Само што се разбудив, неможам да заспијам дека сонував чуден сон. Ве молам некој да ми каже што значи Сонував сме седеле на кафе блиску моето поранешно школо со мајка ми, татко ми и двајца другари и наеднаш ја здогледав црквата (а таму нема црква и нема и во близина) не била доградена а на кровот се појави икона со Св. Богородица и Исус и се гледаше иконата многу чисто, почнав да им викам на сите видете Богородица ја гради црквата ама зборејќи и како солзи имав дури и тие сите почнаа да ми викат ние не гледаме никаква Богородица, јас им викам абе горе гледете на кровот е ја гради црквата тие пак погледнаа и викат не ја гледаме. Сватив дека само јас ја гледам и заплакав дури ама одма се разбудив и морав да пишам. Ќе ве замолам повторно, некој ако знае што значи да врати што побрзо. Благодарам однапред
Sto bi mozelo da znaci ova? Sonuvav deka sum bila vo vremeto na Holokaustot i sum bila evrejka. Pocnale bombi od sekade da frlaat i jas si majka mi sme bile doma i dosol nekoj covek i rekol deka ke bideme evakuirani i deka ke bideme bez hrana, jas sum pocnala da placam,nemozev da se smiram. Aj ve molam interpretirajte P.S se izvinuvam za latinica, nemam na ovoj kompjuter mk podrska.
Што значи да гледаш жена која не а познаваш и прави вака морничави мимики..т.е. де се насмее де се озбили вака чуден сон беше а и претходно сум го сонувала
Си сонувала на празник (27-ми Септември - Крстовден). Кога имаш време појди запали си свеќа. И сонот во никој случај нема негативна конотација. Сонување црква или манастир од секогаш значело мир и благосостојба
Сонував дека сум била во затвор, многу сум паничела.. сум се јавила на мајка ми да побара адвокат да ме извадат а таа не сакала и сум почнала да плачам да викам дека ако не ме извадат до утре внатре ќе ме убијат. А другиот сон сум лежела во кревет и сум читала нешто, до мене спиел мажот ми (не сум мажена..немам дечко) не сум го видела кој е ама сум мислела дека ми е бившиот, и кога сум се завртила накај него за да му кажам нешто сум видела дека е некое друго машко и сум почнала да плачам силно зошто не е бившиот.. Знае некој што значат овие сонови?
Просидба ама не моја туку наводно на мои блиски и се случувало во мојот дом, но тие биле постари и двајцата... не знам која е логиката во ова ни па кои се тие луѓе. Може дека синоќа бевме на вечера со дечко ми со едни пријатели и баш си помислив аман кога ќе ја бара, време им е веќе. Ама сонував уште нешто... Со брат ми сме биле мислам на печалба во Германија или така нешто и тој решил да си оди и се спакувал и имал резервирано авионски билет и јас помислив дека нормално ме планирал и мене, кога тој само за него си купил карта, мислел ќе останам. Кога ме фати паника, викам како мислеше дека ќе останам сама овде бе, и сум грабнала алиштата нездиплени да ги бутам во куфер. И така...
пред 2-3 вечери сонував еден сон што некако ме вознемири, во кујната имам витрина во која што ми стојат сите спомени што ми се останати од свадбата, е сега доаѓа некоја жена ( не ја забележав која е ) и до нашите бомбони ставила црни свадбени бомбони, а на другата страна ставила друго нешто црно и јас ја прашувам што правиш, што е оваа таа ми вика ако нека е, убаво е тоа и се разбудив... барам на нет ама нешто не можам да најдам што може да значи тоа, ако некоја знае, нека ми протолкува
што знам мислам дека некој ке замеша прсти / ке застане помеѓу вас или има некоја жена што сака да ви наштети јас така мислам но дај боже да грешам
Сонував шума, но дрвјата немаа листови, немаше трева, немаше патека, туку се беше некако голо. Одев некаде, па се враќав. Ај плс некој да ми каже, пошто ретко сонувам.
Сонував како мајками ми вика на татко му на дечко ми да му дадам крпа,човекот е жив,незнам што би значело.Вчера му беше роденден а сонот го гледав некни.Обично викаат за на починат човек се јавува така на сон демек ако нешто сакал а ова????
Пред два дена сонував како тетин ми ( кој е починат пред три години ) инаку на сонов како да бил во затвор и го пуштиле од затвор, и дошол кај родителите на мајка ми на гости, кои живееат во село. Инаку кога дошол тој сите сме биле таму и сите сме плачеле од радост. Он со сите се изгушкал по ред. со мајка ми, татко ми, дедо ми,баба ми и со вујковците.и се разбудив....не сакам да помислам на нешто лошо... Дента пред да го сонував овој сон дознавме дека сестра на дедо ми ( од мајка ми тетка ) починала... Дали овој сон има некаква врска со оваа вест???
Завчера (пред да одам на пат) ја сонував мајками која е почината и реков ќе дојде дечкоми да ме земе ќе одиме кај него може ли да дојде и таа ми рече ако сака нека дојде он дојде и почна да и раскажува што работи и кога ми текна дека е почината се разбудив. Вчера сонував како ми вадат заби ми се клатеа а не беа млечни за да ти се клатат и многу голема болка имав па дури и крв видов ај ако некој знае да ми каже што значат соновиве
Некој се разбира во сонови или само ќе пишуваме што сонуваме? Инаку вадење на заби, паѓање на заб не е добро, тоа барем знам. А има и соновник на фемина- видете.
Демек зависи кој заб ти паѓа/или го вадиш. Ако се кецови/двојки од поблиска фамилија. Сон е, не мора ништо да значи, иако јас лично верувам во толкувањето, многу пати толкувањата ми одговараа на ситуацијата.
Луѓе како да не сонувам или барем да не се сеќавам на тоа што сум го сонувала? Сонувам цели филмови, места и луѓе кои некои не ги ни знам, некогаш дури можам да се разбудам и кога ке заспијам пак да продолжам да сонувам ист сон. И обавезно сонувам пред да се разболам јас или некој од моите, без разлика дали е настинка или нешто другоо или пак некој проблем на работа. Како да не ги паметам соништата?Наместо да станам одморена, се оптеретувам со глупости и соништа.