Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто почесто сонувам како маж ми е со друга жена :whew: Еве денес т.е ноќеска сонував како сме биле јас, он и уште една жена што ја познавам на некое патување. Одеднаш наиодовме на многу стрмна угорница која одвај ја искачивме со колата, а после неа се наоѓаше некој манастир или црква не се сеќавам баш.И одеднаш мене ми текнува дека таму сме се венчале (што нема врска во реалноста :)) Сум шетала таму и случајано незнам како сум дознала дека маж ми ме вара со жената што патуваше со нас. Јас цела изнервирана одам кај маж ми и тој ми објаснува како она му се нафрлала незнам што, тој не бил крив (facepalm) И јас сум почнала да ја бркам неа (ја познавам во реалноста таква е со кој стигне со тој е, сите ја зборат) и кога сум ја фатила сум ја претепала, буквално од земја сум ја трескала :muscle:. Тоа е во главно тоа.
    Незнам зошто почесто сонувам како е со др жена, не дека сум многу љубоморна и незнам што, само онака. :lol: Незнам зошто ме мачат вакви сонови :sweat:
     
  2. vilma

    vilma Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    134
    Сонував како бркам црн пајак голем колку телефон, со тело како на мравка..на крај го убивам...
    Многу ретко сонувам, а овие денови сонувам веќе 2-3 сона...
    Го видов објаснувањето на Фемина соновникот за пајак, но ако некој знае да го протолкува целосно сонот би била благодарна.
     
  3. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Сонував како ми биле расипани неколку заби, ама не цел заб туку пола здрав пола расипан и расипаното само си паѓало. Што може да значи?
     
  4. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.201
    Пол:
    Женски
    Јас веќе одамна си го сонувам тој Самсунг Галакси Ес5.
    Сигурно ќе си го добијам штом толку ми влегол во глава. :D
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Што значи да се сонува жена во бело,непозната жена, која стои позади мало детенце? После детето се плаши од женава,бега и го бара на помош таткото?
    Ноќеска ова го сонуваше син ми.Жената во сонот негов стоела позади нашиот внук.Син ми се разбуди ноќта и како мало дете липташе од страв.Пред малку ми кажа што сонувал.Сега и мене ми се крена коса.По морничав сон не сум слушнала.Ако некој знае да толкува нека пише.
     
  6. Dimkovska123

    Dimkovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Дедо ми ме сањал како сум била на операција, и имало на секаде крв и многу доктори имало околу мене. Што Значи тоа ?
     
  7. laill

    laill Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Го сонував бившиот облечен беше во моето зимско палто и ми се јавуваше на телефон. Што значи сонов?
     
  8. shushu

    shushu Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Еден сон ми има останато во сеќавање.Пред неполна година сонував дух на мало дете и во сонот бев многу исплашена.Братучедка ми (ќерка од чичко ми)ми кажува јас знам кое е ова дете, тоа е од предходната врска на татко ми и толку.
    Утредента и кажав на мајка ми и она ми кажува:се сеќаваш на ххх кога му беше девојка на чичко ти,беше бремена ама се скараа и таа абортираше.Јас сум била мала и нормално тоа не го знам.Многу ми беше чудно и езиво.Ако не сонував никогаш немаше да знам дека ххх абортирала од чичко ми.
    Инаку мразам кога сонувам секогаш се случува обратно.Пред неколку дена го сонував братучед ми се верил, вчера дознав дека раскинал со девојката и слични гчупости.
     
  9. vvv123456789

    vvv123456789 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    Вака : јас сонував дека починал дедоми кој почина пред околу 10 месец. Не сум го видела него ни ништо само дека починал. С предтоа како на мајка ми не и е добро и ја носиме кон болница. Два сона во една вечер. Значење некој?? Благодарам однапред. :**
     
  10. ton4ica

    ton4ica Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Што значи да го сонуваш бившиот. Секоја вечер го сонувам и него и неговата фамилија а воопшто не помислувам на него преку ден долго време веќе го имам заборавено
     
    На vvv123456789 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tigarche

    tigarche Активен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    1
    многу често сонувам како имам односи со бившиот и секогаш во сонот му кажувам дека многу го сакам,и кога сум во некоја неволја во сонот тој е мојот херој..инаку не мислам на него преку ден за да го сонувам. имам дечко 4 год сум со него а никогаш до сега не сум сонувала да имам односи во сонот до сегашниот само со бившиот..а синоќе сонував како сестра му на дечко ми била бремена и се породила
     
  12. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    што значи да сонуваш како со машко збориш на телефон и ти кажува да си замислиш желба?
     
  13. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
  14. KerubimV

    KerubimV Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Ве молам да ми го протолкувате сонов,
    Ја сонувам баба ми која почина пред 8 месеци, инаку првпат ја сонувам, како со тетин ми и тетка ми се возиме во автобус и одиме во црква св.Богородица на некоја прослава, застанува автобусот на патарина и тетка ми вика ајде ние тука ќе слеземе и слегуваме баба ми оди до мене и оди исправена убаво и лесно, а не како кога беше жива и подзгрбавена и носи голема торба на рамо и јас и викам ауу мори бабо ти колку си стара а цело време ја носиш торбава, дај ми ја мене, а она вика остави мајко можам, а јас инсистирам и и ја земам и и викам ајде бабо оди по мене и слегуваме по едно патце цело кал и лушпи и семки од пиперки, она оди по мене и тетин ми и тека ми да ја носам во црквата и и викам уште малку стигнавме а она ништо не зборува.
    И мајка ми пред некој ден ја сонувала како и давала нешто да ми донесе...
    Ве молаааааам кој знае нека ми каже што значи ова.
    Фалаа ...:)
     
  15. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Што е да сонуваш да држиш во раце бидермаер?
     
  16. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    па тоа би требало да значи дека ке се омажиш а ти колку години имаш втасана ли си за мажачка
     
  17. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Многу сонувам значи,секоја вечер по 2-3 сона,и сите со нешто што ми се случило и тоа се многу језиви и вистинити,а ми се има случено да сонувам нешто и тоа да се исполни..
     
  18. Ivki

    Ivki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    6
    Ova e soneto od poodamna no bidejki na eden drug forum ne dobiv odgovor, ja zabelezav grupava pa se odluciv da go spodelam so vas:
    Vo cetvrtokot prema petokot majka mi sonuvala kako mi vika da i go izbrisam bojot od mojot bivs decko (deckoto so koj raskinavme pred 2 meseca) kazuvajki mi deka nema da i treba povekje toj broj, a jas i vikam zosto da ti go izbrisam koga on mi se javi, ke dojde na gosti (inace nie voopsto ne se slusame so nego od togas), i kako on doagja na gosti, a kaj nas polna kukja so gosti i kako i gi bara na mama papucite koi ona mu gi imase kupeno za da gi oblece. Potoa odednas pocnala da go sonuva denot na nasata slava sv.Gjorgija (ovaa slava inace za prv pat sega ke zapocname da ja sonuvame), sonuva kako imame gosti i edna od tetkite na tatko mi ja prasuva majka mi za mojot bivs decko, no za da ne kaze majka mi deka sme prekinale vika ne e tuka bidejki e vtora na rabota, do mnogu docna e, a taa tetka ja prasuva da ne lazes ti nesto....i odednas zazvonuva zvonceto i na vrata nepoznati maz i zena, koga ja videle majka mi prasale za mene i dali moze da vlezat, a vo toj moment od pozadi se pojavil mojot bivs decko koj i gi pretstavil na majka mi deka toa se negovite roditeli. Otkako sednuvaat, majka mi me povikala mene vo sobata kade sto slavime sv.Gjorgija (inace za nekolku dena e ovoj praznik), koga sum gi videla sum se zdrvela, a vo toj moment mojot bivs decko stanal pred site, kleknal pred mene, cestital na site da e vecna slavata a voedno izvadil prsten so koj me pobaral za zena..........
    Sto bi znacel sonov, kakva e povrzanosta so praznikov koj za prv pat ke zapocneme da go slavime i so mojot bivs decko i ponudava za prak??
    Vi blagodaram za odgovorot.....
     
  19. Ivki

    Ivki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    6
    и што значи да сонуваш како ти се скршиле ноктите? - пред некој ден сонував како на 2 нокта по мал дел ми се скшил, а наредната ноќ како на 5-6 нокти целата надградба ми е одкорната (иначе надградба имам на ноктиве) :) фала....;)
     
  20. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    па божеби навистина ке те побара за жена, иначе кршењето на ноктите може да значи некија болест( се надевам дека не сум во право)