Не ме болеше, што знам. Како што велиш, не верувам многу во вакви работи, а и другите сонови што сум побарала толкување не ми се остварија. Како и да е.
Белиот фустан можно е да претставува некоја твоја одлука која имаш намера да ја донесеш во брзо време или веќе си ја донела а мислиш дека е потполно исправна. Истата може да се однесува за одредена личност, кариера, семејство итн. Воедно, белиот фустан може да симболизира душевно прочистување, спокојство или мир. Можеби периодов ти е онака убав без некои големи турболенции, или бар мислиш дека ти претстои таков во блиска иднина. Косата пак од друга страна значи отфрлање некоја стара грижа, или тежина, за која чувствуваш дека ќе ја надминеш во периодов кој следува.
Sonuvam mnogu cesto more,sekogas sum na plaza so razlicni luge,pocnav i mesta koi ne gi znam ,vo detali da gi sonuvam .Ima li nekoj tolkuvanje?
Што значат влакнести нозе? Немав јас во сонов, него едно друго девојче, кое читаше списание и гајле си немаше..
Здраво, што значи бременост? е сонував бремена со тежини но не многу болки, и после тоа припрема за порагај
Bremenost znaci nosis nekoja tezina ,a poragaj ke ti olesni ,ke se resi problemot. P.S A na mene nekoj da kaze za sonot so voda,sekoja vecer pak prodolzuva...
Сонував како сум се туширала и кога сум ја миела косата место шампон сум ставила сапун и цела ми се затестила па кога сум излегла од бањата збунето сум видела дека косата не ми е измиена. Значење?
Па нешто што мислиш дека ќе го средиш и ќе го откачиш веќе, уствари нема така нешто... Треба сама да си знаеш што е тоа што сакаш да го поправиш на јаве, да си олесниш.
Сонував како на прозорецот имало многу пчели. Отворајќи го прозорецот, долу паднале неколку и јас сите сум ги згазила. Ми се залепиле за стапалата и ми било многу страв. Не ме каснале, ништо. Туку знам дека бев преплашена, ми беше страв и гад да ги тргнам. А не знам која е разликата помеѓу пчела и оса, ама во сонот знаев дека е пчела.
Во последно време, многу често сонувам како сонувам.На пример, ќе сонувам нешто, било што и потоа се будам во сонот и сфаќам дека сум сонувала.Кога навистина ќе се разбудам, пак истото се повторува, мислам на соновите(на сите се сеќавам веднаш по будењето ).Имаат некакво значење?
Одамна не сум сонувала нешто толку чудно и необично. Дождлива вечер, излегувам од зграда директно на прометна улица, несредена со чадор во рака. Започнува до роси, го отварам чадорот и сфаќам дека започнувам да се кревам нагоре. Го затварам, ме враќа повторно на земја. Истово се повторува неколку пати, кога најпосле собирам храброст, го отворам целосно чадорот и летам како Мери Попинс, со единствена разлика што сум по тренерки. Луѓе запираат, започнуваат да вриштат по мене и да ме сликаат, ми аплаудираат, јас си стојам во воздух збунета.
Луѓе јас сонував како одам во црква или манастир, не знам што беше влегувам внатре со дечко ми и брат ми и барам икони да се помолам, сите икони биле празни, само рамки, брат ми го праша попот зошто е така и тој рекол дека ги крадат и затоа биле скриени, тогаш брат ми сакал да купи некоја и попот пак не му ја покажал иконата туку само која големина е.Дечко ми пушел цигара внатре и сме се скарале зошто тоа било свето место и не се пуши внатре, а брат ми за тоа време лежел на една клупа во црквата како да ќе спиел таму.Излегов надвор купив свеќи и тргнав да ги палам и потоа не можев да ги најдам каде сум ги запалила, а гледав други свеќи што горат.Сонував и како во дворот на црквата хранам едно куче со месо.А и како да беше некој празник па имаше многу народ и цвеќиња околу црквата. Што е сонов?На нет пишува дека има неубаво значење, смрт и болести, а денес е празник па си велам утре да појдам на црква и да купам иконка или денес да појдам?Иако пред 2-3 дена бев и палев свеќи за здравје.
Незнам да не имаш некој грев направено? :\ Или пак да не имаш нешто ветено,па да го немаш направено или дадено? Ако не најубаво појди си в црква запали си свеќа,ете ако сакаш можеш да си земиш и икона. Еве јас да пишам,сонував денес како ми е скратена косава. Значи должина некаде до рамената,но во сонот никој ни ми ја потшишуваше ни ништо.Ама ептен се исплашив,на соновник прочитав демек ќе сум се разболела од сериозна болест. :\
Синоќа сонував дека сум забременила од момчето што го сакам, но не сум му кажала дека сум бремена. Многу сум била среќна во тој период и се така убаво било. Дошло и време да се породам, ама пораѓајот не го паметам како дел од сонот, само памтам дека родив девојче, прекрасно. Доаѓале другарките мои да ја видат и знам дека мајка ми беше покрај мене цело време. Но, не му кажав на момчето дека има ќерка дури ни откако се роди. Незнам зошто баш таков сон aма преубаво ми беше, барем на сон.
Ако некој се разбира во сонови нека ми каже што значи да сонуваш еден ист сон повеќе пати? Доколку се разбира во овие работи, нека ми пише и лп за подетално.