Јас сонував чуден сон..прв пат сонувам..вакво нешто. Сум зборувала со една другарка од клас по телефон и она ми кажала дека раскинала со дечко и. ...(???) Јас редовно и ги гледам и лајкувам сликите на инстаграм , има слики со дечко и на одмор..и таа ми се јавила и ми го кажала тоа.. Јас сум и рекла дека ми е жал и да не зборуваме на таа тема.. Што ли значи ова?
Сонував како сум се мажела и на денот на свадбата ништо не било како треба, дури ни венчаницата не била добро сошиена па сум облекла обично бело фустанче. Не дошле ни гости многу, мајка ми ни поканите не ги однела. Цело време сум се нервирала, а го видов и лицето на младоженецот. Незнам што би можело да значи оваа...
Девојки сонував како ме гризнал глушец не беше мал ..мојата мачка си играла со него ама мене ме гризнал многу силно што на сонов одвај моите ми го оделија од ногата. Што би значело ?? Ај ве молам ако некој знаее
Forever18 ma makedonski sonovnik sonovnik vidi pid bukvata "Г" ke ti napishev ali mnogu e za pishuvanje.
дали некој може да ми го каже значењето на овој сон си седиме дома и наеднаш се одлучуваме да заминеме се пакуваме но мајка ми татко ми и брат ми се набрзина и излегуваат ја земаат и мојата малечка сестра. Тие заминуваат а јас останувам и викам по нив да ме почекаат а тие продолжуваат наеднаш се вртат кон мене а јас трчам но никако не можам да ги стигнам наеднаш зад мене се станува црно а нанапреед како што моите одат (односно стојат свртени кон мене во место но некако се движат) станува светло а зад мене е темно.Темнината не ме фати јас и избегав но наеднаш се почнува да се руши но не паѓа на мене се одбива како од некое заштитно поле кое е многу светло и ми вели трчај маријана трчај јас избегав и наеднаш се разбудив дали некој може да ми го каже значењето на овој сон потојано ме измачува и самата помисла на него ме плаши ве молам помофнете ми
сонував како ноќе викам такси за да одам школо и во таксито е мојата непријателка.. таксистот не допре кај болницата, излегов и видов голем огномет се радував ама таксистот дојде по мене и развикан ми рече - врати се назад, не е огномет, туку пукање - војна е.. многу страшен беше сонот
Marija vo eden son cel zivot si go videla -Neprijatelkata e odmazda, -Taksi ke napreduvas vo deloven plan , -Vojna kavga , -Bolnica napredok vo zivotot , -Ognomet ubava idnina....
Хахахах мајка ми ме насмеа.Му го кажувам сонот што го сонив вчера.Мајка ми ми купила тесни фармерки сега како шо се носат без јас да знам и да ги пробам.Јас сум се налутила и се испокарав со мајка ми на сонот.Отидов да го барам дуќанот низ Широк Сокак,го нема,читам на фармерките бутикот,си реков ајде во стоковната Јавор ќе одам.Таму го најдов дуќанот и му ги вратив фармерките.И на таа продавачката му викам уште еднаш мајка ми ако дојде овде да ми купува фармерки без јас да ги видам или пробам да не му продавате.И ми ги врати парите.Ми врати 1500 денари.Со тие пари отидов да си купам патики. И сега ко му го раскажав сонот,мајка ми ми вели дека дечко ќе сум фатела....абе каква смеа ме фати
Јас многу чусен сон сонив. Приквечерина беше. Прво бев во моето основно училиште со најдобриот другар, девојка му и една другарка(Марија). Зборувавме нешто не се сеќавам што и после со Марија отидовме да кипиме нешто. Откога купивме отидовме до мојата населба. На Марија и се слоши и поврати. И потоа отиде да чека автобус на постојка(за во село), а јас отидов во продавница да купам сок, и сретнав една друга другарка(Ангела), ама продавницата беше затворена и и викам на Ангела да дојде со мене до родавницата од карши, ама не сакаше и се скаравме, а јас отидов сама. После се качив во авобусот се Марија, но неа не ја видов внатре. Кога ми текна дека не требаше и јас да одам му реков на возачот да застане. Се симнав и се најдов во едно село- Волино. Се симнаа уште две девојчиња Кристина и Вики. Вики ми покажа кон една куќа и ми рече дека тука живеела една моја другарка (Адрријана), но се преселила. Јас ја прашав кога има следен автобус и ми вика во 4 сабајле, ама имало некои ѓупци што возеле камион и тие ќе ме донеселе. И дојде камионот и јас се качив и тие ме однесоа дома. Кога стигнавме му се заблагодарив на возачот и го бакнав на образ. И после тргнав кон моето уличе и вивов чад. Почнав да трчам и пред мојата куќа имаше темно син шатор. Дојдов поблиску и видов дека поткровјето гори. Ја прашав мајка ми дали викна пожарна и ми вика да, пред 20 минути. Потоа ја барав мачката моја и не можев да ја најдам.. И комшиката ја бараше и од нигде-никаде излезе мачката. Потоа го земав телефонот од мајка ми и се јавив на пожарна и им се дерев зошто уште не стигнале. И се разбудив...