^ Каде виде дека ништо не ми се остварило? Прочитај уште еднаш. Напишав дека имам сонувано некои сонови повеќе пати, па ништо не се случи. А често соновите ми стануваат јае, безразлика на денот во кој се сонувани.
стварно треба редакцијата од фемина да ги острани профилите на такви како тебе што си лечат фрустрации на други , ако имаш лош ден оди истури му се на други а не овде , јас го кажав тоа што го мислам , никој не побара мислење и одговори од тебе , и те молам поштедиме од твоите глупави изрази !!! Тоа што кажа дека не одиш в црква ТОЧНО ГОВОРИ ЗА ТОА КАКВА ЛИЧНОСТ СИ !!!!!!
Не лечам фрустрации. И не сум редактирала, затоа што не можам да редактирам што некој ќе ми реплицира. А тоа што сум неверник во Бог, не значи дека сум ужасна личност. Различните верувања не треба да бидат причина за мразење некого. Очигледно е дека се работи за недоразбирање од твоја страна.
Здраво.. Ако некој може да ми помогне со сонов многу ви благодарам. Значи сонот ми беше многу измешан. Сонував дека многу блиска личност е почината..Потоа учествував во сексуален чин со уште еден пар, иако на јаве тоа не ме привлекува ни малку. Одеднаш уште не ни почнати, како да се освестив дека личноста е почината и одеднаш почнав да одрекувам, да плачам.. И тогаш како да почнав да трчам, да бегам..и се дерев, викав, не прифаќав дека таа личност повеќе ја нема. Едноставно не можев да прифатам. Многу одрекував, и како да осеќав дека тоа не е точно.. Потоа со плачење и дерење се разбудив.. Иначе да напоменам дека се работи за многу блиска личност, за партнер..
Денес имам сонувано како ме бркаше по улица една школска другарка, па после почна и да ме тепа и така и јас и враќав. Така тепајќи се стигнавме до влезната врата, па почна плачејќи да ме прашува дали мојот 4 годишен братучед (таа воопшто не ни знае за него на јаве) е мртов (инаку тој е донекаде слеп, па сега е во странство да се лекува). Прво молчев, не сакав да и кажам, но послем и реков дека е мртов(иако во сонот беше жив ,ја излажав), во тој момент додека и го кажував тоа почнав силно да плачам. Сонов е многу збунувачки, но доколу некој знае да толкува сонови нека пише.
Го сонував Гоце Арнаудов-пејачот што почина 2011 -та година. Незнам каде бев во кое место и се најдов на тераса заедно со него. Беше облечен во црна блуза и надолу фармерки. Беше некако многу смирен, не знам што правевме муабет и јас треба да одам на друга тераса кај што ме чекаат луѓето со кои сум заедно. Се качувам на ѕидот од терасата, ама да прерипам на другата тераса нема да можам, многу далеку ми се гледа и се враќам назад. Гледам една картонска кутија и внатре книги, демек отпечатени за него како биографија. Беа црни со убава цврст корица со пластифицирана хартија, а на корицата со пенкало испишани име и презиме, нешто како посвета и му викам дај ми една, а он ми вика тие се спремени за други луѓе. И така јас си тргнав да си одам ја извртев терасата и понатаму не се сеќавам. Не верувам во сонови, знам дека нивната цел е да те одвлечат од реалноста или непотребно да те загрижуваат. Обично произлегуваат од мисли или желба, но од каде сега Гоце, нит сум го видела нит чула!?
Некни вечер, се сеќавам, сонував како прибирам 2 мачиња од улица, едвај ги "докопувам" и ги носам кај мене дома, им давам да јадат, се грижам за нив итн... И сабајлето доаѓа татко ми и ми кажува дека 2 мачиња (од сите 9) кои ги чуваме на село во дворот во викендицата, умреле..
Сонував како сум се породила ,женско бебе беше ... Ми го дадоа и да го држам сум плачела а бебето имало толку убаво и чисто лиценце бело. Целиот процес го сонував значи како сум заминала во болница што се случувала како сум родила како моите блиски биле до мене ... Машко бебе знам дека е лошо да сонуваш но женско незнам Знае ли некој да ми каже што значи ?
Што значи ако две личности сонуваат ист сон? Ама целосно ист е сонот. Јас го сонував пред година и неколку месеци, а другата личност го сонувала овој сон пред три месеци.
ако леташ високо ке ти се остварат големи планови /голем успех , ако леташ ниско / краткотрајна среќа
Сонував κаκо κај мене дома биле дојдени бившиот,сестρа му со детето и мајκа му. Јас сум се чувствувала напнато и ρеκов деκа не ми е добρо да излезам на воздух. Он беше многу смиρен.κога излегов пρеκу пρозоρ гледав и сестρа му легна да спие а до нејзе тρебало да спие и мајκа им,Ама она стоеше и беше замислена. Бившиот заспа (на κρеветот κај што спијам јас),на дρугата стρана детето на сестρа му,а меѓу нив место κаде јас тρеба да спијам. Што значи овој сон?
Ви се случило додека сонувате да се себеповредите? Сонував кај што ме брка некој човек, сум трчала ама еден негов чекор бил колку два мои, со одење ме стигнал. Кога ме фатил, ме стегнал толку силно за зглобот што сум мислела ќе ми отпадни дланката. Почнал да ме влече кон некоја кола, па пред да ме стави во колата сум почнала да го гребам по рацете, за да ме пушти. Се разбудив од сонот кога осетив како некој да ми ги стега рацете, осетив болка од гребење. Најверојатно додека сум сонувала дека го гребам човекот во сонот, сум се изгребила самата и тоа убаво сум се изгребила... Си ја гледам сега дланката додека пишувам, цела со гребаници и не можам да поверувам... Сум сонувала многу пострашни сонови, ама никогаш вака не сум се преплашила и ништо слично не ми се случило.
и јас како викторијааа5 сонував дека сум родила женско дете , и сонував дека го однесовме дома и го гледав како спиеше на креветот и си викав во паметот види бре девојче а колку личи на мм. тоа е од пуста желба да останам бремена