Ја сонував кај нас дома смрта беше облечена во црно исто како на филмовите и мајками лежаше на креветот блиску и јас сум рекла господ нека не чува и смрта рекла добро сега ја оставам но подоцна ќе се вратам и си замина... дури и сега кога го пишувам ова се наежив цел ден мислам на тоа знае ли некој што значење има ?
сонував дека сум била во охрид. заедно со другарка ми и брат ми. наеднаш се враќаме и јас забележав дека брат ми го нема и почнуваме да го бараме, а тој си заминал пеш со плачење за дома и јас почнав да плачам. зедов такси и одам одам а него нигде го нема и наеднаш слушам помош, и отидов а таму имаше вода почнав да барам во водата и плачам уште толку но како да знам дека брат ми е удавен. многу се плашам нешто лошо да не му се случи ве молам помогнете ми феминки
не мора да значи доколу се како стари луѓе со бела брада или жена во бело тогаш се светци во мојот случај испадаа дека бил демон но после светец ме заштити ти кажувам од искуство
Што значи да бидете невеста на сон ? Јас бев ама не сакав да се мажам, плачев, и сакав да избегам а и грдо бев направена.
Sonuvav kako prvo cekam na pesacki semafor za da pominam pa vrnalo is um nosela cador,vlegov vo pekara i mi dadoa ostatoci,izleguvajki od pekara sfativ deka imam dva cadori,eden rozev i eden crn,sto moze da znaci?
Што значи да сонуваш дека некој те убива со пиштол?Значи истиот сон го сонувам неколку години наназад.Не гледам кој ме убива само знам дека ми пука во глава и тоа многу ме боли, а потоа сваќам дека сум жива.....
Еден одреден период ме мачат некои мисли и вака пред некој ден сосем случајно си открив една песна која совршено се вклопува во мојава ситуација и ја сонував. Сум била кај една другарка и таму имало свирачи и почнале да ја свират таа песна. Знам банално е ама јас си го сфатив тоа како знак. Плус песната каква е... Сосем логично и така да си сфатам.
Сонував дека се наоѓам во една соба и сум се борела со црна мачка за да ја извадам од собата, но таа повторно се враќаше, па сум ја фатила за вратот и ме гризнала, но на крајот успеав да ја извадам надвор, а потоа дојде и полиција да ми помогне...ве молам знае ли некој да ми каже што значи ова???
Ај некој што знае да толкува нека ми напише што може да значат соновиве затоа што многу се трипам и се нервирам кога сонувам такви работи за кои што некој некогаш ми кажал дека означувале лоши работи... Верувам во сонови зошто многупати ми претскажале нешто само што не сум го сфатила значењето на време. Пред некој ден сонував како на брзинка ме облекле у невестински фустан кој воопшто не ми се допаѓал и ми правеле свадба ко на брзинка, никој ништо не ме прашал, сме оделе да бараме црква каде да се венчаме. Сме отишле во една голема црква (незнам која) и внатре имало многу невести кои чекале на ред за да се венчаат, за нас немало место и сме си отишле да бараме друга црква. Јас сум ги терала да одиме, ајде да одиме во Св. Петка таму сигурно има место, но веќе било доцна и сме морале да се упатиме кон ресторанот, таму имало веселба, јас сум плачела и сум викала дека несакам во тој ресторан сакам во Палас . Сме се налутиле со дечко ми и не сме отишле на веселбата сме си седнале на кафе во Тренд бе. Иначе матичарот требал да дојде на плоштад, цел плоштад бил нареден со клупи за седење. Сонов до душа и малку комичен, али ми е језиво ова со невестите и црквата. Вчера сонувам како сум го изгубила вереничкот прстен, нигде не сум можела да го најдам, низ цел сон ко у паника го барам, а сестра ми ми дава друг прстен и ме убедува дека тој е мојот, а не е, прстенот е скроз различен. На сонот дечко ми убил човек додека ме чекал да види дали прстенот ми е на рака, а јас у паника го барам неможам да го најдам. Отворив фемина соновников што да видам, се нешто лошо значи и баш лошо се чувствувам поради соновиве...
зза тоа што си плачела ќе ти се случо нешто убаво а за тоа што си сакал во св. петка мислам дека треба да одиш таму да запалиш свеќа за здравје а за другото нзм точно што значи
Доколку некој знае да ги протолкува овие сонови, цел ден се нервирам и мислам. Јас сум бремена, 9 месец сум, во саботата една роднина ме сонувала како седам, а подзади мене стои жена во бело и ги држи рацете над мојата глава, во неделата една пријателка на мајка ми сонувала како јас и таа сме биле во болница, јас не сум била бремена туку пријателката на мајка ми била, и се приближила жена во бело и рекла дека да биде спремно се до недела, а од понеделник да си чека во секој момент дека ќе се породи. Денес јас попладнево сум дремнала и сонувам како сите заби ми испаднале и јас сум се гледала во огледало и сум плачела зошто ми испаѓале забите, а мајка ми ме тешела да не плачам и да не се нервирам дека вештачки ќе ставеме. Леле незнаете колку се нервирам сите сонови се ден за ден сонувани значи сабота, недела и денес понеделник, денес е празник плус, многу ми е страв да не ни се случи нешто на мене или на бебето
жената во бело е богородица и таа те заштитува тебе у бебенцето. и во другиот сон е исто таа е со вас и ве заштитува, за тоа дека си плачела ќе ти се деси нешто убаво исто мислам и за забите (не држи ме за збор) нема потреба од грижа само за забите не сум сигурна иначе да знаеш дека богородица е со тебе и те заштитува
Завчера ја сонував мојата покојна баба. Во сонот, требаше да идем накај тетка ми, и оти живее накај планина повеќе, идам јас идам , и одеднаш се изгубив. Надвор се темно, и одеднаш се најдов во планина, и си идев по угорницата незнаејќи каде терав, се изгубив. Кома идев напред, се повисоко и повисоко се искачував, сакав да се вратам назад дома, ама позади немаше пат, само напред беше тој. Одеднаш мојата покојна баба, излезе од куќата нејзина и нешто ми рече (првпат ја сонувам), така нешто, не ми текнува што, оти секако не ја разбрав, а плус и плачеше. Откако ми кажа тоа, не можев да продолжам напред, само се свртев назад и го видов патот за дома, и си тргнав накај дома. Така се разбудив Доколку знае некој што значи сонов, бар приближно значење, нека ми каже Благодарам
тоа да, знам и ја, ама дали е добро или нешто лошо? читав на соновников на фемина што е, доколку зборуваш со мртовец значи несреќа во семејството, па затоа и прашав овде дали има некој подруго толкување.