Dragi moi feminki koj tolkuvate sonista ajde eve eden son vo princip retko sonuvam no nokva mi bese morbiden sonuvav kako cekam avtobus . Do mene imalo malo dete nesto pravelo i jas sum go iskarala deteto zaminalo no vtoriot pat pak is to i jas pak sum go iskarala toa od strav se strcalo preku uluca i go udrilo kola strasna bese gletkata deteto ne mrdase jas samo kazav ne sum kriva nisto ne mu napraviv nakraj samo se prefrli sonot deka sum razbrala deka deteto prezivealo sto bi mozelo da znaci
Јас искрено да ви кажам ептен амаа ептен ретко сонувам нешто, но она што го сонував во вторникот вечерта кон среда беше чудно а воедно и ме исплаши. Си легнав рано затоа што минатата вечер бев со 2 саати спиење нешто ич не ме фаќаше сон. Кога велам рано мислам на 7 часот и си го направив алармот за сабајле за 6 и до тогаш не планирав да се разбудам. Едниот телефон ми стои до перницата а другиот пошто е на допир ми стои на масата. Се будам околу 12 и нешто вода ми се пиеше станувам пиев вода, јуфки имаше јадев малку и пак легнав. Се вртев може добри 2 саати до 2 саат не ме фати сон пак, не сум навикната толку рано да легнувам. Си играв игрички, на фб, музика слушав на слушалки и сум заспала едно време. По незнам колку време дали беше сон или што ми вибрира тој телефон под перница што ми е, (а додека спијам не се јавувам на телефон, освен ако е мајка ми )и сега колку што се сеќавам како да сакав да исклучам да го игнорирам повикот, но по грешка стиснав на другото копче и се јавив така сонлива и слушам како некој ми зборува од другата страна разбуди се, разбуди се и вика по мене исклучив и пак го вратив телефонот на истото место. По некое време го зедов телефонот одам во повици го гледам бројот 076 300 и не се сеќавам натаму. По некое време пак се освестувам и осеќам ми го нема јорганот. А колку и да е топло јас неможам да спијам без покривка се ежам фаќам со раката да не сум го избутала го нема, се подигам гледам сум го изритала со нозете само што го зедов се покрив некој ме фаќа за врат и ме стиска а креветите ни се како Г буквата и брат ми спиеше веднаш до мене на другиот кревет. Зборувам јас викам по брат ми не се слушам самата себе, не се слуша тоа што го зборувам. И тоа што ме даваше како да ми ги читаше мислите пошто најмногу мразам кога ме допираат по косата или лицето ги тргна рацете од вратот и почна да ми го фаќа лицето со едната рака а со другата рака косата. Татко ми беше 3 смена, мајка ми спиеше во спална. Помислив требаше до мама да си легнам и слушам глас не оди таму и неа ќе ја повредам. И тоа е последното на што се сеќавам. Мајка ми излегува во 5 и 10 на работа јас треба да станам во 6. се разбудив сама во 6 и 29 минути а требаше алармот кој е доста гласен и ѕвони без прекин по 1000 пати додека не го исклучам да ми ѕвони ем пет аларми правам еден во 6, друг во 6 и една минута и така. Се разбудив во 6 и 29 минути гледам сите 5 аларми исклучени, а не се сеќавам да ѕвонеле (???). Незнам што би можело да значи, и кажувам на мајка ми таа ми вика пак си гледала некој филм што нема врска.
Сонував како сме заглавиле во Словенија со мојата фамилија и фамилијата на тетка ми едино брат ми бил дома во мк. и сега сме барале карти за назад во мк и еден човек ни помогнал.Додека средувале за картите јас потрчав по братучетка ми зошто одеше во морето, а за тоа време човекот што ни помогна нашо само една карта и моите се согласиле јас да патувам, а мене ништо не ми кажаа.Потоа сите се сместивме во авионот фамилијарно и пред да полетаме, татко ми ми ги даде картите ми објасни како треба се и сите излегоа од авионот, мислев дека пак ќе се качат ама авионот збрмче и сватив дека само јас патувам, потоа почнав да гледам низ прозорчето тажно, а на патот стоеа тие и ме гледаа и наеднаш другарками седа до мене, и реков дека нема карта да излезе ама авионот полета и така се разбудив + авионот полетуваше од на улица, а не од на писта Кога станав бев цела здрвена и ме болеше глава, зошто кога полетуваше авионот мене почна да ме боли глава во сонот, изгледа како полетувал јас сака сум ја забивала главата во дрвото од креветот
@Minnie 1 мене ми изгледа дека има некоја пречка помеѓу тебе и личноста поради којашто плачеш,можеби сте скарани,па затоа не може да ти пријде.А,веројатно и се кае поради тоа.Пробај да се смирите ако е тоа можно.
ах бре.. со овие соништа лоши мака си иам јас феминки..Пред некој ден сонував лош сон ептен лош.. Да почнам.. Нешто као со мене да се дешавало како да ми напраил некој нешто лоша магија или незнам такви ствари па сум побарала помош од црквата со моите родители..И почнува вака..Се враќам јас од кај братучетка ми и идам по улица, и само што стигнав пред мојата порта (пошо живеам во куќа) и влегувам внатре во дворот.. шо ке видам наредени калуѓерки со свеќи до нив (малечки онакви округлести). Една калуѓерка па свеќа..и се така околу куќата.Само шо влегов во дворот и паднав на колена на првата калуѓерка пошо неа сум ја знаела по некоја случајност и и викам дај помогни ми зашто мене вака ми се дешава ова што е проблемот со мене, и калуѓерката ми вика на мене: Ви реков бе девојче да не ги прекрстувате, ви реков сега се 440.. и се разбудив..Станав и останав запрепастена..Ако знае некоја феминка да ми објасни шо е како со сонов..страв ме фаќа искрено..Поздрав
Дали некој знае што значи често на сон да ја сонувате личноста која ви се допага како ви се насмевнува, иако не сме во контакт?
Имaлo цигaнкa,сите бегaле oд неa, тaa мнoгу мaгии фрлaлa. Јaс сум oделa нaкaј дoмa и еднa кoмшивкa сретнaв пo пaт и јa видoвме цигaнкaтa.пoчнaaвме дa бегaме и oттидoвме вo мaaлскиoт дуќaн тaму беше гужвa и и рекoв нa прoдaвaчкaтa дa ме сoкрие зaд фрижидерoт,ме сoкру. Излегoв дa си oдaм и се пoјaви цигaнкaтa и еднo девoјче ме фaти зa зaдник,тoa билo знaк декa имaлaa мaгијa oд цигaнкaтa. И јaс сум пoчнaлa де пoбрзo дa oдaм нaкaј дoмa и се сум велеле: верувaм вo Бoг и сo срцетo и душaтa. Сум пристигнaлa дooмa и не знaм штo се случи пoнaтaму oсвен мaјкa ми беше нa врaтa. Некoе тoлкувaње?
Јас сонував огρомна ливада со лалиња жолти и цρвени, се шетав низ нив и бев многу исполнета и сρеќна во сонот, знае неκој што значат?
Ноќеска сонував како јас и една жена кршевме чаши и одеднаш видов дека имам крв на нозете и на раната (на која што сум оперирана) и многу ме болеше барав помош од луѓе и ја добив меѓутоа како одев кон амбулантното возило тоа се повеќе се одалечуваше и одеднаш здогледав еден човек албанец кој вака ме вознемирува а на сонот ми помогна што значи тоа?
Да сонуваш како кршиш чаша значи дека те гризе совеста поради некоја постапка или недоволно се почитуваш себеси а крв да сонуваш значи дека ќе дознаеш некоја вистина која долго се криела од тебе или ќе ти се исполни некоја одамнешна желба. А за албанецот значи дека ќе избегнеш некоја непријатна ситуација
Што би значело ова....телефонски разговор за смирување (он ми се јавув да дојдам кај него), ми приредил романтицен ручек, а воедно со прстен ме бара за жена, но јас ништо не огдоварам, но многу сум срекна и радосна.....т.е. и двајцата сме многу весели што повторно сме заедно........ фала
kolku shto znam,ako si radosna vo sonot na jave kje bidesh tazhna..znachi ako vo sonot si se smeela na jave kje plachesh..
Веќе 3 или 4 пат сонувам еден исти сон.Како преминувам преку некоја голема река и потоа преку друга и пак се враќам назад и така некогаш сум сама а некој пат со некои другари и брат ми.Значи ова го сонувам неколку пати веќе,дали знае некој што може да значи?
Преминување на бистра, чиста река е убаво, значи надминуваш некој грижи-проблеми,но повторно им се навраќаш (брат) непотребни грижи, но другарите во сон...највероватно некој ти го мати паметот и сака да те доведе до некој непријатни настани. Мое толкување
Sinoka sonuvav eden son od koj cela den mir nemam..Jas sum spiela i naednas od stomakot pocnalo krv da mi teci premnogu se isplasiv plus i bremena sum.Minatiot pat koga bev bremena isto sonuvav slicen son i posle 4-5 dena imav spontan..Dali nekoj znae sto znaci?
@MilaP Мила не треба да се грижиш. Не е убаво да сонуваш како плукаш крв, крв од уста и, нечиста крв...сопствената крв има и убави значења (ако сте во исчекување за некоја добивка конечно ќе добиете,или некој долгови ќе ви бидат одплатени) спиење во сон е благосостојба. Убав ти е сонот, уживај во бременоста и со лесно