одпосле дознав дека тоа ми бил поклонот за нова година - но за жал се разделивме околу 3 месеца претходно
Синојка сонував многу неповрзани работи (неповрзани можеби бидејки не се сеќавам на целиот сон, само се присетувам на одредени моменти од сонот). Се сеќавам дека сонував како кај нас дома, во шпоретот за дрва, доле, во фиоката од шпоретот што служи за чување на дрва, како отварам за да ставам дрва во шпоретот но како одеднаш забележувам пламен на левиот горен ќош од фиоката, а до него има дрва но на нив не им е ништо, се обидувам да го изгаснам, и почнувам да паничам и да викам по моите, и моите ми викаат како не е ништо страшно, самиот ќе се изгасне..... Потоа се сеќавам како прифаќам да започнам врска со еден многу симпатичен дечко, кој душата ја дава за мене, ми угодува за се, многу е добар спрема мене, ме докажува колку му значам и ме сака....прави буквално се што секоја девојка би посакала од дечко и . Исто така цело време ме опсипува по бакнежи и на уста и по цело тело, но јас никако да го бакнам ни да го допрам (иначе да потенцирам немавме ништо повеќе од неговите бакнежи бидејки јас го одбив а на него во тој момент не му станува сеедно но сепак ме гушнува ). Јас како за фала му приредувам да одма за кратко време во прва прилика се смирувам со бившиот мој (во реалноста тоа е дечкото со кој бев подолго во врска, а пред извесен период он ми се налути за глупости на мене и затоа прекинавме-а кој сеуште премногу го сакам ). Во сонот тој другиот дечко знаеше за моите чувства кон бившиот и дека може никогаш нема да го засакам него-но ме прифати и под тој услов. Само што се смирив со бившиот му пишувам порака или му се јавувам-не се сеќавам баш, но мислам му пишувам смс дека сум се смирила со бившиот, дека ми било мило што го запознав па за во иднина дека никогаш не се знае, може ако не биде нешто со бившиов би му се вратила...он не ми одговара ништо на тоа....понатака не се сеќавам на секој детал но знам дека јас постојано, секоја минута ја поминувам со бившиот, преубаво ми е и многу сум радосна што сме повторно заедно, а додека тој другиот постојано бара прилика да се појави пред нас,но јас се правам како да не го познавам а мојов бивши не знае дека сум имала нешто со него во меѓувреме....а додека тој другиот никако да се одкаже од мене и се труди да излезе некое недоразбирање меѓу мене и бившиот мој со кој се смиривме, за да може повторно да бидам со него...и ако се сеќавам убаво на крај избива некоја кавга помеѓу тој другиот дечко и мојов бивши заради нешто што ке направи тој другиот......... Може сонов нема никакво значење, да, сеуште посакувам да се смирам со бившиот, но мора да потенцирам дека одкако раскинавме никогаш до сега не сум помислила да излезам со ниеден друг, не сум ни посакала.........:giggle:giggleatos
сонував дека носам бел краток фустан и невестински вел. не бев невеста но се спремав за на свадба да одам. читав на фемина соновник, невеста е тешка болест. свеста ми зеде... а вчера зборувавме за свадби и невести.. некој да протумачи... :/
не се работи овде за никаква болест.Си го сонувалаова затоа што преку ден сте зборувале за невести обично го сонуваме она што ни се случило во екот на денот.... не грижисе
колешка на мајка ми ме сонувала како сум имала кратка фризура и сум била посебно убава,,,сум останала бремена но девојчето што сум го родила сум го дала на посвојување и сум станала учителка...после неколку години девојчето пораснало и отишло кај колешката на мајка ми да ја замоли да ја донесе кај мене ....ме нашле во некоја шума како со моите ученици се шетам и ме викнала да ми каже дека еве керка ми сака да ме зашознае,..но јас сум им рекла да не ми се доближуваат бидејки ке се распаднам од мака и болка...но тие не ме послушале и почнале да ми се приближуваат , па јас сум се склопчила како топче и сум станала прах... тетка ми пак ме сонувала како со сопругот требало да поминеме низ некоја матна вода и сме ја поминале... дали знае некој што значат овие сонови затоа што ми стана чудно што баш мене ме соунувале, ај тетка ми внука сум и , но колешката на мајка ми не ме има видено година време...
Два дена по ред сонувам смрт на непознати луѓе. Прво сонував како умрел некој и после кога го отварале ковчегот човекот рече -Аман бре луѓе ќе се угушев ако не ме отворевте. Второ сонував некој непознат дечко и ми вика дека неговите починале. Што би требало да значи?
Последно време сонувам демони ,личности кои ги познавам како се претвораат во демони и саккат да ми ја земат душата. И тоа делува толку реално што чувсвувам како давам максимум од себе за да се придвижам и со последните сили ја кажувам Оче наш и тогаш демонот бега. Ваљда е производ на децениското гледање исклучиво хорори....Или грижа на совеста... Подетални информации?
Сонував духови. Поточно мајками ми кажуваше како да видам дали има духови, требало да се замавне со рака во некоја соба и тие ќе се појават.Мене не ми било страв си ги наоѓав им прев муабет и еден од нив ме изнервира и јас го удрив со нешто. После сме биле кај тетками и кога сум одела во веце многу ми било страв замавнував со раката и никој не се појавуваше ја викнав мајками и ми рече не се плаши ме одведе до огледалото јас цела се тресев и се разбудив здрвена, како парализирана неможев да мрдам. Што би значело ова? Инаку не се плашам од вакви сонови ни па се плашам од духови и сл. ствари
Кои глупости ги сонувам јас,не е можно, се е неповрзано,еднаш сум ваму после на друго место, а луѓето што ги сонувам-посебна приказна,некогаш Рушен ке ми дојде на сон, некогаш некој што го знам и така,во главно глупави и празни соништа.
Дали знае некој од вас што значи сонов........ Сонувам како стојам во дворот на едни комшии, и гледам друга комшика како од нивниот двор собира трева, во рацете насобрала поголема количина и како тргнала накај нас за да ја однесе тревата на нашите зајчиња (во секојдневниот живот јас дома чувам 2 бели зајчиња-од украсните, што не растат). Потоа, како одеднаш се наоѓам кај некоја куќа со пластични олуци и како ги одмрзнувам олуците и го бутам мразот, и како последниот олук кога се отпушти со вода ми ги наполни нозете до колена и наеднаш се свртев и видов една голема четвртаста кошница, а над неа уште една помала округла платнена кошница. Во големата кошница како во еден ќош се стуткале 2 бели зајачиња, а на другиот ќош уште едно бело зајче, и сите три биле исплашени (иначе ние дома чуваме само 2 бели зајачиња), а во кошницата над нив некаква птица што колка во округлата кошница над нив што беше. Јас тргам накај нив со цел да ги спасам зајчињата да не ги повреди и нив иако сум целата мокра од водата од олукот. Во тој момент наеднаш птицата одлетува со кеса со алишта фатени на клунот (значи во кошницата над зајчињата каде што колкала птицата имало кеса со алишта, но во сонот тоа не можев да го видам се додека птицата не одлета со се кесата алишта).
Сонував како колата во која што сме јас и брат ми има сообраќајка, и како сите други успеваме да се спасиме освен он, но јас неможам никако да го прифатам тоа и како го кревам во раце за да трчам накај болница и како одеднаш брат ми ми прозборува и сфакјам дека иако тоа му се последните сили и е во многу критична состојба сепак не е мртов и почнувам да трчам да барам некоја помош додека другите со нас веќе се одкажаа од него и надежта да се спаси....и така се разбудив....целата препотена од претрпениот страв и не знам што се деси со брат ми....иначе во сонот сите плачеа, особено јас.... Што би значело ова?
Сонував дека сум била во бутик и сум пробувала венчаница.Знае некој што значи? Барав на соновник ама нема за венчаница
Лелее токму и јас исто се сонив во едно кратко слатко фустанче(исто такво имав пробувано во бутик бело,ама ми го продадоаи од што толку ми се бендиса почнав да го сонувам..ама пак одамна беше тоа незнам зошто баш пак во тоа се сонив)На сонот беше црвено по боја,незнам што би можело да значи Потоа се сонив како силно залетана трчам (незнам од каде и зошто) и кога се акнав со главата во еден ѕид,после се држев за глава цело време и бев грозна на челото.Сето ова во една вечер го сонив..лелее глупости сето Еднаш пак се отепав од плачење во сон(сега брзо беше и овај) и кога се разбудив целата облеана во солзи бев..сонував како мојот професор по англиски(И ТОА ПО МОЈОТ ОМИЛЕН ПРЕДМЕТ ШТО НАЈМНОГУ ГО САКАМ )и ми вели професоров: LadyInTheDark идиш на полагање имаш единица..Лелее скренав,како е тоа можно!се дретскав од клупи од плачење и кога се разбудив целата во пот и солзи.
ете и јас се сонував така и ми пишуваше дека ќе се разболам и грип ме фати... на Дормео соновник читам сонови.... и јас се преплашив кога прочитав...
Сoнувaв кaкo ме гризе куче и ме гaли сo шепaтa пo рaкa и пoсле се рaзбудив вo др сoн и вo тoј сoн Мaјкa ми ме гребкaше сo нoктите пo рaкa и ме рaзбуди дa јaдaм(инaче гo oсетив тoa гризењетo и гребкaњетo пo рaкa).Сестрa ми ми викa будење вo др сoн знaчелo декa немa дa ми се oствaри зaмисленaтa желбa,некoј друг дa не имa другo oбјaснувaње?