Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Женски ај ако знае некоја нека ми каже што значи на сон да сум невеста,нокеска сонував тоа
     
  2. D.Lady

    D.Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    (se izvinuvam za latinicata, od mob sum, ama moram da odgovoram dodeka ne sum zaboravila.) Ako naskoro planiras svadba, a vo megjuvreme sonuvas vakov son, ti sledi povolen period, ispolnuvanje na zelba, ubavi slucuvanja vo familijata. Ako ne planiras svadba, sonot znaci deka naskoro ke formiras semejstvo. P.s. ako vo sonot nosis mnogu nakit, znaci da ne se kitis so lazni nadezi;ako si trudna nevesta-grizi i nervozi :)
     
  3. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Јас сонував како другарка ми и јас сме биле да јадеме бурек и кога сме излегле , некои машки почнале да не следат и не фатиле за рака сакале да не силуваат но ние сме им избегале . И знам само дека ќебето ми го земале. :worried: :lol:
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.065
    Пол:
    Женски
    Многу, многу реален сон, просто не знаев што со себе кога се разбудив.
    Сонував како сум била трудна. Сум имала големо меше веќе, можев да го почувствувам бебето во мене. И љубовта. Леле колку го сакав, можев да го замислам какво ќе биде и знам си велев дека никогаш ништо лошо нема а дозволам да му се случи. Потоа еден момент се погледнувам и мешето го нема. Се фаќам за него и си викам, уф добро е, уште сум трудна.
    Најчудно беше што во сонот изгледа бев сама. Него нигде го немаше, бев кај мајка ми и она ми викаше дека ќе ми помага. А знаев, чувствував дека ќе можам сама и дека ќе бидеме среќни.
    Поим немам зошто и од каде сонов. Ама дефинитивно ме загрижи. Поготово што имав чувство дека е реален. И премногу реален.
    Некој нешто има да ми каже за ова?
     
  5. samovilce

    samovilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    15
    oва можеби ќе звучи како бабини деветини но слични и пострашни сонови сум имала па истражував прашував секој кој го знаев и ова го добив од една баба .
    Сонуваќи да во себе имаш суштество кое го посакуваш свесно или не зависи од постапките кои си ги правела и на што си мислела претходно ,постојат духови или едноставно изгубени души на бебиња абортирани,оставени на милост и немилост фрлени надвор од грижа на лугето тоа се души кои траггаат по лубов и топлина ,души од некој друг свет кои пробуваат да ја отворат вратат кој не дели нас од нив а некои успеваат да дојдат во контакт со нас преку наш сон .да тоа за нас е како сон кој трае неколку минути но кај нив е вечност ...не сакам да те вознемирам едноставно ти кажувам што сум дознала :* размисли можеби сонот те тера да се распрашаш за некои работи поврзани со тебе и твоите блиски ...можеби има нешто што свесно или несвесно си го направила или кажала
    се најдобро :clap: :*
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.065
    Пол:
    Женски
    Не разбрав баш. Во која смисла? Ниту сум абортирала, ниту сум сакала да имам бебе, затоаме изненади сонов...Не ми е јасно баш, стварно. Фала сепак :*
     
  7. samovilce

    samovilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    15
    па ова може значи дека ке бидеш добра мајка ...па некој сака да ти го каже ова ....не мора да значи дека ти си абортирала можеби си дала совет некому за ова ...би сакал да знам повеќе ама тоа што го знам го кажав а оваа бабичкава е стварно занесена по ова па лугето мислат дека е crazy
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.065
    Пол:
    Женски
    Ќе прашам и јас една баба, на една моја другарка. Стварно ме потресе сонот. Ама онака како стварно да бев бремена. Толку чувства... И уште еднаш фала :)
     
  9. samovilce

    samovilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    15
    верувам дека те потресе јас многу пати сонувам дека летам и тоа некоја чудна сила ме влече и тоа високо па удирам во здгради ама не осеќам болка плачам без глас .....господ знае што е ова со нас :sweat:
     
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    Прво сонував дека сум била во Луна Парк со две другарки. Имало мноогу гужва, се чекало редица за карти, имало панорама, куп луѓе собрани околу нејзе и наеднаш другарка ми рекла како работат справиве, како се уклучуваат и јас аман бе и она ајде бе кажи ми и јас офф, ајде. И сум отишла кај ракетите и дур свртам цел круг околу нив, и сум видела како едно on-off и викам еве овде. Ама некако како да било расипано, и тогаш некако мн беше пуст паркот, ниеден човек немаше, ама чувствував дека некој не набљудуваше, мислам дека машко беше, го видов на кратко, позади нас беше..
    После како имало некоја папка што јас сум памтела дека сум ја земала од под клупа и внатре имало разно-разни ливчиња, тестови ли такви некои работи. Мајка ми фатила да ја истресува папката, да вади разни листови, да ги чита тестовите, незнам и јас она како што ќе фатела некое ливче и јас сум знаела не треба да го прочита и сум и го зимала од рака и сум ги тргала на страна. Она тогаш другите ги вадела и ги читала.. И нешто друго со тоа сонував ама не ми текнува што. :^)
    Исто го сонував бившиот муватор да речеме :^) што многу го САКАВ до неодамна. Сме седеле во училница, имало деца а јас нешто сум му зборела, дали сум го молела, сум го убедувала а он некако само тапо гледал во клупата и ќутел. А јас упорно ама кажи нешто, незнам.. Баге, Срекичка, некој? :$ Ве изнагњавив со моиве долгометарски сонови. :$ :$
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.065
    Пол:
    Женски
    Ај вака во контекст на ова да прашам, дали некоја сонувала ваков сон? Жими све мислам дека го видов бебето... А јас толку не сакав бебе да имам(сега не барем), ама ова сонов...Уф пак морници ме полазија.
     
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    RainBow, незнам јас да толкувам сонови, знам општи работи што ми ги кажувала баба ми. Си пишала дека си се осеќала среќна и исполнета и ќе можеш сама се да направиш. Среќата во сон во стварноста значи тага и непријатности. Побарав на соновник ( незнам колку се точни тие на интернет. ) пишува за трудница/бремена жена дека значело непријатности и болест. Јас знам дека сите викаат за соновите дека тие всушност се одраз на тоа што го правиме и чувствуваме во денот и во нашиот живот, свесно или ПОТСВЕСНО, нашите потреби, посакувања и слично. Ти рече дека воопшто не си размислувала за бебе или за абортирање, но тоа можеби тие мисли ти се случуваат во потсвеста. Но јас, сепак не верувам толку за тоа дека соновите се одраз на нашите чувства и потреби, мислам верувам до некаде ама мислам дека соновите имаат некое друго подлабоко значење. Не викам дека се пораки од Бог или нешто слично, туку нешто друго поврзано со хороскопот, асторологијата и таа наука. Зашто јас и онака сум скептична за Господ, дали постои.. Сепак, ти распрашај се по некоја баба што знае да толкува сонови. Се надевам дека барем малку помогнав. Извини за рефератов.. :*
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Виножитке проблеми се тоа, бременост= тежина, некој проблем, несизвесност, потешкотија. Веројатно нешто поврзано со поблиското семејство. Ако си била трудна со машко демек на добро се ќе се решело, а ако е женско значи ќе се помачиш да ги решиш проблемите :)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.065
    Пол:
    Женски
    Уф, мислам дека беше женско(пошто го видов :wasntme: )
    Знам дека нешто не е на арно... Утре се јавувам на другаркава за сонов, почна да ме мачи веќе...
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Бев на плажа облечена по купаќи и одозгора едно џемперче лилаво што си го имам... а времето не беше баш за на плажа...
     
  16. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    200
    Ај помош, за другарка ми е вчера што сонувала, па ме напна цел ден за ова ме замара. :@
    Сонувала дека била на доктор(гинеколог) и и кажале дека е трудна и го гледала бебето на ехо, ама уште немала меше? Се чудела како може да е трудна зошто имала добиено. Со дечко и се свршиле после тоа им кажале на нејзините и тој се преселил кај нив. Во сонот немало свадба, значи само свршувачка :?:
     
  17. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Aј кажете ми што значат соновиве :) првиов сонував како некој куфер ми стигнал од Mк и сум чекала нешто од мама да ми пуштит,ама внатре немало ништо само 2 кошули темно сини,и кај едно патентче имало пудинзи,супи во кеси и јас многу сум се натажила :rofl: вториов сонував како некој тип во одело ме следи,знаел се за мене,ми пуштал нонстоп пораки како демек те гледам што правиш,и во сонов бев толку исплашена од него и трчав низ канализации и после ја видов мама и таа го избрка ]:) :D ајде срекичка кажи што значат,и за баге знали истото :lol:
     
  18. S-A-N-D-R-A

    S-A-N-D-R-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    А јас постојано сонувам дека брзам некаде, ама некако ми се отежнува движењето, некако ко одвај да чекорам, а зад мене е обавезно некој.
    Или па ми се случува да сонувам неколку пати исти сон.

    Дали некој може да ги протолкува моите сонови?

    Благодарам однапред :)
     
  19. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Тоа што сонуваш дека брзаш некаде е некој терет кој го имаш и сакаш брзо да се решиш од него. Отежнувањето во движењето е стравот дека нема да можеш да се ослободиш од тој терет или проблем. Викаат дека кога во сонот ти е отежнато движењето или трчањето нозете ти се умотани во ќебето па затоа самиот мозок прави илузија дека не можеш да се движиш. Сонувањето или повторувањето на еден ист сон е нормално, на секого му се случува. Но мислам дека иако ти мислиш дека тој сон е ист, сепак има некои варијации кои се доволно мали за да не ги забележиш. :)
     
  20. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    383
    Значи сонувам дека идам во непозната куќа кај една пријателка( познаничка) не блиска особа , куќата е стара и нема зидови ( не знам таква куќа )и таму кај неа еден куп народ, луѓе и мали деца секој на своја страна....и седнуваме ние на маса она пушта тв...а на маса расфрлани пари ( денари, динари, евра долари ) и ја ја прашувам од кај ти се толку пари и тоа во пепаљара она ништо не одговара и почнувам да ги бројам да ги средувам...и гледам 5000 динари и викам ова фалсификат се :^) и ги бројам еврата све по 20 евра и една 20ка додека таа не ме гледа си ставам во џеб :$ И после си продолжуаме да си правиме муабет и пошто има многу луѓе јас со некој непознат дечко многу добар си продолжувам да си правам муабет а не го знам кој е во сонот ни вака никогаш го немам видено ...и се договараме да идеме јас другарката и уште некое девојче дечкото да идеме во продавница....јас почнувам да барам патики зашто сум у папучи, дечкото е цело време со мене како сенка...идам од една соба во друга иако све се види и куќата е отворена и без зидови идам и во вц мијам раце и се откажувам од потрага и ппоаѓам во папучки а надвор рашљакано се....и таму надвор не чекаат друагарката уште едно девојче и две три деца...и идеме ние двајца...улицата е како кај дечко ми во реалност ама пак не е таа улица и некој почнува да ме вика на име и слушам познат глас....а цело време се смејам и како кроз магла го слушам моето име...застанувам и пак ме вика некој се вртам и гледам сестра му и мајка му на дечко ми како седат во близина на некое школ,о на здче....и застанувам и сестра му ( која инаку треба да се врати од странство) ми вика ејј дојди да се видиме и ја почнувам да трчам накај неа солзи ми идат на лице.... :worried: и кога одеднаш ја проаѓам ливадата цела зелена што личи на парк...и како на угорнина го гледам дечко ми двапати и тоа едниот иде накај мене порано како што изгледаше он со долга коса а другиот от страна истотака дечко ми само како што изгледа сега среден со кратка коса и се вртам накај сегашниот со солзи во очи му поѓам да го гушнам и он ме оттргнува и ја доаѓам до него веќе плачам и му викам те молам гушни ме само да се смирам да не идам ваква и следно што се сеќавам како поѓам од залет да го удрам и викам Нее!! и така се разбудив со тоа Неее!! на глас...
    Ее сега заспав околу 5 сат сега е 7 и нешто поминато време откако пишувам и се осеќам нспиена...ај ве молам некој ако знае што ми значи сонов ( чуден ми е ) мора да значи нешто ! :*