудници. Се разбудив и толку беше...
    Има некакво значење ова?
     
  17. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    симонче, кој месец е бремена сестрата на дечкоти? ако е 9 ти ми се чини дека и се ближи терминот хехе
    сестрами ја сонуваше другаркаи со голо стомаче и вечерта се породи :)
     
  18. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Па вака у последно време ми се дешава на сон да се бакнам со некого. Тоа не ме буни океј е ама јас осеќам како некој ме бакнува дури сношти осетив знаете кај машките од брадата не дека имаше брада но оние мали буцки е и тоа го осетив а утрото кој и да прашам никој не влагал у мојата соба цела ноќ помош плисс :o :)
     
  19. libra89

    libra89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    24
    Баге сонував многу непријатен сон и многу се исплашив. Во сонот ми паднаа повеќе заби кои беа како слепени, мислам 4 беа и беа поредени како едно цело во форма на квадрат, тогаш сфатив дека може не се вистински забитебидејќи изгледаа пластично но кога погледнав во огледало забите од долната лева страна ми фалеа, уште во сонот бев свесна дека нема убаво значење.
     
  20. Adriana-Limaa

    Adriana-Limaa Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Стварно значи незнам како дојдов у ситуација за ваков сон.. хаха бев малку радосна до душе али не се чуствувам некако најдобро после сонот.. Се почна вака, јас бев замината некаде на подолг период ваљда ако добро се сеќавам и после некое време се враќам дома и гледам две бебиња машки како лежат на креветот во дневната. Јас се изненадив и го прашувам таткоми шо е работава од кај бебиња, и ми вика а па наши се , братчиња ти се..Беа уште мали такви слатки што одма се фрлив да ги гушкам и да ги држам во раце..Толку од сонот се разбудив. Незнам шо да мислам:/ као шо иам слушано демек ако во сон се радуваш на јаве ке плачеш... Би ве замолила да ми објасни некој шо знае а мислам дека @physic може да ми помогне.. само сакам да знам шо значеа малите машки бебиња на креветот. Фала поздрав