Ја нокеска сонував како сум дремела на пц и сум гледала листата кој ден се полага еден предмет и коа видов дека на најтешкиот предмет сум си го пропуштила рокот се разбудив 13,01,2015срека и покрај толкава паника мене ми текна дека го полагав и оценка си земав ухх
Луѓе, што значи да сонуваш како ти паѓа преден заб? Во соновник пишува предзнак за смрт на блиска личност. Има некој сонувано вакво нешто?
Сонував маче,овде пишува дека ќе станам жртва на измама.И сонував како сум се тепала со едно девојче,овде пишува тоа значи дека ме очекуваат тешки времиња.
Јaс еднaш сoнувaв кaкo ми се крши зaб некoи викaaт aкo те бoли зaбoт вo сoн смртa ќе биде нa некoјa блискa личнoст a aкo не те бoли нa некoј дaлечен рoднинa,пoзнaник и сл...Јaс oдкoгa гo сoнувaв тoј сoн(не ме бoлеше зaбoт вo сoнoт)дoјдoв нa Феминa дa видaм штo знaчи и гледaм умрелa Џoaн Риверс...
Ја сонував мајката на мојот бивш дечко...како мајка му и татко му ме одминуваат со кола, ме здогледуваат и застануваат. Излегуваат од кола и мајка му доаѓа накај мене и ми зборува нешто како на мојот бивш не му бил сеедно што не сме заедно, не можел ни да спие од што му недостасувам и како во контекст јас да бидам таа што ке се потруди да се смириме иако се поминати 4 месеца, а јас на тоа и одговарам дека неможам повеќе да го молам,а он да ми држи инат, дека доволно до сега направив за да ја спасам нашата врска, а сега он е на ред доколку навистина му значам...........само на овој дел од сонот се сеќавам, иначе ни сум ја видела, ни сум размислувала на мајка му веќе долго време па да кажам дека подсвесно на тоа што сум размислувала тие денови, тоа да сум го сонувала......... Што би можело ова да значи?
Утрово сонував прекрасен краток сон во кој бишиот го галев по глава , што значи тоа ? тој не само што ми е бивши туку и љубов голема , утешете ме нешто
Тоа значи дека ти недостига бившиот и во исто време и твоја голема љубов.Жалам што морам да ти го кажам ова,но не треба да се надеваш дека ќе бидете повторно заедно,ако морало да заврши,завршило.Не се замарај,сепак се работи само за обичен сон поврзан со потсвесното кај тебе.Живеј си го животот и гледај само напред храбро кон иднината!
Во последно време многу сонувам и тоа многу реално ги доживувам, некои успевам да ги запамтам, а некои не... Пред неколку дена сонував како цел живот сум се занимавала со модерен балет. Вежбав одредена точка за настап, и просторијата каде што танцував всушност беше старата дневна пред да ја реновираме куќава. Собата беше речиси празна, ја имаше само фотељата од старата гарнитура, подот не беше чист, затоа што претходно имало некаква забава таму. Јас додека вежбав од страна ме гледаше некој непознат постар човек за кој на почетокот мислев дека сака нешто лошо да ми направи, меѓутоа не му обрнував внимание и си продолжив со танц. Како проаѓаше времето тој ми се приближуваше и стануваше се помлад и помлад. На крајот беше дечко од 20тина години и заедно почнавме да танцуваме. Имаше доста страст меѓу нас, проба да ме баци, но се тргнав бидејќи чувствував дека тукушто сум го запознала и сакав да го запознаам подобро... Вечерва сонував како поминував по мојата улица, одев некаде... Темно беше, на тротоарот беа паркирани повеќе коли. Додека одев по тротоарот се наоѓав измеѓу две коли, а од спроти се појави повторно непознат дечко облечен во црно, воопшто не можев да му го видам лицето. Одеше многу убрзано, кога се разминувавме само ме сврте и ме прободе два пати со нож во долниот десен дел од стомакот, не многу длабоко. Паднав измеѓу колите и изгубив свест. Се освестував неколку пати испаничена, бунцав, препотена. Проаѓаа многу коли по улицата но никој не можеше да ме примети. Ја тргнав блузата и се допрев со раката по раната, си ја видов крвта на раката и собрав некако сила да се приближам до улицата. Некој ме примети, а јас повторно изгубив свест и по некое време се разбудив во болница. Повторно си ја видов раната. Докторите по некое време ме пуштија и ми дадоа некаква маст и апчиња. Потоа ми се плеткаа слики со луѓе што ги познавам и во реалноста и ме прашуваа како сум, дали ми е подобро и дали оздравувам.
http://kurir.mk/magazin/zanimlivost...buni-svetot---dali-ste-go-sonuvale-ovoj-covek Да не го има некоја од вас сонувано ликов од портретов? Хаха,интересна работа
Синојка сонував многу измешани работи....сонував како сум во близина на некоја црква, како таму е и мојот бивш дечко но немаме некој меѓусебен контакт. Одеднаш се наоѓаме јас и он во црквата, и гледам како во едниот кјош од црквата има многу гробови но само земјата и крст на гробовите, без споменик и како 2-3 луѓе ги вадат сите крстови еден по еден и ги оставаат на еден куп за одпосле да пуштеле вода и да го преплавеле тој дел, како тоа да било обичај за задушница. Се сеќавам само дека бившиов мој се обидува да се смири со мене, и како јас малце му укажувам дека сум му лута. Одеднаш се гледам јас со него гушната во ливадата позади црквата,сме се смириле, и како одеднаш пука зидот од црквата што граници со ливадата каде што стоиме гушнати и од таму надоаѓа силен бран на вода која не носи мене и него. Водата е многу брза и разбранета и ги преплавува сите. Но во секој случај ние остануваме живи иако ми требаше малку време додека да го најдам него зошто водата не имаше разделено на различни страни и мислам дека немаше жртви. Што би можело ова да значи?
Барав во соновници но не најдов ништо конкретно за моиве сонови(нова сум инаку ) дали некој ке може да ми објасни што значи тоа секоја вечер да ја сонуваш саканата личност (инаку не сме во врска). Значи една недела со ред секоја вечер го сонувам ама баш секоја... Првиот сон ми беше : 1) Сме оделе јас и мојата другарка некаде кога од назат некој ме фатил и кога се свртив тоа беше тој, па заедно продолживме. Сон 2) Исто така јас и другарка ми седевме така на едно место па дојде тој и ми рече сакаш да танцуваме и јас да му реков и така танцувавме без музика.. Сон 3) Седев со еден другар потпрени на велосипед па дојде тој и се поздравивме и јас се свртив да го бакнам уште еднаш и тој ме фати за врат ме повлече и ме бакна некаде околку устава Ама јас се свртив и заминав па тој трчаше по мене и ме фати за рака и така одевме фатени за рака но по некое време ми се налути и јас го прашав зошто и ми рече затоа што не ме бакна прѓеска Сон 4) Сонував дека сме биле на училиште и зборуваше нешто со една моја другарка на која инаку сум љубоморна бидејќи си го имаат муабетот на јаве Сон 5) Сонував дека седел со моја нај другарка и правеле нешто муабет тој ја закачаше нешто и јас си пукнав од љубомора во сонот на другите сонови не се сеќавам .. Инаку со ова детево во живо едвај здраво имам.. Затоа ве молам ако имате некое толкување или објаснување за соновиве или ако знаете што значи да го сонуваш подолго саканиот ве молам кажете ми.Фала однапредinlove:
Spored mene sonot ti kazuva golema teskotija i razocaruvanje koe ke go prebrodis nakrajot se ke bide dobro
Kolku sto znam po sebe da ja sonuvas sakanata licnost na tvojot nacin znaci vozvratena ljubov istoto ova go procitav toa i vo veciti kalendar
Јас сонував како мајка ми родила близнаци, машко и женско, многу бевме среќни поради тоа и ги држевме, јас се чудев како ќе биде да имам брат и сестра 23 год. помали, потоа му ѕвонам на дечко ми да му кажам дека мајка ми се породила и тој ми вели дека и мајка му се породила исто со близнаци, во ист ден само не знам какви беа неговите.Многу чуден сон, што може да значи?