Abe lugjenca daj pomagajte Cela nok sonuvam nekoi jezivi raboti So edna drugarka vo isto vreme i komsivka ni kazale deka na edno mesto ne daleku od nas ima zakopano pari. I sega jas i ona gi barame i na prvoto mesto kade sto pobarav gi naogjam no pred da gi vidam gledam okce znaete od onie plavite so belko potoa gi sobiram parite no ne gi zemam jas tuku i gi davam na drugarka mi. Si odam doma i gledam deka gori kukjata od ednata strana i ja budam majka mi ja otvoram vratata da si zemam vozduh no se gusam od dimot do tuka i se razbudiv Se izv za latinicata
Пред некој ден мајка ми ми кажа дека кој сум се родила јас на сон и се појавила некоја баба и рекла да се викам Марија мајка ми си рекла ајде глупости и следната ноќ и се појавила Богородица и исто рекла да се викам Марија и ме крстиле така. Сеа многу ме интересира зошто така било,многу сум љубопитна ако некој знае нешто нека пише . Многу мислат дека не е вистина ова ама не знам зошто жената би ме лажела.
Девојки, сонував дека непозната жена во години ми ѕвонела на врата да се кара во врска со мајка ми нешто...таква и е работата на мајка ми, со странки, па секакви луѓе доаѓаат... Жената дојде да се кара нешто во врска со тоа... И после тоа дечко ми дошол и требало да одиме негде, ама куферот му бил в подрум... и сме ја оставиле вратата од дома отворена на 3 минути и кога сме се вратиле сме виделе дека лаптопот ми е украден... Што би можело да значи?
Sonuvav deka devojkata na mojot bifsi bila bremena i pred poroduvanjeto go izgubila bebeto.Sto znaci ako znaete?
цела недела го сонувам мојот бивш вереник и сегашната негова жена.значи нема ноќ да помине тие двајца да не ми се моткаат во сонот.ама само на два од тие се сеќавам по нешто повеќе.едниот е како јас да одам кај него дома а тука собрани неговите и женаму и јас се осеќав вишак и сакав да си заминам,ама тој не ме оставаше,јас да станам да заминам тој пред мене ќе се испречеше и не ме оставаше а ништо муабет не ми правеше ме гледаше луто цело време.од една страна не ме остава да си одам,,а од друга страна пак не ми збореше лут. другиот сон беше вчера исто како со него да сме оделе во некое село а еден постар човек ама пијаница пред нас одеше а темница беше. јас му бегав и истчав пред него,а после као во сонов гледам и се дере на сегашната жена и ја брка од дома .имаше уште ама не се сеќавам баш.можеби има некое значење ,а можеби и ми се појави во сон дека скоро ја видов неговата мајка и застанавме да правиме муабет и очигледно жената не се слага со снаауште и е тешко што ние двајца се разделивме тој с еожени јас си се омажив.можеби што беше без причина разделбата и незнам од кои причини не се смиривме се против беше ,и знам дека од негова страна уште има чувства иако е оженет (сам си призна)па можда од тие муабети и во сон ми се појавува.иако од моја страна нема кон него никакви чувства освен лутина.
Маjками го сонувала моjот бивш сопруг и свекрвата,рече дека поминувале таму и jа виделе како стои сама ,виделе и отпушоци и си рекле дека се случува нешто отишле ja прашале таа не одговорила ништо и си продолжиле, понатаму виделе свадба ,тоа бил бив сопруг со нова жена невеста многу убава била со долга коса црна а тоj во костум многу убав бил, биле срекни играле пееле. ( па си помислив зошто денес го сонувала ,сношти ми се jави да му честита на дедоми слава и со мене разговор па керката ja виде,и ми спомна не сум го поканила jас само кажав кога се слави сите се дoбредоjдени и евентуално ако посака да доjди да повели на ручек ,а зошто го сонувала маjками незнам и jас се чудам,можеби е само сон или пак незнам можеби ке се жени ,можеби е само сон незнам)
Сонував дека стоев пред една црква сакав да запалам свеќа видов една како гори и одеднаш се најдов на пазар ја барав црквата неможев да ја најдам и одеднаш се најдов во супер маркет што значи ова?
Што значи јајце во сон? Не сум сонувала до сега , читав и соновник али да прашам и тука Другарка (која моментално е трудна и брзо се омажи) ми даде варено јајце и јас го скршив на пола ( така требало) и внатре беше бело цело , сварено и немаше жолчка. И кога го видов јајцето внатре бев пресреќна и многу се радував
Јас сабајле сонував како ми паднале два заба,третиот и понатаму некој друг дали катник незнам,и еден друг како се скршил,и сите во рака ми паднаа.Уф,многу се исплашив.Тоа значи смрт или тешка болест на некој подалечен или близок,кажете ако знаете.
Скршен заб на сон може да значи смрт на некој близок роднина ако е пропратено со болки и со крв,а ако нема болки тогаш смрт на некој познајник,ако се повеќе заби смрт на повеќе луѓе,не мора веднаш,може и по повеќе месеци,ова од лично искуство го кажувам.А,може да значи и некоја несреќа или болест.Јас,сепак,мислам дека не треба да се замараш бидејќи некогаш соновите можат да бидат само рефлексија на подсвесното,а не некое претскажување за иднината.Исто и ако имаш расипани заби може истите што си ги сонувала и во реалноста подоцна да ти се искршат,исто и ова од лично искуство ти го кажувам.
Јас да си кажам еден многу смешен сон што го сонував пред некое време. Имено, го сонував Крсте Петков Мисирков и тој имал две јајца (I know what you're thinking) кокошкини, а тие на некој си начин биле симболот на македонскиот јазик. Едното од тие двете ми го дал мене да го чувам, јас го чував како очите свои и на крај го треснав и го пукнав малку настрана. Некако го камуфлирав пукнатото, ама потоа К.П.М. го фрли второто јајце по ескалатор и тоа пусто сол стана. И тоа ескалаторот не беше обичен, беше ескалаторот за трети кат во Глобал, струмичани ќе знаат. Замислете сонов да има некое прикриено значење, како да го уништуваме јазикот ни наш, го кршиме и пукаме, а Крсте се превртува в гроб. Шчо напаифме...
сум сонувала језиво нешто ...како сум добила менс ама како цела тениска топка да ми паднало и сум ја зела и гледам една грутка како тениска топка и една како пинг понг топче сврзани со тенка врвца...и сум си помислила дали сум зачнала па сум абортирала...и почнале прашања во главата зошто не се врзало зошто сум го исфрлила..и после со сопругот седиме а тој донел енда кутија со змиички мали и тие ме апнале на раката а тој упорно ем знае дека имам голема фобија од зммии упроно ми давал една да ја фатам....се разбудив без воздух и испплашена....
Aj da prijavam son ... majkami me sonuvala mi poklonila dve ripcinja vo akvarium .... sto mislite ...nekoe tolkuvanje
Денес сонував како јас си шетам на тесна уличка меѓу згради ноќе било.. сум била сама,и одпозади сум слушнала глас ,,Ќе видиш ти Кимберли"" изгледа човекот беше уличар,никаков,ама доволно беше да се разбудам и едно пола саат само да гледам околу мене,страв ме фати. Што значи ова?
Сонував како наместо женски полов орган сум имала машки п.о. Чудно го глеав во сонот, т.е заедно со мајка ми сме го глеале.Имав ерекција, и малце како да ме болеше. Навистина чуден сон. Има некое значење ?
Сонував како сакав да заклучам врата, се обидов три пати со клучот но вратата никако не се затвораше, остануваше подотворена. Знаел ли некој какво значење има овој сон?