девојки јас пак сонував дека се мажам,си го носев невестинскиот фустан во кеса,со се венчето и барав во една кука накит да ми дадат,една жена ми даде гердан,ама едниот ми беше мал,а другиот точен што значи сонов?ја прашав на тетка ми за сонов,таа ми вели да не си трудна?
сонував црква, поп, и чад имало внатре, требало да влеземе ама не не пуштиле заради чадот и пред црква имало едно мало убаво девојченце што ми се насмеало...
фала ти, баш и не се потресов кога го сонувава онака , не се исплашив или нешто ама сега кога ми текна како језиво ми е некако ама не беше страшно фалааа
знае ли некој што значи да бидеш убиена со пиштол.сонував како некој ме убил ,пукал во мене три пати со пиштол и јас сум починала....не осетив никаква болка
Сонував како мужето ме напуштило, ми летнало со авион некаде, појма немам каде, а како до мене се наоѓа екс дечкото, кој му велам дека сум трудна да се тргни од мене сама ќе си го гледам детето, тој ми вели не, јас ќе го гледам како да е мое. И ми рекол ајде фрли ги тие бурми, да одиме ние да си купиме наши. А јас пустата никако не сум сакала да ја фрлам мојата бурма (а и на мужето бурмата била во мене).
Вака сега птвиот сон: куфер е тежина и плус ќе се засрамиш за нешто, а и дека кошулата е темна, нема да се осеќаш баш пријатно. За вториот сон исто сум слушнала дека не е доборо да сонуваш човек во одело, а тоа со мајка ти значи дека за некоја работа треба добро да размислиш, пред да започнеш.
И јас знам дека гол човек значи болест. Инаку, јас сонував дека умрел татко ми. Сонов беше премногу реален. А мајак ми се спакувала и рече дека ќе оди да шета по светот, и така тука веќе ништо не ја држело... Ужасен, ужасен сон.
Завчера сонував краток сон. Сум прочитала кај него на фб на статус - married и во себе сум почуствувала голема тага и ми доаѓало да заплачам, ама не заплакав туку во себе си плачев.. рикав. И после исто во себе сум си рекла, ах, па што мислев јас? Јас сум само едно мало девојче, а он е голем, еве веќе му дошло време за женење.. па што си мислев воопшто јас? Леле.. што значи ова?!
Сонував како на писмената по математика (која сеуште не ни е дадена) сум извадила 36 поени - а тоа било 3 (убаво се сеќавам). Кога сум отишла дома сум ја ставила писмената под тепихот. Сум требало после тоа да препишам некои задачки од неа и кога сум ја ставила на масата и сум почнала да пишувам во тетратката, а татко ми ме видел и само ме прашал -Ова твојата писмена ли е? Ти ли извади тројка?-
Завчера сонував како сум била во мојата соба, гола ама до половина и сум се гледала на прозорците ( беа со спуштени ролетни ) и градите ми биле цели спуштени и стриите ми биле ептен изразити и долги. И многу ми биле розеви и црвени. И на крајот наеднаш како да се појавиле стрелки. И во себе многу сум се нервирала и ми идело да заплачам што ми станале таквии... Уау. После сонував како мајка ми ми викала за едно дете од мое одделение да не сум го сакала, дека тој бил многу лош и дека не бил добар за мене и цело време била лута и ме карала. А јас колку што памтам воопшто и не сум го сакала. После сум и покажала слика од клас и викам на кој мислиш и вика на овој. И ја сум и рекла лееле, па овој не е Филип, овој е! И она рекла ааа, даа.. Овој сон мислам по вторпат го сонувам Што би можело да значат соновиве?!
Ноќеска сонував еден сон што ногу ме стави у мисла.Бев во продавница за накит имаше злато и бежутерија.И сеа со дечко ми како да работи таму бираме златен прстен како демек кога ќе сум се мажела таков да ми земал.Гледав три така огромни беа со цветови на нив ама беа прекрасни и го пробам на раката и кога го вадам станува како од тенок материјал некој и се превиткува и јас велам леле ако го скршам нема да го платам.И сеа како мајка ми во продавницата и влегува некој и таа ми вели земи го телефонот ѕвони на полиција и јас одам го фрлам телефонот во река имало од мостот и се фрлам по него да го ловам и пливам низ реката а таа плитка ама брзна и го однела мобилнот.И влегувам да и кажам и внатре луѓе,храна и се мислам како да и кажам и се будам.Што значи ако знае некој да ми каже.Прстенот и златото милам дека ми имаат кажувано било свадба или бременост